Невидена лигла сум Последен пат ронев солзи радосници додека го разгледував албумов за кученцата спасени од Вардариште http://www.facebook.com/media/set/? set=a.167711969951716.40745.166688476720732 и оваа душа мила http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 8476720732 ПМС е заслужен донекаде...
рикла сум си не викам не за арно за убавоо овде сме од среќа дечко ми со неговите нежни зборови или после некое изненадување а мајка ми ... секогаш кога ќе ми каже СЕ ГОРДЕАМ СО ТЕБЕ ! и како да не плачаммммммммм
Сум плачка.Се расплкувам дури и на крајот на цртан филм. Ама секојдневни ситници за некого може и безначајни ,мене знаат да е трогнат. Кога се продив со син ми,кога го слушнав плачот на бебето. Кога се породив со ќерка ми. Сега кога се поголеми,на приредби,доделување на сведителства и дипломи,како горда мама,заплакувам. Секој успех на моите блиски знае да ме направи среќна и да се расплачам. И некоја убава Спојлер многу ретко,но сепак имало романтична порака од мојот антиромантичен маж,ме расплакува.
Само еднаш имам плачено од среќа и тоа кога моето момче ми напраи огромно срце(низ целата соба).Најсреќна бев тогаш и почнав да плачам од среќа Дури и чудно ми падна хх ...
Ауу, емотивна сум. Еднаш памтам, по 2 години ја видов една другарка, и почнав да плачам, толку што бев среќна што ја видов.
паа долго време го немам направено тоа...но се сеќавам кога братучедми дојде тука после 1год отсуство ради факултетот (премногу сме блиски) и почнав да плачам од што бев среќна дека дојде...
Поголема плачка од мене нема 100%! Си плачам за се'. Не дај боже да ми се развика некој, ем ќе се дерам, ем ќе плачам! Дури и од радост. Моите беа ''цели'' 3 дена во Србија. Кога дојдоа... можете да замислите.
Многу сум емотивна и многу често плачам дури за најмали ситници, плачам кога гледам филм со тажен крај, плачам кога ќе ми се развика некој, а не ево право, ме погодуваат многу тешките зборови, плачам кога че видам нешто што многу ме растажува........во принцип си плачам стално и можам да се наречам GOLEMA плачка
Солзи и солзи радосници е имало во мојот живот.Памтам датуми,години,моменти,река од солзи радосници.Денес ги имаше на моето лице плачев од срека пред колегите мои на работното место добив договор за работа ,унапредување ке зимам плата со високото образование.Солзите сами течат радосна сум посакувам почесто да ги има на моето лице во иднина.
Мислам дека се се почести. Се обидувам да се воздржам, но некако сум немоќна за тоа. Можеби за некој смешно и чудно, но веднаш ми наидуваат солзи кога читам, гледам дека некој е среќен и радосен. Дека е исполнет и како на мене се да се копира. Соочувствувам со нив и мислам дека мене тоа ми се случува, иако може и да се на другата страна на светот. Навистина сум за никаде . А најмногу за одредени личности, кои кога ќе ми пишат по лп, дека се добро и им се случило нешто убаво. Искрено сонце ме грее и солзи ми потекуваат (морам да подвлечам, радосници).
Да најубаво е... Првпат се расплакав од среќа на свадбата на татко ми и жена му, даде прекрасен говор....Сепак чудно ми беше што се расплакав баш тогаш од огромна среќа...
Ова ми се случува се’ почесто и почесто! А главен “виновник’’ е дечко ми! Толку многу ме изненадува, толку многу ме усреќува, немам зборови да го изнафалам! Ете вчера два пати ме изненади, а јас кутрата незнам како да реагирам на изненадувања, на работи што не сум ги планирана однапред, па си се исплакав така убаво од среќа! Се топам покрај него, се топам!!
Мммм..прекрасно чувство.Навистина нема поубаво.Секој кој сака да ме расплаче од среќа прво треба да смисли добра причина.Итоа многу добра.Ако сум премногу среќна безразлика за што се работи,ич не ми е срам да заплачам додека пак кога сум тажна и до некаде срам ми е да се лигавам..
јас сум голема плачка се расплакувам мн лесно..и за добро и за лошо..денеска додека одев на факултет се симнав од трамвај и поминувам улица и гледам како една девојка мои години во инвалидска количка се мачи да ја помине улицата а нели дека има пруга кај што поминува трамвајот и тешко иде со раце да ја туркаш количката и имаше гужва а јас се најдов баш позади нејзе и земав ја фатив количката и и помогнав да помине ја истуркав до патеката за колички и девојчето онака со полни очи солзи ми се заблагодарува и јас се расплачав и земав ја гушнав а не ја ни знам прв пат ја гледам ама мн ми падна жал...
Или ,,ни на мртво плаче ни на живо се смее,, Ако долго време се смеам и наместо да пуштам во гаќичките пуштам некоја солза радосница , али што имаме еден пријател е тој е жива комедија. Полн со емоции и солзи радосници на секое смеење. Буквално ваков е Спојлер по емоционален човек до сега не сум сретнала. Се смее, плаче и блика од емоции