Spoiler ке се ожени со Угур, нема да сака да прима хемотерапија заради детето и ке го роди детето и ке умре. Во меѓувреме Муса и Зејнеп се венчани и кога ке се разбере ке се разделат. Бебето прво ке го чува бабата а после Зејнеп ке дознае дека е бремена и пак ке се смират со Муса и она ке се породи и ке ги чуваат двете деца.
Spoiler Да ќе затрудни. Ќе го види еднаш на вечерата кај Фахрије и тогаш ќе сфати дека не го сакала Ејмен и ќе му се скара преку писмо. Ќе почни да се гледа со него ќе оди кај него дома и ќе легнат и ете одма трудна. Муса и Зејнеп нема да и дозволуваат прво да го роди бидејќи е премногу млада и ќе треба да го напушти училиштето и нема да и се остварат соништата но Гонџа ќе сака да го роди и ќе му се спротиставува, па Муса ќе доживее имфаркт, ќе го однесат во болница па одма ќе дојдат новинарите и ќе ја слушнат Гонџа каде што плаче и зборува за детето и одма ќе објават во јавноста дека е трудна. Па Ајше ќе им помогне да се исправи тоа да не се оцрнат во јавноста многу. Иначе Муса ќе даде оставка како министер и на крај ќе попуштат и ќе одлучат Гонџа да го роди детето и да се земат со Башар така мислам се викаше. Па ќе се земат и во истиот ден ќе се мажи и Ајше со директорот, ќе одат на меден месец во Канада и ете сите среќни и весели. Но Гонџа многу тешко се навикнува на тој живот. И недостига училиштето си замислува како и беше таму со Ејмен, не знае да готви и неколку епизоди е тажна и љубоморна дека Бариш дава часови по англиски дома и на девојки. Кутрата Ајше ќе го роди девојчето тоа ќе се вика Масал но ќе умре како што и веќе имаше пишано некоја тука. А Муса и Зејнеп ќе станат досадни тој само ќе трча по неа таа ќе се прави како да не сака да му се смири а со душа го чека тоа. Тој ќе и објаснува дека цело време ја сакал дека во Ајше ја гледал неа дека биле многу слични но тој си ја сакал Зејнеп и малку ќе гушат со тоа. До тука некаде сум стасана со гледање баш сакам да догледам до крај да видам што ќе се случи.
Не ја мирисам многу серијава зашто со продавањево на лажен морал и доброќа ме потсеќа на шпанскине. Зејнеп не ми е ни малку наивна и добричка како што ја претставуваат. Баш ми е отракана, некоја шо со насмевка на лице би те продала сосе гаќи. И ќерка и` исто. Напна, запна и му ја растури врската на татко и`. Ајше па ми е друг муабет. Таа се прави итра, ама на крај нема кој не ја за*ба и/или искористи. Па дури и животот со болеста, кутрата. Мајкава од Муса и остали шутраци ми е омилена. Еј, сите машки ликови-изгубени случаи во тр серии имаат супер мајки.
И јас исто мислам, оваа Ајше изгубена душичка, а сака да се претстави како силна, јака, еманципирана жена, за разлика од Зејнеп кој добро знае што прави. Си настрада (емотивно) кутриот Али полицаецот. Па Зејнеп е во голема предност, таа била прво со Муса, го познава, знае на кое копче да притисне .
А и детето е тука. Нешто што вечно и многу посилно ќе ги спојува, а во ситуацијата, таа им е и сојузник плус во нивно смирување. Не е таа толку наивна што му прости на Муса, си го има убаво напраено есапот.
Епаа не е толку забавно да продаваш ќофтиња на пазар , изгледа ? А плус и ќерката расне. Наградно прашање: ако имаш 45 години и ако можеш да бираш , за кој би се оженила, за полицаец или министер?
хахахаха....Па Зејнеп нема 45 години. Го напуштила факултетот и се омажила за Муса и тогаш нека имала 20 год. После неколку години Муса ја изневерил и го оставила, Гонџа има 17, што би се рекло дека Зејнеп има 37, максимум 40.....Инаку жена на 45 год е во менопауза и малку потешко за раѓање бебе Шала настрана, мислам дека во приказнава Зејнеп не е жена од 45 год.
Spoiler Е после Зејнеп ке разбере дека е трудна и така ке се смират. И Гонџа ке има проблем со овој и ке се разделат еден период и он ке има проблем и ке се лечи од алкохолизам. Кога ке се излечи ке се смират.Гонџа ке почне да пишува книга ,автобиографија на мајка и и книгата се вила како и филмот “Мојата мајка“.Со книгата ке се прослави. Инаку овие другиве, оној психопатот со Дерија ,ке и прави триста проблеми.Дерија ке избега од дома со него и ке ја однесе во некое село од кај што дошол кај некој чичко пошто мајка му и татко му умреле пред 5 години.Ибрахим ке сака да ја врати и на сите ке им каже дека е психопат и дека како мал ја запалил куќата сосе родители и брат затоа што бил љубоморен дека родителите повеке го сакале брат му (што ке испадне дека нема врска)ке ја вратат татко и и мајка и дома а таму ке биде и Муса. Ибрахим и жена му ке се скараат. Ибрахим ке и вика на Зехра дека она и дозволила слобода. А Зехра ке му каже, ти ли најде да збориш. Ти не само што одеше со други жени туку и на Зејнеп и се пушташе. И тогаш он ке и врзе шамар а Муса ке збесне. Ибрахим ке избега од дома.После тоа Ибрахим почнува истата песна, па по жени и со намеара да го утепа Исмаил. Зехра и Дерја се спакуваат и пак се враќаат во хотелот.Еден ден Ибрахим ке се опијани, ке го најде Исмаил и ке пука во него,од таму ке оди кај Зејнеп која е бремена од МУса и во незе ке пука пред очите на Муса и Гонџа и на крај сам ке си пука во глава.И пак на крај Дерја и Исмаил се земаат, Ама свадба ке прават откога Ибрахим ке умре.Ајде гледај, има разни работи... .
Spoiler пусти Ибрахим, не си го заштити девојчето... а девојчето е ... да го плачеш и да не го доизжалиш.
Мене не ми личи баш на 37 овака на изглед, ама не е битно. Зошто бе на 45 г. менопауза? Се е индивидуално. Ја знам жена на 44 си роди дете. И уште една на 40. А една колешка на 42. Па во денешно време жениве помлади изгледаат.Векот на живеење е подолг. Денес помлади изгледаат на 40 г. отколку во време на нашите мајки. Сум читала по литература и до 50 г. можат да раѓаат.
Spoiler Прво ке отиде кај Ибрахим во станот.Тој живее со некој цимер и ке му пука мислам во раката и во нозете. А потоа ке оди во куќичката на Зејнеп,таму се Муса Зејнеп која е трудна и Гонџа,мислам дека е тогаш вратена назад со бебето кога се разделува со Башар. Ке му отворат врата и Муса како што му е лут ке сака да го тепа а овој ке и се обрати на Зејеп дека он уствари не ја мразел туку цело време ја сакал, и се удварал додека му била снашка а Муса бил во војска ама Зејеп го откачувала и криела со години од Муса за да не се тепаат како браќа.Демек лут и бил што не легнала со него и пука во Зејнеп и ја погаѓа во рамото и потоа го става пиштолот на чело и се застрелува пред нивна врата.Мислам дека така беше,одамна го имам гледано, а всушност тоа е тоа.И замисли кога ке се утепа и после погреб неговата гуска Зехра ке припаѓа во несвест а она била веќе мажена со него и всушност сето ова го знаела ама и она ќутела оти ја тепал како магарица.И сеа после погреб припаѓа и Муса и вика ,ај те носам на лекар,не си добро и оваа му се дере, бегај, не сакам да те видам, ништо не сакам од тебе, заради тебе умре мојот маж.Абе глупости !! И покрај се таа нивната гуска Дерија ке се омажи за психото Ибрахим.
Едно глупо прашање , од забава ќе ви поставам, нешто ми текна . Ги гледам во солзите на мојата ќерка , Угур, и во Наследството на г-цата исто така овој потаткото на Умут. Многу ја сакаат жената и поминуваат преку тоа демек, едната е бремена од друг, а другата има веќе дете, и кандисуваат да се со нив пак. Абе како така си викам, не ми е јасно колку ова би било применливо кај нас на Балкан? Сте виделе ли случај кај нас она бремена од друг, а овој трча по неа? Кај нас прво мајка му кога ќе дознае, еден ултиматум ќе му опне, прво ќе го уцени со наследство, после ќе почне по бајачки да оди,...дома нема да го пушти да се врати .