Солзи Радосници! Cолзи радосници кога ја видов керка ми,кога ми ја подадоаа после порагај,завиткано в кебенце,кутрото,со очината ме гледаше и во мене си велев ова малово бебе е мое,јас мајка сум сега бев толку исполнета,срекна,и и се јавив на мама да и кажам дека е баба и во истиот момент бебенцево заплака и мама почна да плаче после и јас *********************уште нешто да споделам,на од мажот ми роденден ,иститот ден се роди член во мојата фамилија во Mкд,а јас далеку,и кога ми кажаа неможев ништо да изустам почнаа солзи да ми течат,од срека некако,ама и малку жал што не можев да го видам во истиот момент Oвие две случки посебно ми се имаат случено со солзи радосници,а и ми текнува кога дознав дека сум бремена плачев од срека,незнаев како да реагирам
Солзи Радосници! Искрено и дури читав ми надојдоја солзи... Многу емотивна личност сум по природа,порано за се плачев...а од среќа само два пати се имам расплакано до сега.. 1. Кога го гледав цела вечер 1001 ноќ, на сврувачката од Бену и Керем бидејќи толку многу се пронајдов во нејзиниот лик. 2. Кога ми се јави сега веќе мојот бивши и ми ја пушти ,,НЕ КАНИ МЕ,, нашата песна.. Знам причини ве ми се малку па можам глупи да кажам ама имам само 15 и немам баш некој happy life
Солзи Радосници! Јас нешто посебно емотивна од никогаш не сум била, ама во последно време, како што рече Кате, и на реклами можам да се расплачам (смајлиштосекрсти). Случка од реалниот живот на која се сеќавам дека ме расплакала е венчавката на братучед ми, во црквата и сега за Нова Година се расплакав на фотографиите што ги имаше пратено прва братучеда од татко ми. Живее во Австралија, а фотографиите беа од свадбата и од бебенцето нивно.
Солзи Радосници! Последен пат кога го видов братучед ми после неколку месеци во туѓина.Со душа си го чекав.Не знаев како да реагирам,што од возбуда,што од олеснување,што од среќа...Сонце ми е.Ме научи да се тепам,така што ме кршеше поштено од ќотек и обрнуто ,ме научи дека секогаш е добро да делиш тоа што имаш,така што ме бркаше за да ми го изеде сладоледот,откако неговиот ќе си го кркнење,ме научи да не одам со кретени,така што ми удри една добра чврга кога дозна дека се плеткам со еден муфљуз во средно (не беше лошо детето,беше бубалица со која што учев повремено ),ме научи да не се плеткам со негови другари,ми удри домашен притвор од три дена (да се чудиш),ме научи дека е лошо да се препиеш,тоа беше лекција која не се ни раскажува од што е лоша,ама утрото кога се разбудив ме болеше кичмата и имав температура,ме научи да не се носам кратко и ороспичесто(до душа и сама си знаев) зошто увек погрешно ќе бидам сфатена и никогаш нема да се омажам ( ),ме научи да штедам и да се соочувам со загубата ако пропадне банката,увек ми ги зимаше сите пари под изговор-заем и дека така си заштедувам и никогаш не ми ги врати (е ако де,си знаев,ама жал ми беше,машко и онака добивав вишак од дома кој ми траеше долго колку и да трошев,а башка што на другарки давав кога немаа,па тек па него...пих),ме научи тоа што го знам никогаш да не го споделувам од прва,туку да чекам прав момент,на 5-6 пати го насанкав затоа што ме истепа зошто не сакав да крадам цреши за него (дека помала,а тој магаре и пол),така што го издадов дека пуши,дека се вратил покасно кога имаме излез до 9 и тоа на улица,ме научи затоа дека маж може да се промени од љубов кон жена,да не образложуем нема смисла,ама среќна сум за него итн. И како после да не си плачам од среќа за батето кое толку многу си го сакам!Немаше потреба да образложувам се живо и диво,ама ете сакав,стварно добри работи си научив од него,само што сега јас сум таа што мава чврги и му урла кога греши.
Солзи Радосници! Кога се запишав на факулет,кога си го видов името на списокот ,кога дечко ми се појави со торта на полноќ на мојот роденден и кога ја видов братучетка ми невеста И сега кога помислувам на тие ситуации ми се полнат очите со солзи-радосници
Солзи Радосници! Последен пат... кога доживеав таков брутално перверзен уживачки вриштачки оргазам, после тоа мислам дека се расплакав од среќа. Сериозно пуштив некоја солза.
Солзи Радосници! Емотивец сум, така да често ми се случува кога ќе видам нешто прекрасно да се растреперам и да пуштам по некоја солза. Пред две години бев на модерен балет во изведба на една француска група танчери. Една девојка имаше такво соло, што буквално се растреперив и солзи ми потекоа од толкава убавина. Жими све Последно нешто што се сеќавам дека сум се расплакала од среќа беше кога дипломирав. Имав неверојатно глупав конфликт со една егоцентрична и арогантна професорка на катедрата која во втора година ме исповреѓа на само. Заради склоп на административни околности, ми се истури мене по грешка и ме нарече просечна и сива девојка без која сигурно факултетот ќе преживее. До крајот на студиите знаејќи колку ми е битен нејзиниот предмет за да дипломирам, си ќутев, си траев и секако ги следев нејзините предавања. На денот кога дипломирав, дотичнава отворено и јавно пред сите луѓе призна дека се кае што ме навредила пред неколку години и дека сега гледа колку грешела, бидејќи гледа дека од факултетот си оди една квалитетна и образована личност. Не дишев кога го кажуваше ова. Кога излегов почнав да плачам. Од среќа. Заради тоа што успеав. И заради тоа што мојот труд беше признаен и пофален повеќе отколку што очекував. А не очекував многу - само сакав најнормално да си го завршам факултетот. Другарките кога ме видоа залеана во солзи не сфаќаа што се случило, се исплашија дури. Па уште јас смотаница, ги расплакав сите околу мене, другарките, другарите, родителите. И сите си плачевме од среќа. Групно лигавење, што да ви кажам Ама чуството беше прекрасно, морам да признаам
Солзи Радосници! Ретко плачам од среќа. Веројатно затоа што си ги имам поврзано симболично солзите со тага, па....Но, ми се случува. Последен пат се расплакав кога една моја многу сакана и блиска другарка, запеа. Ама луѓе, тоа не е пеење пеење, тоа е славеј. И трагичното е што таа не сака да се експонира, да дознаат луѓето за нејзниот талент. Ама овојпат кога запеа пред толку луѓе, илјада емоции ми се превртеа во стомакот. Си пуштив некоја солзичка, зошто со гласот и песната ме лупна во гради, а да не зборувм и аплузот што го доби и среќата на нејзното лице. Непроценливо!
Солзи Радосници! Многу сум емотивна, голема плачка Плачам буквално на се, а од среќа на некој фестивал како што е идол, м2, кога некој ќе победи повеќе од него се радувам и плачам, заплакав и на некои горенаведени мислења
Солзи Радосници! Плачка сум и тоа огромна абе на све да се плачело или пак ако не заплачам сигурно ми се насолзени очите На филмови, серии, емисии само да не е тажно нешто си плачам и крај, и тоа сами ми идат солзите ја не сакам дури срамота ми е некој да ме види особено дечко ми он све ми вика и сега ќе плачеш ли? Ме зафркава А солзи радосници ги паметам последниве пред некое време добар оргазам и сами ми течеа по лице како првпат да ми е да доживеам оргазам а не ми е ( овој беше ептен непланирано, неочекувано дури и не сакав да имаме секс целата бев исцрпена од претходниот ама дечко ми ај те молам, стани ма и ја ај што има врска и богами вредеше, добро што ме натера ) Ама стварно добро беше...ма ОДЛИЧНО Е да сега ми текна исто за дечко ми пред некоја година, бевме скарани неколку недели и кога се видовме одма на работа и тогаш плачев од среќа ама за време на секс, многу го осеќав дечко ми, мајк ап секс и по подолго време уф хормони дивеаат Сигурно има и уште некоја случка ама не ми текнува моментално
Солзите ми асоцираат на тага, тежок период, исто како и на Старфиш. Како мала и не можев да разберам како некој може да заплаче од среќа. Сега и не плачам толку многу. Последен пат затреперев и ми наидоа солзи но не заплакав на екскурзија кога ја пееја Сонце за три светови. Другар од клас беше на Идол и со аплауз го бодревме да запее. Кога отвори уста, измешано со алкохолот во мојот стомак дојде до чудна ситуација. Последен пат баш заплакав од среќа на денот кога сестра ми полагаше заклетва на Фармацевтски.
солзи радосници потекоа во моментот кога сестра ми,ми кажа дека е бремена бевме тргнати кон нејзиниот стан на сред улица онака цврсто ја гушнав,поминаа 9 месеци јас бев на распуст таа влезе кај мене во соба а беше рано наутро и онака ме праша нешто а јас во сон и одговорив станувам се спремам се имам договорено со другарките да одиме на базент ќе го земам новчаникот гледам 500 ден по него си реков пак таа го направила тоа секогаш дарежлива бев на базент се враќам минувам од кај зет ми и тој со насмевка ме пречекува а мене се ми беше јасно СТАНАВ ТЕТКА ЗА ПРВ ПАТ ВИСТИНКИИ солзи се тркалаа по моето лице,се договоривме да ги изненадиме мама и тато кои за ова ништо не занаеја дојде 9 часот вечер тие уште незнаат ништо е пред тоа се бевме договориле со зетчето да одиме заедно да ја видиме сеста ми и малите две близначиња ми се јавува тој и ми вели неможев да чекам тргнав сам си велам ако оди барем ти ги види неможев да издржам излегов на терасата и викнам МАМОО МАМООО те молам качи се веднаш а таа кажи што а во дворот имавме гости таа се качи само ја гушнав и и кажав КОНЕЧНО СТАНА ВИСТИНСКА БАБА кога ја погледнав солзи и паднаа и нејзе се стрча кон дворот а јас по нејзе таа се фрли во прегратките на татко ми плачевме од среќа се радувавме во тој момент иде зет ми со колата тититкааа сите се прегрануваме плачее заедно тоа беше нешто толку што ме израдува бев среќна плачев плачев се радував и сега кога ми се врати таа слика во главата и сега плачам од среќа што на овој свет дојдоа две прекрасни дечиња кои ги сакам најмногу на секој нов збор јас се радувам се сеќавам на нивниот прв чекор на нивниот прв збор со мене се секој ден ги сакам најмногу тие ми ги поланат очите и срцево
Бев на приредба кај моето прво внуче(сакам да кажам прво,демек прво се роди,најголемо е ),за кое би се рекло дека заедно израснавме,јас имав 10 години кога се роди. И нон стоп бевме заедно како што растевме јас го чував... Кога почна во училиште го носев,го земав... Бевме на неговата прва приредба,во која целиот клас имаше спремено кореографија и сите дечиња играа на некоја песна.Едноставно кај што го гледав колку пораснал,моето срценце игра таму на бината,ми потекоа вакви солзи радосници. Сега кога ќе ми текне се смеам,ама тогаш ми беше разбирливо А последно вакви солзи...Кога жената на братучед ми (со која сум многу блиска) забремени,откако еднаш го изгуби бебето.
Емотивна сум и често знам да заплачам. Ама од среќа до сега не сум плачела, солзите пред се ме асоцираат на тага, болка, на нешто изгубено. Солзите радосници за мене се непознат поим.
Не сум плачела од среќа (не ги ни имам од што многу плачам заради проблеми, тешки ситуации)...само ми се насолзија очи кога добив поклон за годишница од дечко ми!
До сега немам пуштено солзи радосници. Со оглед на тоа што не сум голема плачка, не плачам ни на тажни работи вака па ич... многу е романтично и нежно, но ете ... или не ми се погодил некој таков момент до сега или сум стварно изрод Сакам да ми се случи нешто толку многу емотивно што ќе ми предизвика солзи радосници, живеам за таков момент
офф се сеќавам на неколку такви моменти ......иако одбегнувам да плачам без разлика дали е за добро или заради лошо последен пат од радос заплакав кога фатив услов за апсолвент
Голема плачка сум, плачам и од тага и од среќа. Последен пат што се сеќавам дека сум заплакала од среќа беше на свадбата на моја прва братучетка: Пред тоа никогаш немав отидено на свадба на некој толку близок и целиот настан со сите адети ме натера за заплачам од среќа. Се надевам истово нема да ми се случи и на мојата свадба, на попот да му заплачам кога ќе кажувам да!