Sonuvav cinija polna so suvo ovosje-slivi,kajsii,grozje...i si zemav od ovosjeto i bese mnogu aromaticno,slatko..duri i kiseliot vkus mu go pocuvstvuvav..ako znae nekoj da mi kaze sto znaci toa?
леле знае некој што значи да се сонува крај на светот ? Пред некоја вечер сонував како земјината топка се поделила на пола и едната половина(во америка некаде) се распрснала во вселената , а истото ја чекало и нашава половина за пола година, имаше и цунами во сонот, ама некако не ми е поврзано
Сонував мечка, а подоцна како ми паднал заб. По консултирањето со бабичка, целата насекирана се спремив за најлошото. Фала му на Господ, никој не се разболе и не го напушти овој свет (not on my watch , NO!) После некое време сонував вошки - милион, буквално ми извираа од косата! Си се стокмив со ливчиња, тикетчиња, ќе се фати некоја паричка! Аха, секако! Месец дена после тој сон, од парички ни мало п. Не знам што да кажам...
Сабајлево се разбудив плачејки,ама онака мислев дека ке се зајдам од плачење.Сонував дека татко бил умрен,и сум плачела толку многу,и чувствував голема болка во градите.Од кога се разбудив уште половина час плачев,не можев да се смирам И сега додека пишувам сум многу тажна И на крајот од сонот зборев нешто со мајка ми и видов слика од дедо ми кој е починат,ама некако како да беа и двајцата дедовци (и двајцата се починати),кога ја гледав сликата мислев на мајка ми на татко,а изгледаше како другиот дедо,само без мустаки.Знае ли некој што значи сонот?Не можам да ви опишам како се чувствував кога се разбудив,лелеееееее,онака целата бев изгубена,се будам плачејки,па и кога ми текна зошто плачам...иффффф,цела се тресам
Ангелче не се секирај.. сум слушнала дека ако сонуваш дека некој умира со тоа всушност му го продолжуваш животот, така да уживај
две вечери по ред сонувам луксзни хотели и како престојувам јас во нив сама..дали некој знае што значи тоа.
Ауу . Јас синоќа сонував пајаци угхх милиони лазеа по мене :/и само лазеа лазеа јас така здрвена неможев да вриснам :/ а што значи тоа?
Сонував како возам кола ама онака многу опасно изгледаше, а всушност требало мајка ми во болница да ја однесам, па после од кола искача другарка моја... хахах испомешано, некој знае што значи кола да сонуваш?
sum sonuvala kako vo nasata firma ke proveruvale aktivnosti na interent i na meil sto pravime, a i direktorkata ni dosla na poseta vo anseto oddelenie. i onaka jas sum bila epten iskulirana kako da ne dosol direktor tuku nekoj kolega.. sto znaci direktor da sonuvas se razbudiv so neprijatno cuvstvo na strav...
Мила се што успеав да најдам за директор беше доколку си сонувала дека ти си директор, тоа значи исполнување на некоја желба. Е сега конкретно ако сонуваш дека некој друг е директор не успеав да најдам, но мислам дека е нешто добро во секој случај, а и знаеш, она што го сонуваш, се реализира обратно на јаве, што би се рекло твојот страв во сонот ќе биде среќа, добро расположение во реалноста. Значи, те чека нешто пријатно Позз
da ama jas bev iskulirana srekna na sonot, ama koga se razbudiv se razbudiv so neprijatno cuvstvo..aj s enadevam deka ke bide na aarno
Ako znae nekoj da mi kaze: gi sonuvav brat mu i bartuced mju na mojot bivsi(so koj neodamna raskinavme,i toa bese stvarno bolno raskinuvanje),a so niv dvajca nikogas licno ne se zapoznav.Sme sedele vo nekoj kafic so niv(bivsiot znaci ne bese prisuten) i po zidovite vo kaficot imalo sekakvi fotografii,i na edna se gledam i jas i moram da priznaam deka slikata bese preubava,umetnicki napravena i jas na nea cudna rabota!devojcinja,ako znete barem nesto pisete
Мила јас успеав да го најдам само ова објаснување; ФОТОГРАФИЈА сеќавање на минатото. Значењето би било баш тоа, сеќавање на твојот бивш, кој верувам уште го немаш преболено Ако успеам да најдам нешто повеќе ќе ти пишам пак, поздравче
Често ми се случува да сонувам дека сум го изневерила дечко ми, и со познати но и со непознати фаци. Сум имала многу шанси за тоа, но никогаш не сум го сторила тоа, ниту пак ќе го сторам. Може ли да ми кажете што би мжело да значи ова? Искрено, не верувам во соништа, но овие почнаа да ме вознемируваат малку, се чувствувам некако глупо.. позз