Три вечери веќе сонувам како возам велосипед на некоја горнина и ми оди многу тешко.. Штоо значи тоаа?
сонував ко демек сме се скарале со дечко ми или така нешто и него го немаше во сонот и како да ми го земал машкото папагалце и гледам во кафезот само едно и после како да си викам леле што ке прави ова само ке ми умре од жал по другото
И порано пишав за истиот сон но не ми одговоривте,па затоа ќе го повторам пак. Постојано го сонувам мојот починат дедо во сонот како е жив.Значи постојано (од 7 дена во неделата,јас 5 го сонувам) Само што ќе се израдувам дека го гледам жив ќе се разбудам. Во почетокот не обрнував многу внимание,но сега почнав да се плашам.Навистина многу е лошо Ве молам кажете ми за што се работи
Јас сум сонувала како сум била облечена во прекрасна долга шарена хаљина и сите ми се восхитувале Па така сум отишла како на некој бал со маски во некое луксузно место и мене ми паднала честа да играм со кралицата Потоа како друг сон сме имале нов стан ама скалите биле многу стрми, и брат ми ми помагал да се искачам бидејќи ми било страв и ми ветил дека ќе почнат да градат нови Па после сум го вишла бившиот мој и ми го подарил неговиот лаптоп а јас веднаш сум расипала
Не можам да си поверувам што се случува со моите соништа во последниот месец... Вчера вечерта гледав слики на facebook од еден пријател. Ноќта го сонував , ми кажувал дека девојка му е бремена или се породила не се сеќавам меѓутоа дека не планирал да ја ожени туку дека само го признал детето, ама пак ќе си биле тие заедно...Денес се будам и гледам статус некој кај дечкото дека бил нешто на лекар ....Дали е можно?! Нели обично сонот се однесува на тој што го сонува Навистина ме интересира толкувањето на некоја феминка која се интересира за значењето на соништата
Се обидуваш до достигнеш некој успех, но малку тешко ти оди. Но добро е штом иде нагоре Што значи да сонуваш како ти го снемало багажот на патување?
Ако знае и ако сака некоја феминка да ми го протолкува сонов. Сонував како сум отишла на гинеколог и на ехо преглед докторката да види дали сум бремена. И додека гледше на ехо и јас си гледав со неа и таа кажа дека сум бремена, и јас си го гледав бебето на тоа екранчето и си викам во сонот големо е бебево за абортус ,и внатре си го гледам бебето црно бушавко и немирно се вртело наваму натаму на екранот и мене не ми се направи ќеифот зашто е такво, само во очите и образите ми заличе на дечко ми и јас си викам после ако,ако кога ќе се роди ќе си го воспитам јас умно да биде, и ОДЕДНАШ се појавува весело плаво насмеано бебенце а црното бушавко немирно го снема. Баш се чудам што би можело да значи овој сон?
повеќе пати го имам сонувано бившиот кој ме сакаше и го сакав премногу но не сме заедно една година и не сме во никакви контакти. но вечерава пак го сонував како сме заедно шетаме низ град и се каравме знам како и обично бидејки премногу сме се сакале ја сум правела сцени како и тогаш и не знам што би можело ова да значи ? фала однапред.
Ќе добиеш наследник... така имам слушнато ако се сонува мртовец. Е сега или тоа, или некоја заработка, добивка што и да е но со тешкотии си слично... Како и да е, треба да ги оставиш и чувствата и мислите за него на мира...
јас сонував синоќа дека сум била на лекар ли незнам што ама лекариве ни Л од лекар некоја братучетка моја таму и како демек ги гледале резултатите, и ми рекле дека покрај анемијата имам малигнен тумор и кога сум прашала каде ми рекле на окото и само знам дека почнав да плачам ... и ужасно се чуствувам од сабајлево...
Леле девојки, ќе ве замолам ако знаете да ми го протолкувате сонов.. Од памет се извадив денес кога станав, гледам покривката на земја сум ја фрлила бев испотена а ми беше студено. Можеби вака не изгледа страшно, ама навистина беше морничаво. Сонував како некој млад дечко треска некоја девојка од ѕид, ама онака јако со намера да и паднат забите и знам дека девојкава викаше и мислам и паднаа забите , и онака темно беше ама забележав дека од едната страна како да и беа позлатени забите.. Не ме фаќајте за збор, ама мислам така беше. И сега колку што памтам мислам дека дечково сакал да и паднат забите за да он ги земе, а нејзе после ќе и ставел вештачки бе. Не памтам сега дали и стави само.. Се разбудив тогаш. Сонував и уште нешто ама не ми текнува што беше, само знам и тоа не беше баш пријатно. Што би можело да значи ова?
Сум нашла паричник полн со пари сум се мислела дали да го земам,сум го зела ама одма сум го вратила за да не ме гризе совеста..Што значи?
Aко не ја познаваш таа личност што си ја бакнала, треба да бидеш внимателна во љубовните средби, зашто не се сите такви како што се прикажуваат, можеш да бидеш насамарена, измамена или пак повредена..
што значи да соноваш како некое машко ти дошло и те прегрнало околу половината и почнало се повеќе и повеќе да те стиска така и после се насмеало и си отишло?