Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. salty.dreams

    salty.dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Колку што знам јас браем, да се видиш во бело не е убаво. Ти престојат грижи или тешкотии. Али може и да сум грешка :) Иии можеш да си провериш на нет имаш многу веб-сајтови со соновници.
     
  2. LostInThePast

    LostInThePast Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    56
    Прво,Еминем во кола со девојката се мази а јас на задното седиште ги гледам и го допирам Еминем за рамо.Трчаме по ливада и влегуваме во некој си пролаз у магичен свет на некое предание во црква,и сите се дерат,брбљаат,крај на свет ова она.Потоа пак во реалниот бидејќи попот така рекол.И попот се дере "КРАЈ Е!ГОТОВО!КРАЈ НА СВЕТ" и експлозија и се црно,сите умираме.Гледам се црно пред мене,како веќе да сум мртва.И се будам дерајќи се.
    Што треба да значи ова? :worried:
     
  3. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Да сонуваш некоја позната личност е многу убаво нешто убаво ќе ти се случи,а тоа што си се сонувала мртва ќе ти се продолжи животот и животот на палнетава земја нема да е крај на светот.
     
  4. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Што значи да те касне оса ? :/
     
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сонував како мало црно маченце ми се закачило на ногата и никако не сум можела да го тргнам...сум вриштела сум го мавала ама џабе,не се тргало,ми се држеше со канџите долу на глуждот...што значи :worried:
     
  6. machki-ca

    machki-ca Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Што значи да сонуваш розеви ружи,цела плантажа полна била со нив,дури и ко на дрва да растеле преубави биле.И бројот 8 што значи да го сонуваш ако може некој да ми каже?дека бројкава нигде неможам да најдам што значи.Фала :)
     
  7. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    да си ја сониш внукичката која е месец ипол голема (така и во сонот беше дури) како ме бакнува во уста и се милува...
     
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    40.926
    Пол:
    Женски
    Ја сонував бившата на деЧко ми и него како се смириле двајцата и ми се смееле во лице :(
     
  9. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    А што значи да се бакнуваш во сон? (со непознат! :$ )
     
  10. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    или запек имаш :D (ова од мене )
    или ќе настинеш за брзо време ( од баба ми,иначе се покажало како вистинито)

    ај сега за мене да прашам...
    Сношти сонував еден чуден сон,добро додуша јас цела недела си сонувам чудни сонови со една иста личност екс другарка ми
    не ја сонував ко се дружевме сега... божеее
    во сонот сум се затрчала на бавча :$ и демек бавчава наша со жито била полна и сум легнала да прам ѕвезди над житото а нешто мн среќна сум била,и во сонот сум си рекла дека вака среќна не сум била од ко сум била со бившиот :rofl: .
    Послем се појавила мојата екс другарка и сум и плачела,ама липав во сонот и и се извиннував за тоа колку сум и згрешила и таа ми се извинуваше мене, и плачеше и таа...
    се разбудив со солзи во очите...
    дај некој ако се разбира нека ми кажи шо значи чудово... ако воопшто нешто значи :D
     
  11. palacinka

    palacinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Веќе неколку пати по ред сонувам едно исто... како јавам на кафеав коњ, ама седам обратно свртена на коњот накај опашката, а не накај главата за да го држам за узди и притоа цело време се стегам, се плашам да не паднам. Сега последниот пат сонував два кафеави коњи како ги јавам , овој пат право седната, уздите му се висеа, а јас јавајќи никако не можев да му ги дофатам, се испружувам , се тегнам да му ги фатам уздите, а тие почнуваат да одат во брз галоп, на крајот ми бегаат....



    Што значи ова со коњиве? :worried:
     
  12. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Девојки, сонував како од ушите вадам прекрасни обетки меѓутоа кога ги извадив се направија како два броша и во сокот помислив како сум ги носела овие вака. А беа прекрасни...совршени
    Некое толкување на ова?
     
  13. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Мислам дека значи смрт на некој близок,но да не те загрижувам не мора секогаш да значи. :)
     
  14. ivanus

    ivanus Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    51
    Девојки пред 3-4 ноќи сонив сон и уште ми се чини неможам да се вратам во реалност и ми е страв :( Вака беше : Сум била бремена ама за бременоста никој не знаел, а не ми се ни познавало многу сум изгледала како здебелена. Терминот за раѓање ми бил до кај 20 јули некаде. И сум отишла до продавница, а уште од дома сум имала болки во стомакот ама онака по малце. И таму во продавницата ми пукнал водењакот и ме породувале другарка ми и продавачката, дека брза помош неможела веднаш да дојде немале слободна кола. Сум родила машко, без никакви болки и ептен лесно,ама не сум го видела. И другарка ми рекла ајде да одиме да шетаме :D И сум станала јас ама многу сум крварела и од толку крварење и од уста почнало крв да ми тече. И некако ми удриле инекција за да ми се намали крварењето. Потоа сум отишла во една куќа со бебето и ми се јавила мајка ми да ме праша кај сум. Јас сум ја излажала дека сум кај една братучетка и мајка ми сакала да разговара со неа ама сум и ркла во тоалет е неможе сега да ти се јави. И одеднаш се наоѓам на еден мост и од другата страна на мостот ја гледам мајка ми како иде и ми го носи мојот јорган и ми вели зошто не ми кажа дека си бремена. И јас и велам епа неможев како да ти кажам.И ми го подава јорганот, ама тој паѓа во реката и го земам јас мокар и го носам во таа куќата. Во меѓувреме на фб на ѕидот на дечко ми му пишал брат му ајде татенце честито синче да е живо и здраво. И ми се јавува дечко ми ( во странство е инаку) и ми вели па нели до 20 јули требаше многу рано, и јас му велам абе и ја така мислев може не сум добро пресметала. И ми се јавува пак мајка ми и ми вели ќе дојдат на дечко ти неговите да правиме веридба купиле прстени и јас сум рекла добро. И отишле неговите кај мене дома и правеле веридба, а ни јас ни тој присутни :D И по неколку дена сум се вратила јас дома и мајка ми ми ги покажувала сликите од веридбата. И се разбудив и стомакот ме болеше неможев да се освестам дека тоа било само сон. Ми е страв многу, дека велат не е убаво такво нешто да сонуваш. Според вас што би можело да значи овој сон? :(
     
  15. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Што значи да сонуваш како некој ти дал или пак си купила кутија во која имало две малечки торти со некој како зелен шлаг? :^)
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Јас сонував еден вознемирувачки сон.

    Сонував како Вардар бил надојден, и сум стоела кај нас на Стар Мост. Тоа место е голема раскрсница од сите страни, под мостот тече Вардар. Јас сум стоела на средината, на нешто сум била поткачена, а од сите страни изливала вода, и преку мостот :worried: Ужасна поплава, а уствари во сонот преминав преку поплавата, значи пливав, за да дојдам до тоа место на средината каде што бев поткачена. Што значи ова? :worried: Веднаш после тоа, во истиот сон, сонував како некоја си блиска роднина ни умрела, не се сеќавам на името, ама знам дека во моите роднини не постои таква, и на влезната врата сме имале плаката од неа, со име и презиме и слика :worried: Како што кажав, името заборавив како и беше, ама знам дека таква роднина немам :worried:

    Инаку, еве го местото за Вардар што го кажувам...

    Е, ова е слика од поплава одамна штои се случила, значи било уште повеќе од ова надојдена, ова на сликата е стар мост... Во сонот преливаше вода и преку мостот, и од страните од по улиците, а јас на средина сум стоела и не сум можела да отидам никаде додека не помине поплавата
    [​IMG]
    Toj мост, долу што се гледа :worried: Леле многу се вознемирив, страшна слика беше тоа :worried:
    [​IMG]
     
  17. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    ^^
    Да сонуваш само поплава а ти да не се видиш значи грижи и загуба но да присуствуваш во поплавата тоа е добивка значи ке добиеш голема добивка :)
    А во врска со смрта на твојата роднина што не ја познаваш,да сонуваш смрт е убаво смрт значи долг живот и многу деца :)
    Најлошиот сон е знак за нешто многу добро :) :*
     
  18. DzekIca

    DzekIca Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Што значи да сонувас дека ..?
    сонував како сум се породила кај баба ми дома она ме порагасе, никој незнаел ниту јас до порагајот дека сум бремена нисо не се познавало,се породив родив машко дете, детето не беше мало туку веднаш големо како да имаше 2-3 годинки, мојов сегашен дечко беше таткото, целата ситуација беше напната,и јас бев мн нервозна што наеднаш станав мајка.
    п.с Брат ми ми кажа дека сум се смеела у сон дур сум спиела а јас не се секавам на ништо смешно од целава ситуација...
     
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    25.387
    Пол:
    Женски
    Вчера сонував дека се бакнувам со момче кое никогаш го немам видено предходно...Тој сакаше да се фати со мене...Јас нормално прифатив но му реков дека несакам да се дознае бидејќи скоро сум раскинала со дечкото и несакам на сите да ни дојде наеднаш....Што може да значи ова ... :sweat:
     
  20. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    неколку вечери под ред ја сонувам сестра ми,внукичката (месец ипол дена голема како ме бакнува во уста) коли и значи во секој сон единствени бои се бело и сребрена...