ѓто значи на сон да ја сониш сестра ти како пуши цигаре ти збори нешто а во сон сум осетила мирисот на цигаре кој патем бил многу лош...
Некој друг да пуши во твое присуство: Изненадување за личноста која пуши во кое ќе бидеш вмешана и ти. Мирис на цигари: лошо искуство во брзо време.
сонував моја бивша другарка како се спрема за свадба но таа е тажна претажна по 2пат сонвам ваков сон
многу често го сонувам бифшиот, едвај успеав да го заборавам и ете ти го на сон ми се појавува. на сон изгледа како да е заљубен во мене а и јас во него, па се бакнуваме се прегрнуваме. незнам зошто така на сон ми се појавува а од дамна веке нема ништо со него а и го заборавив.
Сега точно не знам што е спремање, но присуство на свадба на близок пријател/ка е парична добивка. Ако си ја видела пријателката во венчаница тоа е некоја убава новост.
Нешто пак ми се враќаат соништата мене па ми треба помош феминки Синоќа сонував дека нозете ми биле со целулит, толку крупни испакнатини од целулит не сум видела ни на најлоши снимки за антицелулитни креми Целулит како таков се сомневам дека го има некоја сретнато ама можеби ќе може некоја која е искусна во толкување соништа да му го најде крајот на ова...мислам дека знам што значи отприлика затоа што сон сонуван во ноќ наспроти вторник се остварува до крајот на денот и нешто лошо веќе прочитав ама сепак многу ќе ми значи едно толкување од некој кој не знае ништо за мене
Thank you SexyLady Сега ми е малку понејасно ама каков ми е животот и соништата и нивното остварување верувам ќе биде забавно Фала ти мнооооогу
Сонував како купувам чанта. Не сум можела да одлучам која да ја купам, сум се предомислувала цело време. Ениуан ??
Најчесто нова чанта значи нов почеток или нови шанси на љубовно поле. Што најверојатно ќе ти треба време за да се одлучиш како да го започнеш тој нов почеток или можеби ќе сакаш да го напраиш совршено.
сум влегла во кола со особа што не зборам па сум се вратила по ташната,цел сон бела и сребро боја ми се појавуваше,штикли и сестра ми и тиа три коли...некој да протумачи?
Феминки мои, Еве уште еден од моите соништа, овој пат не толку чуден Сонував дека со мајка ми сме биле на врв од некоја планина па потоа излезе дека е тоа на врвот на Водно , останал уште еден стаклен објект во кој не сме отишле ама не ми ни било битно. Бев многу среќна и задоволна во соно. Зборував на мобилен и кажував некому дека ете конечно успеало и тоа па поминував покрај некоја вода било многу убаво.. Толкување некое ваше?
Икачување на височина во сон значи испловување од некој проблем или ќе успееш нешто за што подолго време се тудиш да го постигнеш, а река во сон може да значи некој проблем ако водата била бистра,а ако била нечиста ништо страшно, се на се убав ти е сонот поздрав и имај убав деен
Сонував како сум во авион... имаше невреме, бевме само неколку личности не ми текнува баш кои, прозорите се отвараа, се криевме во една мала просторија, ама мислам на крај се се заврши добро А пак другарка ми сонувала како за мојата свадба поклон ми купила 4 карти за во Париз, за мене, за маж ми, за неа и за нејзинот маж... Ах, нешто најубаво што сум го слушнала овие денови ххх )