Како мала многу се чудев кога некој плаче од среќа, а и уште неможам да го сватам тоа. Па јас кога сум среќна ми иде да се смеам и да не можам да престанам, ми доаѓа бран од енергија во телото и ми иде да скокам, да трчам, што било, едноставно сум хиперактивна. Ова кога сум премногу среќна....Не сваќам зошто би плачела....Па јас ни кога сум тажна никогаш не плачам, а не па кога сум среќна...
многу патетично звучи али за 5ка математика наставничката па да речам не ссум и најомилена и си учев со денови колку да си се докажам и ни дојде она на класен час и ми го предаде тестот лично и толку се смеев и радував што завршив скроз одлична се смеев едно саат време и ми се насолзија очите патетика сум жива се знае
Ретко сум имала солзи радосници, секогаш плачам кога ми е тешко, а кога сум среќна си имам свои ритуали и сигурно нема да плачам ќе се радувам.
Редовно ми се случува ова. Голема плачка сум. За се и сешто, веднаш ми доаѓаат солзи. Особено за венчавки-да не видам невеста да не се распекмезам
Во најголем дел од случаите кога тоа ми се случува е по ,,вина" на моето момче поубаво чуство од тоа нема....
Пред 2 месецо кога се качив на вага и кога видов колку тежам се расплачив. Се расплачив лани на годишнината на моите кога татко ми пред цела кафан уште еднаш и докажа на мајками колку ја сака. Плачам на вакви моменти многу...
Баш забележав дека во последни неколку месеци повеќе солзи ми доаѓаат од среќа отколку од тага или болка. Не знаев за тоа чувство но сега кога го осетив, стварно е посебно. За тоа се ,,виновни'' некои навистина посебни личности во мојов живот.
Да,јас плачам дури и на емисијата Се за љубов,кога ќе се најдат мајка,татко со децата кој ги изгубиле оддамна А да не зборам за тажни моменти
Радоста е прекрасна емоција, секој различно ја манифестира, некои личности со смеа, некои со солзи радосници.