Нема врска веќе сценариото, прават некои невкусни заплети само да привлечат внимание во серијава. Требаше одамна да заврши. Како па во едно семејство толку проблеми. Едниот син, другиот син, па децата- се екстремни работи. Не е реално толку проблеми, аман, па и Господ одозгора гледа, не им дава до толку маки на луѓето, колку што ние сами си правиме.
да да и зејнеп е бремена ке имала близнаци таа,но ке го чувала и детето на Ајше ,богами ѓупска работа
Мајка и ќерка во исто време бремени..абе ајде..ѓупска работа...која случајност..а остај мајка и ќерка па и бившата е бремена во исто време... Муса во исто време и татко и дедо ќе стане...
Не можам само да скапирам, овој “психото“ стварно ли ја сака толку Дерија? Кој е вашиот впечаток? Мене дечково почна на Ромео да ми личи. Запнал со татко и се расправа, ееееее мажиште. Тоа го прави од што не е со сите или ...? (ова не можам да го дешифрирам) Инаку серијава за друштво ја гледам веќе, да не сте сами . Па и Гонџево и овој дечково си направија дете, и дечково во филм се стави одма татко, фамилија. Ај сега не се враќало у живот на деца? Муса нели ја оставил Зејнеп (каква е таква е сега), ама жена му била, ја оставил, сама го гледала детето. И сега судбина на ќерка му уште полоша. А колку жени други Муса оставил што не се прикажани, ехеееееј. Затоа мајка се треси цели време да не направи нешто лошо у живот, после децава си праштат.
Зејнеп нема да има близнаци ќе роди машко. Гонџа ќе го изгуби детето, ама на крајот на серијата пак ќе биде бремена и ќе роди девојче.
Спојлер Зејнеп е бремена ама нема да има близнаци туку ке роди машко дете а Ајше ке роди женско и ке умре па Зејнеп ке ги чува и двете. А Гонџа сега ова ке го изгуби и подоцна ке роди друго дете. А Мехмет ке се ожени со друга и таа ке му роди близнаци.
Ааааааа судбината на Ајше ме натажи . Како па толку болести ја навјасаа? Ама таа и кога беше со Муса од почетокот си беше така некако занесен лик, си носи некои “остатоци“ (бубачки) од детство, така некако ми мириса, ама овде не се прикажува. А овј Ромето, види го ти него, на вечера го викнаа .
Ајше ми е за почит. Навистина, реално гледајте. На почетокот, кога беа заедно со Муса, таа беше жртва. Овој се глупираше и и се упикуваше на Зејнеп, а Ајше, со право, сакаше да си го задржи тоа што е нејзино.А на Муса му требало време, простор, што уште не и Ајше пак го прифати и му угоди на секој начин. Гонџа - м*чла, на 17 години остана трудна и зборува за морални вредности. Ајше, преку толку предизвици и проблеми помина, закачи рак, затрудне и има сеуште некоја надеж во себе. Овие двеве Зејнепчето и Гонџата, лигли, лиглосани. Спојлер Се внесов ептен ама вакви турски серии(безвезни) неможам да поднесам веќе. Ok, Holly, everything is gonna be alright.
Ајше ми е идол.И баш она ќе почине.Ќе се напраи каша после воопшто нема да биде интересно за гледање.Зејнеп трудна,Гонџа трудна.Све трудници незнам како у гинис не влегле. А,и овој Муса ми е тотален идиот.Се он не е крив,за се има оправдување.Па уште и он ќе биде саркастичен за Али и Мехмет.Мочко. Зејнеп се она наивна се она добра а всушност по подла од неа нема.Без разлика што Муса ја изневерил она не требаше да ја крие Гонџа. А,и онаа Гонџа се нешто паметна е она и соли памет а,трудна на 17 остана. Се на се простаци се цело семејство.
Овој Исмаил (жабата, така го викам) е психопат невиден. А онаа Дерија, глупава ли е, не знам што и е, се однесува како Исмаил да е последен на светот. Зејнеп и Гонџа не можам да ги поднесам, се надевам не сум единствена. Продаваат лажен морал, а појма немаат што е тоа. А Ајше ја обожавам!
Дерија колку е глупа значи не ми се верува. Не можам да ја истрпам, колку ме само нервира... Ќе си отиде, па ќе се врати, па пак ќе си отиде. А ова со бремениве жени во серијава..... Турците многу мајстори бе, браво