Јас сонував икони.Беа закачени на ѕид високо и јас се мачев да ги достигнам и да ги бакнам, и се качував на нешто високо и ги бакнував.Многу чуден сон, баш затоа што не сум многу суеверна и не верувам многу во светци и такви работи. Може ли некој да истолкува што значи сонот?
ќе те прогонува некој, ти претстои и болест, меѓутоа од се тоа ќе извлечеш голема среќ... позз среќа чест, среќен брак, а тоа што си се качила на високо значи дека ќе ја постигнеш зацртаната цел .... позз
Леле, па ноќеска што глупости сум сонувала. Еден дел од сонот ми е малку во магла, само знам дека сонував две девојчиња што не ги знам како се смеат. А другиот дел, сонував две машки што учевме заедно и едниот од нив е баш така перверзен во вистински живот и знам дека јас носев како некоја вреќичка со мене и сум ја испуштила и сум слушнала дека нешто се скршило.. Спојлер После овој едниов нешто ме фатил за г*з и пи*ка и нешто сум му викала леле немој бе, што ти е на тебе ама на некој начин и ми годело. Па знам и јас него го фатив за г*з а овој па другиов се смееше нешто. После тоа, ја отворив јас вреќичката и видов дека сум скршила како некоја мала вазна што сум требала да и ја подарам на мојата најдобра другарка.. ах, и да на крај испадна демек ова сум била јас на некоја екскурзија со класот (бивши веќе) во Охрид, ама незнам таму што се расипало во хотелот па сме морале да си одиме после едно ноќевање а сме требале да останеме две ноќи и знам јас бев малку разочарана, па се качивме во автобус и тргнавме за накај Скопје.. Бубе, знам дека те оптоваривме веќе со нашиве сонови ама ако можеш да ми протолкуваш што значи ова.
Сонував како сум фатила жолт папагал,со плаво,со зелено... Имало мнооогу жолти папагали такви околу мене,цело јато,зо зелено биле,шарени такви,но сум го фатила овој.Наликувал на гулаб малку така...
Да добиеш торта: радост. Да подариш: неизвесност во љубов. Да јадеш: ќе учествуваш на гозба/ ќе добиеш покана за некоја свеченост. Спојлер Или па можда ужасно мноооогу ти се јадело торта шала де Сонував мнооогу чуден сон, и памтам само делчиња од него. Сум била бремена. Спојлер Од каде јас бремена, брее, мала сум. Требало да се породам,а стомакот не ми бил онака гооолем ко за пред породување. Следно нешто што паметам е дека сум се шетала со другарките низ град, онака насмеани од уво до уво, а мене во сонот тоа ми беше чудно и морничаво. И знам дека бев негде на доктор, а после се најдов на некое пристаниште и таму некој ме чекаше, па заедно со тој „некој“ влеговме во еден брод. Знам и дека се скарав со мајка ми таму, а не паметам зошто. Имаше уште нешто, ама не можам да се сетам што беше тоа. Ама знам дека бев многу вознемирена во сонот, и дури кога се разбудив бев целата испотена и вознемиреноста воопшто не исчезна. Некоја да ми го протумачи сонот,цел?
болест(бременоста), голема тага (смеењето), ти треба совет од лекар(докторот), ке добиеш помоѓ во последен момент (брод)
A јас ја сонував мојата бивша другарка ( не сме во добри односи ) која сега е надвор од ова држава и нејзиниот бивши дечко сум правела нешто муабет со него а не го ни познавам . Што значи ова ????
сонував како сум разгледувала две герданчиња ,двете беа циклама боја ,едното беше како бисерчиња нанижани ,другото герданче имаше циклама и бели триаголни каменчиња беа сјајни како дијаманти и јас сум си ги купила и двете и си ги ставив на вратчето
ништо посебно не значи ти претстои некоја веслба, солзи радосници, (ѓерданчето од бисери) судир во семејството, чувај го она што го имаш да не го изгубиш!!! (ѓерданчето со триаголни камчиња) Редактирано од модератор: Не испраќајте неколку мислења едно по друго, користете го копчето РЕДАКТИРАЈ.
сонував како преминувам улица и влагам у продавница за чевли и гледам преубави модели, и другарка ми ми вика леле колку ти се убави овие штикли шо ги носаш, уште коа минуваше улица ти ги гледам, ја се само важно насмејав и продолжив да разгледувам кои да си ги купам и тогаш ме разбудија кретениве низ дома има некое значење?
Не си го памтам сонот.. го заборавив, чудно зашто скоро сите сонови си ги памтам ама само овој дел го запаметив. Само незнам дали тоа го видов на јаве некаде или сум го сонувала, навистина неможам да разграничам. Значи го сонував симболот на Илуминати, онаа пирамидата што има око внатре во неа. Како сум нашла некоја хартија ама од оние старите, нешто како пергамент и врз пергаментот имало нешто и јас сум го тргнала тоа и сум ја видела пирамидата а потоа и окото.. Што би можело да значи ова?
Солзушка, Чевли се дечко, според сите толкувања тие се поврзани со мажите во нашите животи Па со среќа ако немаш дечко, значи ќе имаш некој згоден наскоро , а ако веќе имаш таков тогаш можеби мислиш дека некоја пријателка мисли дека е убав, згоден.... Во секој случај супер сон
Јас сонував како сум се возела во кола со некој кој не ми е познат (во сонот сме се познавале) и сме минеле на улицата кај баба ми а пред нивната порта стоел дедо ми кој почина пред неколку месеци и плачеше. Јас му реков на совозачот да ја запре колата да видам зошто дедо ми плаче и кога излегов го прашувам дедо што ти е зошто плачеш? Он ме гушка силно и ми вика ПА КАКО ДА НЕ ПЛАЧАМ КОГА ТИ КЕ СИ ЗАМИНЕШ СТРАНСТВО, јас го убедував да не плаче по мене дека таму кај што одам ме сакаат многу да не ме мисли а он упорно вика АМА КАКО ДА НЕ ПЛАЧАМ КОГА СИ ЗАМИНУВАШ, после сум го убедила некако и сум се качила в кола и сме продолжиле а он само ми крена рака за Пријатно и толку беше. Ајде ако сака некој нека ми каже значење за сонов...многу ме потресе плачот на мојот покоен дедо
сум барала работа на сон,по препорака од сестра ми.во некој локал слаткарница или кафич не знам што ми се рекло ќе работам како келнерка и да треба да ги чистам тоалетите од кои не сум била импресионирана,сум се двоумела дали да ја прифатам работата.надвор од локалот течело вода како од водопад брза и чиста а пред тоа сум поминала низ водата и сега за враќање сум си велела како ќе се искачувам на угорницата низ водата изгледа страшно?толкување?
со дечко ми на сон секогаш се губиме и секогаш има некоја препрека помеѓу нас за да сме разделени мн.често сонувам вакви сонови почна страв да ме фаќа единствениот човек од кои не сакам да се одделам...