Зависи што ќе купуваш за 100евра. Ако сакаш некое капутче/јакна, чизми итн, нема многу да изнакупиш.. За фармерки, фустанчиња, џемперчиња и те како можеш дс купиш доста работи.. Ако одиш во приватна режија ќе имаш време за ресторани и кафичи, ако одиш со шопинг туриве тешко Од Теркенлис на плоштад секогаш земам некое благо, Зорба таверна исто во близина на плоштадот има добра храна. Во централниот дел на Солун немам јадено поубаво гиро од тоа на плоштадот - Ο Γύρος της Αριστοτέλους.. Од рестораните Семприко, Ергон Агора и Навона.. Од тие кафичи/лонџ барови најчесто седиме во Трибека, Басилико, Рут 88 чисто ради локацијата... во Парати&Лофт неколку пати.. Фреџио за сладолед дефинитивно..! (Пиши ги имињава на латиница како што ги пишав јас, ќе ти излезат на гугл)
шопинг тура, ама од Велес фала многу, а овој Италијанскиов ресторан шо е одма тука кај Космос, La Pasteria, дали е добра храната ? За цени видов дека имаат пакет.
Го обожавам Солун во Април/Мај, на кафенце покрај море, опуштено..., може и топло чоколадо во кафичите на плоштадот, за ручек добро гиро, а на враќање обавезно шопинг во Космос.
Да препорачате хотелче во близина на центарот, каде би имале бесплатен паркинг а ќе шетаме пешки низ центар?
Во центар скоро и да нема бесплатен паркинг а тие што имаат се по 80тина евра што испаѓа поскапо од хотел од средна класа+паркинг за 24часа.. 15-18 евра за 24 саати секогаш сме плаќале.. Инаку во Ел греко најчесто престојуваме. Солиден е за цената и близината на центарот.
Дали знае некој ПОПУСТИ дали има периодов и до кога траат ? ме интересира за тие ѓо се големите до 70 %
Имаше попусти минатата недела, до 15ти август ми се чини беа, толку завршени се. Не знам кога се следните, поупатен нека каже.
Официјалните попусти се до 15 август ама секогаш има нешто останато непродадено па има попусти уште малку.. Еднодневни шопинг тури за солун има секој викенд т.е секоја сабота, независно од тоа дали има попусти или нема
Сум одела со бисер пром и цонка..цонка ми се чини подобри автобуси праќа.. исто така наслушнав дека бисер пром летово најверојатно не вози за солун воопшто, туку поисплатливо си нашле дека е возењето за охрид.. плус за бугарија што одат и еднодневните екскурзии за капење во грција Цонка 100% возат.. имаат дури и на групер пуштено понуда за 790ден