1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Солзи радосници!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Teff, 23 јануари 2011.

  1. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Нема поубаво чувство од чувството да заплачете од среќа! :wasntme:

    Кој се може да ве натера да заплачете од среќа?!? :)
     
  2. SweetCandy

    SweetCandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    20
    Солзи Радосници!

    И јас мислам Теф дека нема поубаво чувство од тоа да се заплаче од среќа.Во најголем дел од случаите кога тоа ми се случува е по ,,вина" на моето момче :D
     
  3. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Солзи Радосници!

    Така и си мислев. :lol:

    Како што знаат да не натераат да заплачеме од нервоза, знаат да не натераат да заплачеме и од среќа! :rofl:

    Второто е поубаво во секој случај. :$
    Ако имате некој романтичен момент што ви украл некоја солзичка,сакам да го споделиме! :wasntme:

    Еве ќе почнам од себе си.
    Имам плачено од среќа кога дечко ми требаше да си дојде од Америка.. го немав видено од летото,кога го видов бев НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК на планетава.А чувството пред да дојде,кога се во прашање неколку дена возбудата се повеќе се зголемува а кога се во прашање неколку саати мислам дека срцево ќе ми излета од гради :lol: :$ !
    Ии исто така заплакав од среќа кога ми направи мало изненадување,и целата собичка беше со миризливи свеќички ! :$
     
    На budala.sum-pa.sto му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Солзи Радосници!

    Мојата ќеркичка :angel:
    Кога ќе ми текне колку тешко ја донесов на свет и колку пати само ноќе стоев над нејзиното креветче,да ја проверам дали диши.И сега кога ќе ја видам среќна,насмејана, ива,здрава,паметна,секогаш ми поаѓаат солзи радосници на очи.
    На секоја нејзина претстава во градинка, на секоја нејзина воздишка кога ќе ме гушне и ќе каже:мамичко многу те сакам :inlove: :inlove: :inlove:
    Можеби е offtopic , но прашањето беше кој се може да ве расплаче од среќа? :)
     
    На gwen, Bibko, Juicy и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Солзи Радосници!

    Ахх, ме разнежни. :wasntme:

    Коментарот е на место,тоа беше и прашањето.
    Можеби јас згрешив што ја ставив темава во Врски? :^)
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Солзи Радосници!

    солзите радосници знам да ги пуштам често. најголема причина се убавите моменти со моето мажуле. најискрени и навистина облеана во солзи радосници кој непрестануваа беа моментите како романтичната вечера кога ме побара за жена(шок), раѓањето на внука ми. Разговорите кој ги правиме со мажулето на тема свадба, дете и на кого ќе личело како ќе не вика мамо-тато знаат да предизвикаат солзи радосници на моето лице, како и моментите кога сме гушнати а тој од нигде никаде ќе почне да ми кажува колку и зошто ме сака силно да ме гушне и да ми каже дека сум му се на светот.
    ок излегов лигла поради сево ова набројано но навистина ме разнежнуваат пријатни моменти и искрени зборови од некој кој ми значи :$
     
    На ludoto19, budala.sum-pa.sto, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Солзи Радосници!

    Најчесто моето мажуле ми ги предизвикува солзите радосници. Многу често просто од љубов кога го погледнам, солзите сами ми навираат.
    Исто и кога и да правиме заедно муабет за бебулето што е на пат, почнуваат да ми течат солзи од среќа !

    Карак, и јас се разнежувам поради истото !!! И не си лигла (оти ако ти кажам дека си, автоматски и јас би била ) :lol:
     
    На 1209, ludoto19, budala.sum-pa.sto и 5 други им се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Солзи Радосници!

    Солзи радосници. Често ги има на моето лице. Од најмала ситница која можам да ја видам на телевизија или искрена прегратка ... или кога едноставно дома се тече како што треба ... некоја изненадна и преубава порака... неколкуте изненадувања што ми ги приредиле ... Некој романтичен момент од мојата друга половина ...

    Најмногу солзи радосници пролеав претходната година. Мама ме изненади кога рече дека сака мојот роденден и матура да го слави во кафана (Во томче и Софка) со песни какви јас сакам со јадење какво јас сакам со пиење неограничено со се што јас сакам и да не се грижам за прв пат во мојот живот дали и колку пари ке потрошам зашто тие со тато штеделе за тоа од моите мали ноџиња ... Ја славев матурата а воедно и мојот 18ти роденден.
    Неочекувано во 00:00 донесоа торта и и стари и млади и другарки и роднини ми пееа и јас плачев ... не плачев рикав ... од среќа секако... Тука со мене беа сите ... И тој, и фамилијата и најдобрите другарки и другари сите на куп и сите сакаат да те гушнат во тој момент тебе и само тебе. Врежана ми е во срцето цела вечер. Никогаш нема да ја заборавам. Се расплакав и сега... Ахххх ... :angel: :angel: :angel: :angel:
     
    На Aleks96, Bibko, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. SweetCandy

    SweetCandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    20
    Солзи Радосници!

    Па што знам имало доста моменти Тефф.Моментално ми текнува на една вечер кога отидов кај него.И знам дека едно време го снема дур седев во дневна.Кога дојде ме стана,ми ги затвори очите и ме однесе кај него во соба.Целата соба беше со миризливи свеќички,убава музика,и торта срце :) Беше по повод годишнина.Често знае да ме изненадува и да ме расплаче. :inlove: :)
     
    На Teff му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Солзи Радосници!


    И јас се расплакав. :$
    ГОЛЕМА ПЛАЧКА СУМ! :wasntme: :lol:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Солзи Радосници!

    Голема плачка сум....но најубави се солзите радосници тоа е прекрасно чуство на среќа,на задоволност.....најголема причина за моите солзи радосници е мојот дечко тој секогаш умее да ме разнежни и од толку голема среќа и љубов да се расплачам....Плачев кога за полуматурата ја направи целата клупа со цвеќиња и тој ме чекаше со едно преубаво срце на кое пишуваше СЕКОГАШ ЌЕ ТЕ САКАМ (а таа клупа беше првиот наш спомен од првата стредба :rofl: ) :inlove: :inlove:
     
  12. sweetybarby

    sweetybarby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    8
    Солзи Радосници!

    и јас сум голема плачка и многу нешта можат да ме разнежнат и ме разнежнале......
     
  13. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Солзи Радосници!

    Ги имав овие солзи радосници кога се вратив од странство и ја видов мајка ми.Се изгушкавме онака силно,убаво,а солзите на двете ко река ни извираја.
    Исто така дечко ми беше отсутен долго време и сега пред 3 дена се врати и повторно солзите радосници беа на моето лице. Прекрасно е чувството. :)
     
  14. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    Солзи Радосници!

    Имаше солзи радосници кога се веривме со моето најмило..и од моја и од негова страна..прекрасно чувство... :inlove:
     
  15. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Солзи Радосници!

    Кога дознав дека сум бремена
    Кога докторот ми кажам дека е машко бебето во моето меше
    Секој пат кога и да одев на преглед плачев од среќа
    А НАЈМНОГУ СОЛЗИ РАДОСНИЦИ МИ ПРОТЕКОА Кога се породив и кога моето мало ангелче ми го ставија на стомак - гради :inlove: НЕОПИШЛИВО ЧУВСТВО

    За секоја среќа од моите најблиски можат да ми пРотеЧат солзи радосници
    и уште мал милион ситници затоа што сум голема ПЛАЧКА
     
    На Bibko и Teff им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.734
    Солзи Радосници!

    Искрено, ретко ми доаѓаат солзи радосници. Можеби и никогаш не сум имала класични солзи.

    А сум била среќна до точка на полудување. Тотално изгубив контрола над емоциите кога се породив со првото дете. Среќата буквално се граничеше со лудило.

    Понекогаш малку ми се насолзуваат очите при долгоочекуван и страшно добар бакнеж.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Солзи Радосници!

    Многу често знам да пуштам по некоја солза од радост. Многу пати ми се има случено досега, на пр. кога бев 6-то одд. со класот победивме на натпреварот „ Ние, народот - проект, граѓанин“ и кога го прогласија нашето училиште за победник, ем скокавме од среќа ем плачевме, плачев и кога положив за кола, и кога бев првенец на генерација, плачев и летово кога бев на свадба ( малце од жал, малце од среќа), плачам и кога ќе ме изненадат и од ништо-никако ќе ми приредат нешто( особено мајка ми, сестра ми и дечко ми), плачам и кога гледам нешто емотивно на тв и кога нешто силно ќе ме погоди ( зборувам во позитивна смисла).
     
  18. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Солзи Радосници!

    постојано ми течат солзи радосници и кога се смеам сите мислат дека плачам хаха , секој може да ме расплаче од среќа но највеќе им успева тоа на моите најблиски :lol: :rofl: :D
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Солзи Радосници!

    Јас сум Рак во хороскоп, па знам да се расплачам на добра реклама :wasntme:
    Солзите радосници ми се првото нешто што го правам по добра и ептен емотивна прегратка, по предобар секс, по средба со некој кој ми е прираснат за срце. И ги мразам. Изгледам ко дебил, еве последно за НГ, во 00.00 со дечко ми честитајќи си, јас рикав ко несалам. Која глупост, ко небаре крај на светот е! А најредовни ми се по пораѓај на некоја моја блиска особа :wasntme: Толку се радувам на мали бебчиња, чудо едно, секое новородено е ко мое :tmi: :)
     
    На cresa-jagoda, Bibko и IndieGirl им се допаѓа ова.
  20. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Солзи Радосници!

    Ах, прекрасен спој на емоции: радост, возбуда, неверување, благодат!
    Од среќа сум заплакала кога сестра ми ми кажа дека е бремена (се отепав од плачење - бев зашеметена од радост) и исто кога брат ми дојде да ми кажит дека сестрата ни се породила!
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.