Ова ти се зафркаваш? И да, серијава на турски е Annem, а тоа во превод значи Мајка. Но, нели имавме една серија Мајка, ако се сеќавате, па изгледа затоа сега оваа се вика Солзите на мојата ќерка.
Всушност “Annem“ значи “Мојата мајка“ или “ Мајками “ а само “Anne“ значи “Мајка“. Што значи ако сакале можеле да ја крстат “Мојата мајка“, ама ете, на ниедна серија не и го ставија вистинското име. Истото важи и за “Наследството на ѓоспоѓицата“ што всушност се вика “ Малата дама “.
Ај Ајше беше пијана, ама Муса...... Муса џентлмен, да и удоволи на Ајше за последен пат И што “онадуење“ ке беше.....од еднаш и одма трудна
Многу мајстор овој Муса. Не, значи не можам да го поднесам. Па и без мака и’ се јавува на Зејнеп, како ништо да не било и’ прави муабет. Идиот.
И што е најтрагично, кога ке рзбере Зејнеп од кого е трудна Ајше ке му се налути и ке му врзе шамар.А неговото објаснување за тоа е : Ама знаеш, ние тогаш не бевме договорени дека ке ми се вратиш и ке живееме зедно
Добро Ајше е пијана..ама Муса беше трезен...и што овој како што кажале погоре џентлмен се прави да и угоди на Ајше за последен пат... Е како не’ не биле договорени а што беше тоа на вечери ово-оно... Со брат му се иста марка.. Но ја залам мајка им толку добра жена а синовите и се женскари прва класа... а оваа Арзу стварно е добра или така се преправа???
А бе во серииве многу ленсно остануваат трудни. Инаку Спојлер потака и Гонџа ќе затрудни од Башар 28 годишен лечен наркос, и во исто време и Зејнеп од Муса. Хет трик за Муса и дупли татко и дедо ќе стане . Ја не знам слушнале ли бре овие за заштита мајку му !!
Глупава и наивна си Зејнеп и тоа со тапија , како можеш да му простиш на Муса кој веќе 1000000 пати те изневери. Не за џабе рекле тој што еднаш ќе те изневери, повторно ќе те изневери, на таквите не им доаѓа памет во глава.
Не бе овој Муса е катастрофа.Ја незнам со кое лице па ја бара и трча по Зејнеп.Оваа пак му прости.Ужас.А,Гонџа ќе затрудни од овој новиот шо се појави? А,баш сакав да си останат со Ејмен заедно.