Коментари за овој филм? Од мене браво за Анџелина Но не ми се допаѓа тоа што заврши туку така, без цел
salt Јас сум голем фан на повеќето филмови од Анџелина Ја бива за акција и тоа е факт што не може да се побие. Салт е баш и последниот филм кој го гледав, искрено пак ме воодушеви со глумата. Од секогаш сум сакала филмови на кои што крајот не може да им се предвиди, таков беше и овој. Заплет, перипетија и расплет........секој од нив различен, неочекуван пресврт во секој дел од филмот Имате моја препорака за гледање на овој филм Од Анџелина ги препорачувам и Bones collector и Taking lives
Сол(Salt)[2010] Не ја сакам Анџелина, ама се оградив од мојот вкус и сакав да го изгледам филмот, онака со мерак, мислејќи дека ќе биде одличен. Не е ниту просечен. ДОСАДЕН, неинтелигентен филм, претходно имав изгледано две нецели минутки трејлер и веќе знаев како од прилика ќе се одвива сценариото. Заспав некаде на половина, со мака го догледав. Некои ептен буквално си го имаат сфатено жанрот акција - јас освен пукање и трчање друго и не видов. Подпросечен и оваа Анџелина си старее веќе, крајно време е да престане да се глупира со вакви улоги. А заврши така ко без цел, затоа што ќе има и II дел. На жалост.
Сол(Salt)[2010] Не сакам акциони филмови а и не ја ни сакам Анџелина баш. А и нејзе повеќето и се акциони така да.. воопшто не ја ни гледам. Мразам филмови во кои има само пукање, трчање и тепање. Можеби и би сакала некој ДОБАР акционен филм ама што навистина ќе ми го крене адреналинот и што ќе има доволно количество на тепање и такви слични ствари ама мора да има и некој сплет на настаните и да има некаква смисла. Филмов не сум го гледала а и после вашиве критики не ни планирам да го гледам. Зашто ми се чини како уште еден досаден акционен филм во кој нема никаква цел на работите.
Сол(Salt)[2010] Го гледав, интересна сторија, ама и доста сурова. Акционите ефекти со скокањето од камион на камион и некои такви слични потези се премногу нереални и тоа создава одбивност за гледање на филмот
Сол(Salt)[2010] Филмов ми се допадна пред се заради тематиката, ми изгледа толку реален планот и не би ме чудело Американиве против Русиве или обратно да си праат такви работи. Ми се допадна многу планот на Анџелина како да го изведе сето тоа, малце комплицирано филмче, се на се добро осмислена акција.
Сол(Salt)[2010] Филмов е преубавв немам зборови ама крајот катастрофа се надевам дека ќе има и 2 дел )
Сол(Salt)[2010] Филмов го гледав уште кога излезе, ама не бев нешто импресионирана. Типичен филм на Џоли во кој изиграва хероина и некако веќе досадна ми стана. Во секој случај филмот имаше убава тематика. И давам просечна оценка.
Сол(Salt)[2010] Го гледав и мене не ми беше досаден .. баш е интересен а за крајот се согласувам не ми се допадна
Сол(Salt)[2010] Не ми беше досаден, ја сакам Анџелина и сите нејзини филмови, и тематиката беше според мене интересна, имаше некои надреални сцени, како скокањето од камион, ама мене ми се допадна.
Сол(Salt)[2010] филм со Aнџелина,се знае како испага,прво испага дека е лошата,после дека е добрата,си спасува сите,хероина не дека не ја сакам,ама сите филмови како слични да се Спојлер дури и овај турист сличен ми е за филмов,онака просечен
Сол(Salt)[2010] Јас ја симнав extended version со друг крај. И баш ми имаше смисла Добар филм! Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=CJhaL7k7c40
Сол(Salt)[2010] Сега го гледав филмот и многу ми се допадна.. Неизвесен ептен добар... Ја обожавам Анџелина и нејзината глума
Сол(Salt)[2010] Ништо посебно веќе видено. На оваа Џоли филмовите и се промашени во последно време. Пред некој ден го гледав Турист и заедно со овој би ги ставила во ист кош, неквалитетни воопшто.
Сол(Salt)[2010] Филмот е неинтересен, веќе видено, ме разочара. И не се вика Сол, туку е Салт по името на Анџелина во филмот, Evelyn Salt
Сол(Salt)[2010] Али Salt во превод на македонски значи Сол. Али едни го викаат Салт, други го викаат Солт (во кино Милениум кога се даваше беше преведен како Солт) а пак трети го викаат Сол.
Сол(Salt)[2010] Ни јас не ја сакам Џоли, но очекував којзнае каков филм... се додека го гледав, се разбира. Мене повеќе ме потсетува на научна фантастика, отколку на акција-нема фаца за онолку интелигентна жена да биде и ми изгледа како фантастика филмов.