Ова вчера го сонував: Знаете кога ќе дојде Василица или Бадник, и кога се прави лепче/пита со паричка.. И сега демек во маркетот Рамстор имало црква. И демек на мајка ми и се паднало паричето, и она требало да биде домаќин (така нешто) и требало да дојдат околу 6 саат поручек дома кај нас (ваљда др. година за да видат кај кого ќе се падне паричката). (а јас не сум сакала да бидам дома за тоа време).
Црквата е свето место сонот и е многу убав ќе бидеш исполнета духовно,морално, на љубовно поле секако дека и таков празник да се сонува е супер, а може да очекувате и принова дома поздрав Еленче.
Кавга во сон значи помирување со таа особа тоа значи дека можеби ќе се смириш со другаркати што не зборуваш, но сепак внимавај пак да не дојде до кавга меѓу вас две. поздрав
Сонував како со две другарки сме се возеле во лифт, па лифтот се заглавил и едната другарка облечена во бело добила напад на епилепсија и сум се плашела да не го голтне јазикот, па сум и го држела но ми се лизнало и.. не досонував дали умрела, него огромна грижа на совест ме стегна како тоа сум и‘ го пуштила јазикот од раце и не сум ја спасила.. Одма се разбудив после и ми беше ептен шубе
Лол, сонов морам да го напишам. Сме отишле во Париз, ама ако не фатела полиција ќе не депортирале, или нешто такво, па сум бегала, а татко ми не сме можеле да го најдеме. После тоа се префрлам на еден сплав и да скокнам, се удирам од едно дете(го знам) и јас паѓам, а тој ме фати и ме подигна. Сега треба да се симнеме во вода и преку вода да одиме до улицата да се јавам во полиција преку говорница, да видам дали го нашле татко ми. И зашто не знам да пливам му викам на детево, Ај подај ми го тоа дрво да се фатам за него и така да се буткам, и тој ми го подаде. Јас почнав да одам натаму и заврши тој дел. Отидов во говорница да се јавам, да видам кој е бројот на полиција. И се јавувам, и мислам дека ми рекоа дека треба да почекам и толку беше. Објаснување? Мнпгу сакам да знам што значи.
Што значи да зборуваш со некого на сон,онака се убаво пријателски со кого во реалниот живот не правите муабет веќе подолго време?
Како ми тргна, никад не сум се замарала со сонови, ама еве два три вечери ептен впечатливи ми се, па иако нејќам ме мачат Што значи тоа што цела вечер сонував рачни часовници?
Го сонував Воинот на коњ, како таков бронзен се движел по улици... Се извадив од памет и се разбудив со пулс 100...
Епа вака----ако е златен-ви се заканува опасност да ве ограбат,ако го навиваш-ќе имаш љубовна средба, ако застанал-смрт на познаник,ако сеуште чука-сетете се дека времето е пари.... во суштина часовник да сонуваш се поврзува со време,т.е. да го искористиш како што треба,на подобро
Овој сон го сонував сабајле, и се разбудив во 9 саат, после едвај заспав. Сонував како сум требала да одам во школо да ги земам сведителствата за осмо одд. (а во реалноста ги земав на 14 јуни) и цело време се пресоблекував, се мислев што да носам. И ај демек сум се облекла и да ставам парфем.. Ама нели дезодорансот остава како мокро на блузите, и јас демек си ставам од далеку парфем, за да не ми останат траги. И несакајќи сум прснала во око. И брзо одам во веце, прво мијам раце, па ги плакнам очите. Ама се гледам поматно и поматно, се погледнав во огледало и очите ми стануваа црни (не беше размачкана шминка, него бела ми стана белката..)
Еленче понекогаш сонуваме за нешто што веќе ни се случило или сме го виделе претходниот ден така да не се секирај не е лош сонот може ќе видиш нешто што тебе ќе ти се допадне во реалност.Уживај
што значи да сонуваш како сакаш на плинско да свариш кафе и одеднаш почнува голем огин од плинското...сум се дерала на цел глас по едно дете од комшија за помош....(детето е 8 годинки) а истрчала мајка ми за помош
Многу често сонувам и секој сон крие некоја порака во себе, некое предупредување или навестување. Барем за мене. Ете ,вчера сонував како си купувам виолетов плетен џемпер со капуљача среде лето,сите ми викале каде ќе го носиш,ќе ти биде жешко - јас не,па не.И сум купила некои панталони кои ја менувале бојата и сум помислила на сонов ,демек,тамак ќе ми одговараат на џемперов. Баш ме интересира да видам што ќе се случи.
Според мене сонов ти ја испраќа оваа порака ќе имаш заштита некоја од некоја особа која ти значи и ќе ти помогне во вистинскиот момент, добар е сонот .
Баш вчера сонував една стара другарка. Со неа се немам видено накај 2 години. Сонував како се гушкаме, смееме и си кажуваме колку долго не сме се виделе, многу бев среќна во сонот. Потсвесно се гледа дека многу ми фали, а и свесна сум за тоа Глупаво е знам, но спонтано престанавме да идеме една кај друга и комуникацијата згасна Сонот си кажува дека сакам да го обновам пријателството со неа..
Секао она што понекогаш го мислиме реално и го сонуваме може нешто да се изненадиш и да бидеш малку несреќе во врска со другарката побара ја ти зошто не го обновите пријателството.
Што значи да сонуваш дека си болен? Лелеее, живци искинав во сонот, болеста таква ми била што не сум можела да се излечам