Бубе феминка ме изнасема со ова "аман што ти е".. Сумги толерирала премногу долго и сега сите го добиваат тоа што одамна го заслужиле . Фала ти тебе усте еднаш, што одвојуваш време за моите сонисшта . Ми помагаш многу...Ајде да видиме што ќе биде од ова сега, ако веќе не бло вчера затоа што вчера зет ми едвај го најде патот кон вратата ама мислам не че да беше кавга тоа хехехе
зимзелените дрвца значат дека ќе дознаеш некоја тајна, која ќе ти изгледа дека е мала, но ти треба да се потрудиш да ја чуваш, бидејќи на некој ќе му значи многу! другиот сон значи дека можно е некој од твојата блиска фамилија (што живеете во куќата каде што е бутната оградата) да доживее некоја непријатност или болест, но чим потоа пак си го видела исправен столбот како ништо да не било тоа значи благосостојба! поздрав се надевам дека помогнав
болницата значи напредок во животот и ќе избегнеш некоја опасност, бегањето низ ходници - дека си западнала во некои сплетки, грижи и тешкотии, а хотелот значи болест,непознатите луѓе- се корист... многу ти е измешан, расеан сонот , можно е да бидеш болна, но се тоа да заврши добро! сепак направи си рутински преглед на лекар, мој совет поззз
што значи да се возиш со воз а гледаш во колоната вагони пред тебе,и еден вагон се откачува и настанува сообраќајна несреќа а јас сум во втората половина од возот која застана и се откачила од ударот? п.с.постојано се заљубувам на сон,секогаш ме милуваа некој за кој ни на крај памет не би ми текнало.
Сонував дека сум била кај баба ми и дедо ми на гости.Цело семејство седело на терасата на горниот спрат и била многу голема.На неа имало многу бебешки креветчиња и јас сум почнала да ги бројам но никако да ги избројам бидејки некако чудно биле ставани едно врз друго.И сме зборувале дека недостасуваат уште 3 креветчиња од брат ми.Што значи ова?
а што значи да сонуваш бело? од некоја невеста се сечело дел нешто како превез ,наметка и да го земиш за дома (да го украдиш) но да не стигниш да го донесеш дома? и друг сон-гуштер во коса (сестрами ми вика имаш змија на косата а потоа избега гуштер ?
Девојки прво да ви се извинам што доминантно се толкуваат мои сонови, некако најактивна сум на оваа тема и можеби на некоја ќе и` засмета тоа па се извинувам однапред. Во последно време многу сонувам и мислам дека не можам веќе, само лоши соништа..понекогаш мислам и дека не постојат убави, што не е точно ама некои денови ми се зезнати толку поради овие соништа ... Претпоставувам дека Bube.Feminka ќе се огласи и овој пат Зашто искрено и` сум мноооогу благодарна, Bube, lifesaver si Значи, сонот е на ред, конечно На јаве имам едно огледалце од Оriflame, со преклоп, знаете сите какви се, за во ташна. Огледалцето никогаш ништо посебно не ми значело, го моткам наваму натаму ете некогаш да не ми затреба итно. Синоќа сонував како ја гледам само едната половина од тоа огледалце. Во сонот ништо не почувствував поради тоа, едноставно го погледнав. Меѓутоа кога се разбудив и се сетив што сонував ми падна тешко затоа што знам дека не е нешто добро тоа а можеби и е со оглед на тоа дека не ми значи ништо во реалноста, сеедно ми е дали ќе го имам или не. Ме интересира мислење Фала ви!
леле колку убав сон сум сонувала ... се гушкав со некое дете ама незнам кое , значи ова нешто или ... ?
промена во животот а тоа постојано што се заљубуваш во сон можно е да е од недостаток на љубов во стварноста поззз можно е брат ти да се разболи, но не е ништо сериозно те очекува некоја радост. а гуштерот може да значи промена на местото на живеење драга, огледалото на сон значи венчавање...но бидејќи си го видела само пола, можно е да одбиеш некоја понуда за брак. имаш недостиг од љубов и гушкање мила .... поззз Редактирано од модератор: Не испраќајте неколку мислења едно по друго, користете го копчето РЕДАКТИРАЈ.
Не гледам никој на повидок со таква понуда хехе...Фала ти злато! Бев многу исплашена дека е нешто лошо...Сега можам да бидам мирна, благодарение на твоето толкување ...Thanks again <3
Вака значи, сонував нешто што ми дојде премногу чудно. Сонував како возам во кола, на некој автопат, немало многу коли што поминувале, може да се рече дека бев сама. Кога се свртев на совозачкото седиште видов една моја братучетка, со која се немам видено од поодамна. Таа плачеше и не зборуваше ништо, не ме гледаше мене само си гледаше напред. Кога ја прашав што ти е, што се случува, веднаш се разбудив. Може ли некој да ми го објасни значењето на овој сон?
Завчера сонував дека сум се тетовирала, демек целото лице и некаде после рамената.. И после сум се плашела демек дали ми е тетоважата трајна, дали ќе може да ми се извади да не ме види таква мајка ми, ќе ме утепала.. И упорно сум барала некој да ми каже дали уште сум тетовирана и сум барала огледало да се видам ама не сум можела да најдам.. И после сонував дали како сум била со некоја другарка и не бркале едни деца што ги знам во вистински живот и не ги сакам баш, и имало поставено некои препреки (нешто како на Сурвајвор) и како не сум можела да ги поминам, а другарка ми била пред мене ама накрај сум успеала да ги поминам и сум трчала ли, не паметам баш. Мислам дека сонов ми е втор пат како го сонувам.. А ноќеска сонував дека сум носела очила, и знам дека и со нив не гледав добро, како заматени ми беа нешто па ги чистев.. Па после споредував како гледам без нив а како со нив и увидов дека има многу мала разлика па сум си викала во себе, ех па тоа ти е, кога се од пазар, не се добри, незнам што.. Ај ве молам ако можете да ми ги протолкувате овие мои налудничави соништа.
ти претстои лесна работа, сигурна заработувачка, а можно е и да започнеш некоја тајна врска... а братучетка ти што плачела можно е да биде ожалостена..позз тетоважата е нешто што ќе те обележи за цел живот, но ти ќе се плашиш да признаеш... а очилата кажуваат дека ти е потребна некаква заштита но не си сигурна дека ја имаш вистинската, пошто си ги чистела очилата...позз
Ух сонував како ќерка ми трча, јас ја бркам да ја фатам да не се повреди, ми бега и ми рипа во длабок базен, а не знае да плива почна да се дави, ја се фрлив по нејзе и се разбудив во моментот кога ја фатив за рака.. Цело време плачев, викав по нејзе. Ама не знам што се случи, многу се вознемирив и се разбудив..
Бубе помагај сега значи ноќва имав кошмари дали е толку лош сонот или не е незнам пред мојата врата имало 2 3 луѓе вооружени мажи кои го извикувале моето име на сонот се плашев се тресев излегов од дома и ги прашав што сакаат од мене наеднаш ме грабнале и ме пикнале во кола и мене и брачедами во 2 различни коли викав и ги молев да ја пуштат брачедами и ги прашував дали ова е дело на мојот бивши дечко (кој патем бев во врска пред 3 години и беше мн.проблематичен човек)ти е ми рекоа да од него сме пуштени му борчиш и треба све да му вратиш плачев и ги молев но не ме пуштија сонот ми заврши пред да се сретнам со него инаку тој живее во странство брачедами до неодамна ми кажа дека е вратен јас го немам видено и несаками ни да го видам никогаш
Сонував како ја, мајка ми и татко ми сме биле кај една почината роднина, со нејзиниот сопруг. И не сум сигурна дали нешто ни даде, или дали јадевме. Само знам дека не е добро на сон да ти даде нешто некој починат. А после на вратата имало лав, и татко ми отишол да го избрка, и после лавот си отишол со кола. Знае некој? Многу ми е страв. Сонував како нивниот дом бил од сламарици (пархетот) и мене многу ми било страв да се движам по нив.