Епа вака ... Сонувам многу често и на крај најдов решение за секој сон што значи ... Еве линк од страната : http://www.360macedonia.com/macedonia/m ... bukva_ID=1 Повекето го знаат но се надевам на некои ке им помогне
сонував како сум се возела на мотор со момче кое ми се допаѓа(тој има мотор и му се допаѓа друго девојче),а после сонував сум била на гостти кај момче што исто така ми се допаѓа но далеку живее од мојот град и сме биле на базен и станал нешто агресивен и како што сум седела покрај базенот ми ја пикнал главата внатре и јас сум се наголтила вода ( ) и кога ми ја пустил сум си ги зела сварите и сум се јавила на некој негов другар што сум се знаела сум трнала да си одам и ми рече "верувам ќе се снајдеш"! што значат??
Сонував како имав дома жена и ќерка е и решија да ми ги извадат крајниците. Што е најлошо се согласив и ќеркава почна да ми ги вади но мајка е ми објаснуваше како тоа била подолга процедура и ќе продолжеле да доаѓаат и наредните денови за да ми ги изавдат целосно. Некаква претстава што би значело ? :geek:
црна коса значи среќа. а плачењето истотака неочекувана среќа не би знаела да одговорам некој непријател се обидува да ви наштети ќе западнеш во тешкотиии
Forgotten, Заби вадење има врска со смрт. Колку се забите подалеку значи 5тки, 6ки, крајници, толку за подалечни роднини се работи. Меѓутоа тоа е индивидуално, јас пример сум сонувала нешто со кршење и вадење на заби дури за комшивката. Стара жена која ништо не ми значела мене ама ете може дека сум таква по природа па сонувам се и сешто. Сакам да ти кажам дека треба да си ги следиш и анализираш соништата и најдобро ќе знаеш за вака специфични соништа. Иако нашата Bube.Feminka е фантастичен толкувач на соништа
ти благодарам Hellen се трудам сметам дека секој сон има свое значење и треба да припазуваме на соновите бидејќи не ретко тие и ни се претскажување за некои работи кои би можеле да ни се случат, сакам да се потрудам да им одговорам на луѓето кои не се разбираат доволно во сонови, бидејќи самата сметам дека имам доста читано за соновите и слични работи, па некогаш може и ќе му помогнам на некој .... многу ти благодарам за она фантастичен толкувач на соништа ми ја подогна самодовербата
Сонував како некоја мачка ми ги гребе алиштата, лом ми ги направила. Сум заклучила се дома и таа пак успеала да ми влезе. Што значи ова ептен се загрижив?
баш денеска сабајле пред будење сонвев еден сон и жива вода се разбудив....незнам со кој бев на сонот ама трчав бегав како земјотрес да имало се полно со раскршени карпи со матна вода,карпите издробени некој мали некој големи а јас со пресконување од една на друга бегав...застанав дури кога излегов на една како полјанка зелена се завртев и гледам се лом било и си велам сама не е можно да го поминав ова!!!!! ај ако знаете кажете што би било ова.....
земјотрес значи да не ги забораваш твоите должности кон црквата,матна вода е зло,бегање означува грижи и тешкотии,не може да најдам полјанка ама најдов за зелена ливада значи повторна средба со изгубена љубов.
што означува гушкање со особата која порано ми беше симпатија ?дури и на сон го почувствував силно гушкање....
Сонував како со другарка ми се искачувавме по еден стрмен, ама еептен стрмен рид со снег (подмрзнат дури). И полека, полека стигнавме до врвот, и еден професор (што ми беше во средно, и тој со нас бил), ни рече да се симниме пак доле, дека горе немало ништо, немало веќе кај да се оди, а уште малку и ќе стигневме најгоре. И ајдее пак наза сме се враќале. И друго сонував, прстен, како бурма беше сум го пробувала на раката. Сум гледала на кој прст ми е точен. Знае некој што значи ова?
Сонував како сум прегазила дете ,со кола...Не сум му го видела лицето,ама одеднаш излегло, и сум го згазила... После тоа уште еден човек сум згазила,па сум вриштела и плачела како било ненамерно... Пред да ги згазам ми се појавувала некоја женска фаца,како дух...
Сонував како со другарка ми сме влегле во некој стан и таму имало некое како садче со многу ситни парички.И јас сум и рекла ајде бе да си земеме а она - не бе не се наши како така ќе зимаме . Јас упорна сум била да земеме пари од таму а не биле наши.Што мош да значи оваа?