Од понеделник до петок на Сител во 19:45 се емитува нова љубовна серија "Солзите на Џенет". Главен лик е убавата Џенет Јилмаз, која била напуштена од мајка и како бебе, а за неа се грижела баба и Мукадес. Џенет се борела храбро во животот и стигнала до последната година на студии по архитектура, работи напорно за да го заврши факултетот и да се вработи за да и помогне на баба и. На денот на дипломирање нејзината другарка Мелиса ја запознава со мајка и Арзу која и нуди работа во една престижна компанија.Џенет ја прифаќа понудата и почнува со работа, а таму го сретнува другарот од детство Селим и се вљубуваат. Мелиса ќе се обиде да ја спречи нивната врска бидејќи и таа е вљубена во Селим, а нејзина подршка ќе биде мајката на Џенет. Серијата всушност започнува кога Арзу ќе го види белегот на грбот на Џенет... Дали вие почнавте да ја гледате серијава и како ви се допаѓа? Јас ја гледав на реклами, ама се сфатив. Ми се допаѓа кога децата што се оставени од родителите се борат сами во животот и стануваат 100пати подобри од родителите.
Уште една серија од редот на уништените тажаленки, како секоја втора Серија со многу добар почеток, уништено продолжение и урнебесно лош крај Серијава ја гледав на нет кога одеше во турција, ама НЕ БИ МУ ЈА ПРЕПОРАЧАЛ НИКОМУ!!!
Аман зарем до толку е лоша? Ваљда не е до толку забегана како "Сестри". И колку епизоди има, се надевам нема 100 години да трае.
Тежок крај,ама не е потполно лош.Мајката и ќерките ќе се обединат. @ohlalalala 36.Нашиве секако малку ќе ја растегнат.
Не е работата дека трагичен крај ќе има Работата е дека после се што ќе се ислучува, крајот е глуп Плус, цело време вртат во круг Серијава е глупа, одвај ја догледав Сестри е светлосни години подобра
Спојлер Кога ќе дознае Џенет дека мајка и на Мелиса и е и нејзе мајка? Ќе и помага ли во работата мајка и?
Спојлер: Спојлер Има уште многу, цело време ќе вртат во круг Арзу де ќе биде од кај Џенет, де против неа за да не се открие вистината. SPOILER]
Спојлер Гледав последната епизода мајката ќе биде со двете ќерки, ќе бидат киднапирани и затоа ќе го убијат таткото на Џанет за да се ослободат девојките, 36 епизоди има јас само почнувам и не гледам редовно ни една ама ме интересираше крајот затоа гледав. Во последната епизода ќе биде свадата на Џанет и оној архитектот како се вика, а сестра и ќе биде сама и ќе се запознае со еден гостин,пејач на свадбата и така ќе завриши. Нивната мајка веројатно ќе биде добра на крајот и ќе се смири со нејзината мајка односно бабата која ја одгледа Џанет.
Некој нека ми објасни зошто Асуман ја оставила Џенет? Кој е таткото на Џенет? И чива мајка е бабата со која живее Џенет?
Од кај ти е Асуман? Џавидан е старото име на Арзу,мајката на Џенет. Како што тврди,ја оставила оти сакала подобар живот. Бабата е мајка на таткото на Џенет,колку што сфатив.
Леле од каде ми дојде Асуман , За Арзу мислев. А кој и е татко на Џенет и како Арзу успеала да влезе во таа фамилија, зошто свекорот толку ја подржува. И што и е на Арзу таткото на Селим, така мислам се викаше тој што ја сака ЏЕНЕТ, и ги знае на Арзу сите тајни.