можи некој дами кажи накратко што се случи последно го гледав ко умре суреја и после немав време .. а многу ми е интересен сега сакав пак ама измешано е се
Последниве случувања: -Муса и Зејнеп се венчаа. -Ајше дознава дека има рак и дека е бремена од Муса. -Муса и Зејнеп се скаруваат. -Гонџа му раскинува на Ејмен и стапува во врска со Бариш. -Гонџа е трудна од Бариш.
Злато, Исмаил си најде совршен плен на кој ќе може да го манифестира неговото манијаштво. Ама не е ни малку глуп. Го користи (некогаш и на глас, без Дерја да примети), тоа што таа е повлечено девојче и поради тоа на школо не сакаат да се дружат со неа, да додадам и дека е растена покрај татко гад кој не е помалку насилен. И таа тоа го гледа и се помирува дека тоа е единствениот излез и дека подобра ситуација од таа не постои. Да не зборам дека почнаа врска откако се разделија нејзините. И тоа си има свој удел и прст во работава. И татко и` си има малку вина. Значи, во ваква ситуација, да го караш и да му се дереш некому е сосема погрешна тактика. Да се обидеше, исто како мајка и`, да ја придобие и со убаво да и` укажат, самата да увиди каде и` е поубаво, значи без закани, стопати појасно ќе го видеше лицето на Исмаил. Со викање, со навреди, не се покажува дека е нешто подобар од Исмаил. Искрено, жал ми е за Ибрахим. Има многу полоши луѓе во серијава од него на кои им се простува со лигавење и нашминкани зборови.
Де бре, трагедија направија. Бремена е, не е болна од рак, аман! Разбирам, мала е, ама да му се сневиди, претераа.
Значи оној Исмаил колку ми иде на живци смешен е многууу....како мајмун е у фаца ..орангутан...осмехот до уши му е ..
Ма мислам дека тоа им е целта. Да прикажат дека дете растено во нездрави услови така се однесува. демек татко и цело време ја тепал и ја изневерувал мајка и, и сега незиното поимање за брак е тоа. Дека мажот мора да ја тепа жената а таа да го сака, како незината мајка. Незината мајка ако е нормална , после све што доживаела од Ибрахим во незиниот брак од 20 год, тепање, понижување, швалерисување пред незини очи, таа никога не требаше да му се смири. Спојлер И што е најтрагично кога глупакот ке се самоубие откога ке пука во Ислмаил и Зејнеп , таа ке се утепа од плачење и ке го обвинува Муса за тоа.
Нејзината мајка е ќурката во серијата. А едина работа шо ми се свиѓа кај Ибрахим е што тој (за разлика од Муса) не бара други кривци за неговите грешки. Муса двапати си ја извара жена му, ниеднаш он крив мајката...хипноза шта чеш. Мајка и` нешо многу поголема била кога ја родила. Па шамари фрчат, па ова мити она мити... Toa ти е. Покондирена тиква си е покондирена тиква. Али живи смешки ми беше бабата: „Сите имаат проблеми со снаите, само ја имам проблеми со синовите“ па уште оној па од алапачана мажот и` вика демек a ja шо сум напраил
Муса не е крив колку што е глуп. Или глуп е прикажан. а во целата прича ја ја кривам Зејнеп!! Со кое право криела од него дека има ќерка а на ќерка и и сервирала дека татко и е умрен??? Ја преварил па не заслужил, бре !!! Не ја оправдувам!! И она со Али, што му даде лажна надеж, го сроза човекот. Муса се ожени со Ајше па оваа ајде да се теши со Али, Муса се разведе од Ајше и оваа ссвати дека го сака Муса. Ајде бе. Разведена од него, а цела негова фамилија гз и гаќи!!! Свекрвана па само во турска серија ја има. Толку далдисана по снаите леле мајко. Мислиш ќерки и се. Што мана и најде на Ајше?? Не била Зејнеп. А Зејнеп внуката што ти ја криеше мори гуско една!!!
Мене за Ајше ми е премногу жал. Ама премногу. А Зејнепкава не можам да ја сварам и готово. И за свекрвата се согласувам. Затоа и не ја сакам серијава. Ликовиве креирани толку уфилмано и нереалистично, мислиш шпанска серија. Оној па синот од Урфа и жена му најсимпатични ми се.
Уф а Зејнеп кога и` ја тресна вратата оваа кога дојде да се извини... И ми ја портретираат ко позитивен лик, светица, фуј!!! Фамилијава на Муса сосе Зејнеп ми се типични сељаци.
Леле и јас колку се смеев на ова Ама стварно е така. Инаку бабата ми е циркус, бре ова турските свекрви најправедни испаднаа, ги напаѓаат синовите, ги сакаат снаите...