Сонував како дечко ми ме замолил да правиме пауза. И после некое време, на пример во сонов една недела ми рекол дојде време да се смириме. Јас бев таква изгубена цела, некако бес ме фати некој(демек он рекол пауза па сеа он кога сака да се смируваме). Леле многу ми беше без врска. Иначе на јаве за вакво нешто муабет не сме правеле, за пауза или слично... Знае некој што значи сонов :? :? :?
Bokicka, бидејќи рече дека те молел молба е некое големо овластување за некоја работа,а ако девојката го сонува момчето значи дека во брзо време ќе се омажи,а за останатите успех. Ова е според тоа што го најдов на нет. Сонував како сме седеле цело друштво кај мене на тераса.Куќата ми е на спрат и терасата е прилично висока.Сите сме биле потпрени на оградата и сме чекале нешто да се случи.Одеднаш кај соседите се виде пламен и многу чад имаше пожар.Другар ми падна од тераса и скроз до доле и рече нешто како леле сега ќе умрам... стана,се истресе и викна ајде симнете се...толку се сеќавам од сонов... :? Ве молам ако знае некој нека ми каже.
Фала ти Fallen најмногу. Не ми се верува дека навистина ми се случи овластување за работа вчера А, за ова второво сепак мислам дека ми е рано. Има време, не се брзам Фала ти уште еднаш
нема проблем Инаку 2 вечери по ред сонувам дека ми е родендне и дека сите ми честитаат... што значи знае ли некој ? :?
Sinoka sonuvav kako decko mi trebalo da dojde vo mojot grad(inaku od razlicni gardovi sme)da se zapoznael so moite! i jas sum mu rekla ke dojdam i jas so tebe,so ista kola trebalo da odime.I toj ne mi dozvoli,mi vika-kaj ke ides so nas,kolata cela e necista,gnasna,ne moze da se vozis vo nea.i naednas cela situacija se prefrla vo mojot grad,i pred mene ja gledam kolata-stvarno gadna!i jas sednav vo nea(ama ne se vozev).taman sednav,ete go nego,me vadi od nea i jas go prasuvam kako pominal na razgovorot so moite,i mi rece deka bilo onaka..nisto posebno,ama mi bese mnogu tazen sto saka da mi kaze sonot?
Знам дека бегам малу од темава, со оглед на тоа дека повеќе за кошмари станува збор, но ноќеска го сонував најубавиот сон во животов! Сонував како да сум со едни богати луѓе, изгледаа како од среден век, и воопшто не ме прифаќаат, особено едно прекрасно девојче кое личеше на порцеланска кукла. Тогаш почнав да го галам девојчето, и се се преврте. Одеднаш бев во една ПРЕКРАСНА куќа со братот на девјочето, кој беше преубав. Кога влегов внатре оостанав без здив.... Куќата изгледаше како да е во средина на океан, немаше зидови, се беше од стакло, а наоколу имаше фантастична глетка. Тогаш конечно влегов во неговата соба.... не можам со зборови да опишам како изгледаше, низ прозорот се гледаше водопад кој се створаше од два големи камена. Собата беше како на нивоа....прекрасно...одтаму сонот ме однесе на една калива ливада, која позелене кога пристигна тој,....Прво трчавме низ ливадата, а после лежевме во неа и се бакнувавме... Прекрасно.... Уште сум во облаци од сонов.. PS- морав ова да го споделам со вас во случај да го заборавам да имам од кај да се потсетам
Девојки, знае ли некоја да ми каже што значи мување со тој што ти се свиѓа? Некои ми викаат дека тоа е потсвесно, дуги дека ке се оствари сигурно штом сум го сонувала, а трети дека баш па нема да се оствари... незнам на кого да верувам.. знаете ли вие нешто околу тоа?
Јас мислам дека е потсвесно, пошто чим ти се свиѓа, сигурно ти се мотка у глава А соништата се резултат само на она со кое што сме преокупирани, или пак сме се сретнале во животот. Така да не верувам дека имаат некое посебно значење, туку све е тоа сугестивно. А иначе ја би ти препоручила да станеш, и да го напраеш првиот чекор со тој што ти се свиѓа и да си го оствариш сама
sonuvav kako sum bila so drugarka sme setale na kej, i vo vardar padnal voen avion i uste go pamtam jasno mrtviot covek
Сонував дека имам метил на косата и тоа многу и сум кренала паника,сум почнала да плачам.Да не знае некој што значи тоа? Тоа значи болест.Обично кога сонувам дека се мувам со некој настинувам
Не верував во сонови се до пред две недели ... се сонував јас и сестра ми во црни фустани облечени и одиме на свадба, во црква се наоѓаме каде што стои само невестата облечена во црвено-црн фустан а зетот го нема никаде. пробуричкав на интернет и најдов дека ако се сонуваш во црн фустан дека било смрт. По два дена почина дедо ми . од тогаш има во мене мал сомнеж дека сепак во соновите постои и малку вистина, дали убава или не тоа е ...
Ај ако некој може да ми каже што значи да сонуваш невести на сите страни кај и да се свртам само невести, па како некаде ке сум одела на свадба и само невести гледам некаде околу 20-30 невести видов и на сите венчаниците им беа бели украсени со детали од свежо цвеќе и бор?????? баш ме интересира што ова значи???????
Имам слушнато дека свадба и невеста не е убаво да се сонува.. но и јас имам многуу пати сонувано невеста, дури и самата како се мажам ама не сум забележала ништо значително..
Sonot mi se ispolni! Starata kola so koja se vozel vsusnost znacese negova stara ljubov na koja i se vrati..raskinavme Samo ostatokot od sonot uste ne mi e jasen-sto barase toj vo mojot grad? kako i da e,najteskoto se sluci
Денеска сонував 2 оси кои летаа по мојата улица,вратата од мојата куќа беше отворена и влегоа во ходникот и право во мојата соба кај што спиев на крвеет и кај мене во коса,кога се распретав да ги избркам сватив дека е 06:50 и дека доцнам за на училиште
Оса значело кавга,лошо раположение,незгода.Можеби значи дека ќе се изнервираш што касниш за на училиште или ќе те изнервира косата.
Точно - косата ме изнервира денеска... неможев да ја соберам сабајле. :y: Фала а инаку секое утро нека ме будат оси... како сум рипнала одма за 10 мин се спремив