Сонував дека сум била во Њу Јорк каде што имало македонска продавница и таму работел еден мој комшија и со тато и со една другарка сум била таму и сме удриле со колата во продавницата.И сме излегле па муабет со тој комшијата па сум го гушнала тато и сум му рекла "Чао тато" ... што треба да значи сево ова?
бев излезен вчера вечер и нешто се разочарав со девојками , играше еден друг малце пијана беше оправдано и е све то ... си одам дома во 5 сатот легнувам , почнувам да ги сонувам истите случувања што ги видов таму .. се разбудувам во 6:30 , излегувам надвор да шетам ... легнувам во 9:00 , потполно истите случки ги видов што на првиот сон беа .. дали ова треба да значи некое оптеретување , опседнат со лоши работи бидејќи на тоа цел ден мислам еве сега се смирив ... значи два пати го сонував истиот сон за неколку часа ..
Ме копка цело сабајле. Сум сонувала дека сум спиела на плажа, преубава глетка беше, морето светло сино, преубава боја, а јас спиев на плажа со црни пантолони, дури и подвиткани беа долу, памтам. До мене имаше десетина желчиња кои беа малечки, а водата ми доаѓаше до дланките... Едно време се разбудив бидејќи другарка ми почна да ми вика (само гласот и` го слушав, лик не видов никаде). Не памтам многу, но знам дека од прилика ми викаше доколку ми е важно да пливам. Ми свирела музика од телефонот (последната песна што ја слушав вчера од Ван Гог, ми останало во потсвест) и сум влегла во морето. Одеднаш се сеќавам дека пливав и видов како глава од црна змија која пловеше на нешто. Почнав да пливам ненормално брзо и излегов, алиштата ми беа суви и повторно го чув гласот кој ми викаше дека не сум требала да се тргнам бидејќи тоа било само бубачка и навистина кога се доближи беше бумбар. Знае ли некој што значи ?
како што јас знам плажата означува пријатни новости,црните пантолони се јадови,желките означуваат долг живот и сигурност,глас знчи дека добар пријател ќе те посоветува,мирно море значи среќа,змија значи непријател дека некој сака да ти наштети,а бумбар значи дека ќе фатиш некој како те лаже. се надевам дека помогнав
Сонував како сум седела во некој двор од лева страна имало камена ограда ама не висока доволно за да можам да видам што се случува во соседниот двор.Сум седела на столче и сум читала некоја книга,а одма до оградата видов мала грмушка од веќе зрели рибизли ама не собрав.Од соседниот двор дојде една млада жена и ме праша дали ке јадам од нив јас реков не.И ја прескокнав оградата отидов до соседниот двор жената играла со две топки истовремено двете беа зелени.Глупав сон нели?
Девојки што значи ако сонуваш да те погоди куршум?Барав низ интернетов не најдов никаков одговор за куршум
Малце е глупав сонов , ама многу ме интересира што значи Значи вака сум била со татко ми и другарка ми некаде и од еднаш се појавило едно момче (се знаеме онака , но сум сигурна дека тој не ми го знае името) сум го поздравила и сум му рекла : Здраво ___! и после 5 секунди и тој ми рекол : Здраво ____! (тој стоел на некоја врата). Сум се зачудила и сум го прашала од кај ми го знае името , а тој ми рекол ..па не се сеќаваш кога се запознавме на 1 јуни/јули. Инаку тој не живее во мојот град , а јас често го посетувам неговиот град и сум му рекла : Последниот пат кога бев во Велес поминав покрај твојата куќа, но немаше никого само кучето седеше надвор , а тој тогаш бил на одмор во странство. Тој : Да, да не бев во Велес една недела , а ти кога пак ќе дојдеш? Јас: Наредниот викенд. Тој : (се израдувал) супер , само што јас нардниот петок ќе одам на риболов , но нема врска ќе се видиме во сабота или недела. Потоа ми рекол ,ти постојано доаѓаш зошто не почнеш да студираш тука (во смисла ајде дојди, заедно да учиме) Јас: знаеш сите ми викаат така , ама нееее си го давам Скопје за ништо. И за на крај...онака сме се поздравиле со едно'' дај да пукне''.... Можеби се стварно глупости, но немав кој друг да прашам. Се надевам дека ќе ми одговори некој што се разбира во вакви работи. Благодарамм
Пред некој ден сонував дека се мажам. Го видов и младоженецот. Не беше дечко ми, туку еден друг што мислам дека му се допаѓам. Тој беше облечен во костум и игравме валцер. Сношти сонував како со друштво сме биле на излет некаде во некоја викендица. Куќава беше малечка, постара, чиста, средена, на ѕидовите во едната соба имаше слики. Собите беа ниски - таванот им беше понизок и имаше малку простор меѓу него и главите. Имаше скали. Околу куќава имаше зеленило, дрвја, пролет беше. Јас во истиов сон втор пат бев во куќава. Еднаш бев претходно со моите, а сега со друштво. И младоженецот од претходниот сон беше со нас заедно со девојка му
Девојки Ве молам ако некоја може и знае да ми го протолкува сонот Синоќа само што легнав да спијам уште незаспана како што треба се видов себеси како влегувам во автомобил и сум имала ќерка моја со мене. Девојчето било плавуша... Јас не сум омажена во реалноста и немам ќерка .... Сакам да знам што може да значи, каква е поракта што ми ја праќа... Фала ви Ми значи многу вашата помош кога не можам да најдам толкување во онлине соновници
девојки имав ужасни кошмари сонував не поврзани сонови сонував како да се наоѓам на место пола болница пола хотел со луѓе кои не ги познавам воопшто во сонот само трчав по ходници не одредени го барав дечкоми викав со плачење на цел глас по него и никако неможев да го најдам ходниците крај немаа и него најдов на моите повици не одговараше одтаму си заминав сама незнам ни како излегов од тоа место почнав да се гушам имаше повеќе работи но не се сеќавам ќе може некој ова да го протолкува девојки...
Сонував многу чуден сон како имало некакви бобинки(разни) и јас од сите сум пробала,а биле отровни,но на мене ништо не ми било
^ мислам дека тоа значи дека некој сака да те повреди,но нема да успее. А некој да ми го протолкува мојот сон?
што значи ако сонуваш поголем број на птици ( незнам дали беа ластовички или врапчиња.. ) собрани пред некоја врата (не летаа) .. и со тешкотии ја отворав вратата од нив а од друга просторија се слушаја викотници од една пријателка што значи ова ? благодарам однапред девојки
Јас сега сонував, сум заспала во 10 и сега се будам у 1 саат преплашена. А и ми беше многу лошо денес ме болеа јајниците и качив температура. Сонував како ќе одам сама у Скопје на гинеколог.. и сум се качила во автобус и тамо бил мојот школски со неговите другари што ми е многу близок да не го именувам да не прочита . И кога сум стингала во болница на гинеколог си велев цело време не ми е страв не ми е страв, а ја имам голем страв од доктори и такви работи . И таа ме прегледува и сака нешто да ми стави и ја викам аа неможе невина сум и не и дадов хахах. Си излегов и треба да одам кај тетка ми таму да преспијам. А незнаев каде е Карпош 4. И го сретнувам школскиот му раскажувам што како и он вели ај ја ќе појдам со тебе се качуваме пак во автобус и стигнуваме на една плажа.. А беше декември. И тој и неговите другари влегоа да се капат ја им викам абе не сте тачни ќе се капете на овој мраз ја ќе си легнам да одморам па кога ќе одиме разбудете ме. И јас сум легнала и од што ми било лошо сум умрела. И доаѓа другар ми ме бакна во уста и осети дека сум студена... И ја се разбудив и неможев да заспијам. Па се вклучив на Facebook знам дека другарка ми е таму таа е ноќна птица па да и раскажам. хахаахха
Птица значи некој глас, некоја вест треба да дојде до тебе ама ќе има потешкотии додека да дојде.. А таа вест ќе ја слушнеш од некоја пријателка.
Devojki sonuvav kako sum bila vo nekoja soba i ne znam tocno ne se sekavam kako nekoj da mi ukral nesto od tamu,potoa gledam tri mrtvi gulabi vo sobata,se prasuvav koj gi donel .