дечки заборавивте да сонувате во последно време!!! што е ова? се поретко и поретко пишувате а во последно време и Лични пораки со сонови имам се пиомалку....ваљда до периодов е позззздрав и само убави сонови да ве пратат
Сонував како пред мојата куќа има оставено многууу обувки (онака како што ги оставаат пред џамија),сакав да влезам во куќата, но не влегов. Што би можело да значи?
Имаш,имаш една лп од мене, ако ти недостига работата Јас помислив дека сум претерала до барањата ама изгледа дека од премногу работа не си ја видела пораката. А еве ти и уште еден сон од мен. Синоќа сонував како си избирам украс за косата е сега не сум сигурна дали еден од најубавите не ми стоеше мене добро или не ми се допаѓаше. Го проверив сонот во соновник и вика среќен брак ( ова соништава мои решиле да ме омажат само јас никако да го откријам зетот Би сакала да го прочитам твоето толкување Бубе..Како тргнала работава ќе мора на свадба да те канам
Сонував дека коста многу сум си ја скратила(на фризер) а потоа сум зела ножици и сум почнала сама да ја сечам(сум сакала помодерно да ја направам) и кога сум се погледнала на огледало ми се плачело бидејки косата ептен кретко сум ја направила и цела ножици ,ножици заникаде и сум се жалела на другарката Потоа сонував дека сум била некаде на бањење и дека новите купачи каде ке сум ги чепнала тамо се кинеле некако се распагале и ми било ужасно мака...Ова вечер сонував многу
Сонував како пред еден кафиќ имало гужва. Дошле некои дечки со 6-7 црни коли и сакале да истепаат некое дете затоа што до тогаш било повлечено и мирно, а потоа се разбунтовало. Потоа наеднаш се најдов пред мојата куќа. Ја попраќав брачеда ми. Истите коли и дечки поминаа од тука и пукаа во куќата спроти мене. Спојлер Куќата на мојот засега бивши дечко. Јас и брачеда ми не бевме уплашени од случката. И што значи ова?
Сонував како спиеме заедно со мојот дечко и како силно го гушкам и го молам никогаш да не ме остави. Истото ми го вели и тој на мене, никогаш да не го оставам. ПОтоа го гушкам уште посилно додека цело тело ми го преплавуваат најубави емоции. Што е ова???
Во последно време многу почнав да сонувам или сега почнав да ги паметам. Сонував дека се наоѓам како на бојно поле, мртви тела насекаде и гледам статуа огромна како од дрво а во облик на римски војник, двајца истотака римски војници(со тие капите римски,сандали итн)со меч ја пробушија статуата и излегоа милиони инсекти онака рој, црнила се направи од инсективе.Јас како да сакав да ги предупредам да не ја пробушуваат статуата, ама не ме слушнаа, после си ги покрив ушите и очите и низ тоа ројот од инсекти сум стигнала на некое место кое било сигурно. Уште еден вака малку језив сон, неколку дена по ред сонував дека го повикувам ѓаволот, одам по некои темни ходници, отварам врати и го барам/повикувам ѓаволот. После третата вечер по ред почнав да се чувствувам како Миа Фароу од Розмариното Бебе ,да не е ветен син ми на ѓаволот отидов во црква зедов темјан искадив низ дома и завршија соновите, ама сепак ме интересира какво значење би имал тој сон.
Сонував како сум била љубовница на еден другар на бившиот Јас се бакнувам со него, а бившиов ме гледа, сите ме озборуваат зашто овој решил да се разведува ради мене! Потоа идам дома мама ми се дере ради ситуацијава, а ја само си влегувам во соба...и од подот ми излегуваат многу мравки со крила лазат а јас ги газам ли газам Најбитното беше што газејќи ги мравкиве станав и го разбудив брат ми што ќе се успиеше за на работа
Сонував како на средно Водно мезев со узо. Кашкавалче, маслинче, салатиче, цигарче, пак узо, и така си мезам и фино ми е. Надвор темно а јас на Водно мезам. Ако знае некој ова да ми го протолкува, руку чу да му пољубим Ау да и одеднаш заврна. Дожд не знам што значи.
Штотуку сонував дека ми падна заб и по некое време се разбудив и неможам да презаспијам.. знам дека има лошо значење . Да бидам подетална вака беше сонот: прво со јазикот си допрев еден скршен заб (тројка) и си реков ах треба на забар да појдам да го поправам забот (а тој стварно ми е скршен), потоа веќе некако време како да осеќав вкус на крв во устата, и ја допрев другата тројка и видов дека ја нема..само мало парче горе од забот и скоро цел паднат. Anyone?
Не секој сон е остварлив, не кревајте паника одма. Јас пред неколку месеци сонував како ми паѓа заб, леле која фама ја кренав, значи бев нерасположена, депресивна, цело време очекував лоша вест а ништо не се случи. Џабе се оптеретував. Но нормално е штом сонуваш лош сон се одразува на тебе. Некои сонови се претчуство за иден настан, некои се наша потсвест, некои ги сонуваме при умор и напнати сме, некои се чиста глупост филмувани сонови. Така да Меги не се нервирај, туку земи оди на забар и направи си го забот
Значи напнав со соновиве, ама кој ми е крив што секоја вечер сонувам нешто интересно...Вечерва сонував дека сум на море, а дека треба да мијам садови во морето Не можев да ги измијам зашто водата беше предлабока и ми пропаѓаа во неа.Во вториот дел од сонот, на истото место дојдоа некоја пријателка на мајка ми со две или три деца(не се сеќавам колку беа) и најголемото дете беше пресладок дечко, студент на медицина и ме свиѓаше, а и он мене ми беше топ, ама пред да се случи нешто меѓу нас, јас се разбудив Значи ли се ова нешто?
Дали некој знае што значи да сонуваш едно исто момче постојано?? Не баш секој ден , ама на 3-4 недели истото момче со мене , но секогаш на различни места
внимавај на луѓето околу себе, можеби меѓу нив е потенцијалниот зет со кого ќе имаш среќен брак, а ти тоа неможеш да го видиш за кратењето на косата знам две толкувања...едното е дека ќе ти престанат грижите т.е ќе решиш некои проблеми, а другото е смрт на пријател искрено се надевам дека првото толкување ќе биде вистинското за тебе, а кинењето на купачите и општо кинење на облека означува крај на тежините. зависи како го сонуваш? дека сте во врска? онака само го гледаш? потенцирај ќе имаш покана за свеченост, но од некои причини нема да бидеш присутна...можеби поради некое момче...хммм интересен сон напредок верност некој пзонаник ке ти стане пријател....нема да успееш во работата поради други загуба или неуспех во работата среќа и благосостојба во вашата врска,
ќе имаш покана за свеченост, но од некои причини нема да бидеш присутна...можеби поради некое момче...хммм интересен сон Тенкс а лот баш ме занимаше што значат овие мои шашави соништа
SaIvnjaann напиша:Дали некој знае што значи да сонуваш едно исто момче постојано?? Не баш секој ден , ама на 3-4 недели истото момче со мене , но секогаш на различни места зависи како го сонуваш? дека сте во врска? онака само го гледаш? потенцирај Паа како да се сме многу блиски, поточно во сонот лежиме на земја и цело време зборуваме без престан и постојано сме правеле она знаеш ''дај да пукне '' со рацете. Туку мене ми беше зошто често го сонувам момчево ? Ти Благодарам
Луѓе, што значи да се сонуваш себе си со друга боја на коса? Јас сум плава, а се сонував со црна коса и со шишки (а моите ѓи носам на страна) и многу плачев во сонот и се разбудив со насолзени очи. (Во сонот плачев бидејќи многу време сум потрошила за да станам плава, и по грешка сум станала црна? )