Со другарка седиме на плажа и се сунчаме, а ноќе... Се мачкаме со креми, уште и се жалам сум изгорела.. Свашта Може некој да ми каже што значи???
Ах, опет глупости сонував. (as usual) Овојпат барем во сонот бев така среќна некако, не беше така вознемирувачки како претходниот. Пак го сонував вујко ми, ама овој пат знам дека тој се смееше, зборувавме нешто, пријатно беше во секој случај. Потоа ја сонував другарка ми, како сме биле кај мене во дневната на моите ама внатрешноста на собата не беше истата. И знам дека мојот бивши муватор беше надвор, пред мојот двор (порано имав некои проблеми од него и заради него) и сакаше да ми влезе дома, а ние со другарка ми ѕиркавме од ролетните што ќе бидне, кога наеднаш од нигде се створи мојот наставник по граѓанско што ми предаваше во основно и го избркал некако, се караше нешто со него и ние со другарка ми се израдувавме и такви си направивме да пукне. И од нигде под прозорот помина и мојата исто бивша наставничка по биологија, па и она имаше некоја блага насмевка на лицето, ма ко тресната од мокра чорапа беше у фацата, и јас што зборам. Па после и овој наставников поминал и ме видел и ми рекол, абе Блу, што ѕиркаш од ролетната, а?! И јас таква сум се спуштила доле, демек да не ме види и се газев од смеење, нешто многу среќна бев. Па овој влезе во собата и тоа немаше врата, немаше ни тепих бре, доле ни паркет ни ништо.. празна собата, само ролетни. Па ме прашуваше каде сум се запишала, и другарка ми му рекла аа наставнику, во ЈБТ се запиша она.. и јас онаква горда и среќна. Пх. Што сонови ќе беа ова, бре бре. А сонував и уште нешто, ама не ми текнува што.
А што значи да сонуваш како тој што ти се свиѓа ти праќа поклон во кој пишува дека се извинува што до сега не покажал колку му значам и дека ми признава дека ме сака ?! ахх,само сон.
Претходно во сонов значи, јасно видов дека немам скршен динар во новчаникот. Ама, тој што ми се свиѓа ми рече дека нема воопшто, па јас ајде како демек пребарувам да не останало нешто, отварам новчаникот и имаше пари! Не многу, но имаше. И му ги дадов. What does it mean?
Јас пак да си прашам, ако може Бубе да ми каже што значи, гледам добро и оди со толкувањево, абе должна сум ти девојко да знаеш. А ноќеска мислам дека ништо не сонував, или па не се сеќавам фала богу.
срцка неможам да ти го протолкувам сонот, нема никакво значење...не знам стварно....имам право на 3 минуси???....три пати да не знам??? далеку сум од баба ванѓа, ама според тоа јас што знам, лупење на кожата значи смртен случај....дај боже да грешам.... среќа, новости и зголемување на приходите...
лооол, немора да значи твоја смрт, не биди толкава буквалистка! може и да нема никаква врска, што се преоптеретуваш?! не се секогаш и соновите точни!
Јас сонував земјотрес. Земјата се делела, се распукувала, а јас сум трчала напред. Кога престанал земјотресот јас како да стоев од другата страна, а една зграда имаше срушено и погинаа многу луѓе. Ениуан?
^ реинбоу. Општо, сонувањето на земјотрес многумина го поврзуваат со религијата, т.е. тоа би требало да симболизира некоја должност кон црква и слично. Тоа мене ми е нелогично и бесмислено толкување. Ама има уште две толкувања. Ако слушаш - ќе слушнеш нови вести. А ако преживееш земјотрес тогаш те очекува некаква опасност. Друго, зградите. Ако гледаш како се рушат згради, тоа значи дека ќе имаш многу пречки за да ја оствариш целта што си ја зацртала. За погинати луѓе не знам точно, а знам дека ако сонуваш само луѓе (многу) тоа значи несреќа. Јас толку знам.