Сонував како со дечко ми сме пошле на кафе,и јас сум го однела на гробот на татко ми кој е починат нек години,сум седнала таму и сум плачела многу
Маци сонот ти е многу убав!!! Плачењето значи радост, а и гробот значи радосен настан, среќа... И покрај сите нервози што ги имаш, сепак ќе се случи нешто убаво, а колку што знам и имам прочитано, со дечко ти планирате нешто наскоро така да, уживај си и не се секирај! поздрав
Еве во соновникот читам-ако видиш мртовец и разговараш со него значи радост после тага... или можеби немаш отидено да му запалиш свеќа на дедо ти,сака да те види,така да појди во најскоро време...
Еден сон го мислам неколку дена, затоа што беше многу реален, толку многу што утредента во прв момент имав дилема дали било сон или не Возев ролери со голема брзина, и тоа долго долго време, а пред мене беше една, така да ја кажам другарка, која не е тука моментално, али немам ни некоја желба да ја видам, онака познаничка, ама тоа што така упорно возев, и подолго време, незнам, се мислам да не има некое значење? После тоа незнам дали застанав, ама друго почнав да сонувам па се разбудив... Ако знае некој нешто, нека шкртне...не дека којзнае колку верувам, ама баш ме занима да не има некоја порака...
Нема некое поголемо значење сонот твој можеби другаркати има желба да те види па ти се појавила во сон што не ја побараш да се слушнете може има потеба од тебе може совет и е потребен.
Изини душичке што не ти одговорив за твојот сон но ич не ми се допаѓа заби да вадиш во сон значи ќе ти почине некој од фамилијата се зависи дали те болело или не додека си го вадла забот ако не те болело ќе слушнеш дека починал некој твој далечен роднина, но ако те болело близок роднина извини уште еднаш, но не се кажуваат ваквите соништа. Совет ако друг пат сонуваш сличен сон на овој немој да го кажуваш отиди до црква и само запали свеќе за мртвите и толку.
Женско бебе значи ѓавол некој ќе сака да ти наштети пази може и да ти е пријател,а добро и вешто се крие да не го приметиш дека ти мисли лошо. За машко дете да се сонува е убаво женско не.
Секаде каде што сум читала по соновници пишува дека машко бебе е ѓавол, а женско е убаво, плус мајка ми и баба ми се разбираат у вакви ствари и истото ми го потврдија.
Јас секој пат тргнувам од себе секогаш кога сум сонувала женско дете секогаш нешто неубаво ми се случувало, а и соновниците се пишувани врз петходна анализа на случките кои им се случиле по некој сон затоа не можеме да генерализираме но може женско дете и среќа да значи јас така не мислам тоа е мое мислење.
сонував ...одев некаде и по патот сретнав бремена жена , жената ја знаев и разговарав со неа ама дали ми бараше помош или совет не се сеќавам... сонубаб и нешто друго ама не се сеќавам имаше некое детенце и човек и некое малечко животинче ама мислам дека ништо не правеа тие .
Ништо страшно некоја мака ќе има жената што си ја сонувала инаку можеш ти да ја предупредиш бидејќи си ја сонувала бремена поздарв
Изини душичке што не ти одговорив за твојот сон но ич не ми се допаѓа заби да вадиш во сон значи ќе ти почине некој од фамилијата се зависи дали те болело или не додека си го вадла забот ако не те болело ќе слушнеш дека починал некој твој далечен роднина, но ако те болело близок роднина извини уште еднаш, но не се кажуваат ваквите соништа. Совет ако друг пат сонуваш сличен сон на овој немој да го кажуваш отиди до црква и само запали свеќе за мртвите и толку.[/quote] Фала душичке.Те поздравувам многу Инаку не ме болеше забот.Можеби затоа што премногу бевме поврзани со дедо ми и ми недостига премногу
Ништо сташно велосипед значи брзина нешто убаво ќе ти се случи но бидејќи велосипедот бил мал поспоро ќе се сучуваат нештат, но сигурно , а градникот нема некое посебно значење.