Што е крв да сонуваш? Сум требала да влезам некаде во некоја зграда, и вратата цела била измачкана со крв, ми било гад да ја допрам и од внатре ко такво да било, гадно ... Многу ме вознемири сонов
туѓа крв значи добра заработувачка,но може да значи и опасност,црвена крв значи дека ти предстои радосен настан,разлиена крв се непријатности.
Сонував како сум имала дете, мало бебе кое ме гушкало силно и ме допирало со малите рачиња за стомакот. Што би значело тоа?
Сонував како трчам по автобус. И мислам дека не го фатив. После дечко ми тепал некој за да ме одбрани па и јас сум го мавнала тој неколку пати Значење?
Сонував дека сум била во библиотека, па таму имало фудбалски натпревар. Потоа сонував дека сме биле кај една школска на гости. Anyone?
Среќа ! ) признание... Не дозволувај работата да те преокупира! Библиотека-залудно го трошите времето
Сонував како шетам низ град, одеднаш непознат човек започнал да ме брка. Памтам дека ужасно ми беше, трчав и сакав да избегам, а тој се повеќе ми се доближуваше. Викав да ми помогнат, но за џабе. Што значи ова?
Неколку пати имам сонувано дека требало да се тепам,ама јас сум била беспомошна, сум немала сила да вратам на ударите.Значење?
Во последно време многу често сонувам еден дечко, што порано ми значеше многу. И тоа секогаш сонувам како јас бегам од него, го избегнувам, а тој пробува да ми се доближи некако, ама никако тоа да се случи. Баш иронично - всушност јас трчав по него, во реалноста. Секогаш кога и да го сонувам како да сака нешто да ми каже, ама јас се тргам, или пак тој е премногу тажен, или се срами, незнам. Што би можело да значи ова? Зарем до толку ми влегол во потсвест, па да го сонувам толку многу?
Сонував како да ќе е крај на свет, како сум на некој брод од дрво којшто нема страни и во секој момент некој може да падне. Насекаде има само темнина, има многу луѓе но не познавам никого, скроз сум сама и сум се доближила до некоја баба која ми дала нешто да се придржам да не паднам. Морници ме полазеа кога се разбудив, беше прилично страшно. Некој идеја што би значело ова?!
Гледав на соновник брод значи помош во последен момент,луѓето се некоја несрека,темницата значи некоја болест,а бабата јад,грижи и љутина... http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/sonovnik.php
сонував ме бркаа кучиња две...црни .. мислев дека ќе ме каснат но кога и да дојдеа до мене само ке се погалеа и јас пак бегав страв ми беше... потоа во една соба имаше на два ѕида слики ама не знам кои беа луѓето на сликите. не го разбирам сонов, помош pls
ее вака првин шо значи да сонваш куче, плачев јас за то кучето , многу плачев во сонот и кучето плачеше квичеше.. - и друго, шо значи да сонваш дека те киднапират.. уствари покје луге сме биле и еден по еден ги киднапираја, и кога дојдоф јас на ред сум избегала некако.. епа.. фала однапред
Луѓе јас денес се испотресов,сонвав како мојата зграда кај шо седам сега во моментов и е со 15 спрата се руши.Значи седам јас на тераса и читам,и одеднаш фаќа земјотрес,зградата гледам како спрема другите згради се носи надолу и само викам по сестра ми(незнам од кај и сестра ми тука) и кога иди и зградава паѓа по малце јас скокам,а зградата се распага на пепел.Сестра ми ко по чудо ја наоѓам блиску и ја извлекувам жива.Потоа трчаме по една улица која не е толку опасна,а гледам како и соседните згради исто високи една по една се уриваат.Немам контакт со никој,немам ништо.Само луѓе во паника и рушени згради. А сонвав и нешто на кратко како сум на одмор и во некое езеро пливам,таму мајка ми и татко ми,и одеднаш иди и дечко ми и плива со мене,и како и секогаш,по некое време го снемува,а таму почнува да врни дожд и да е ладно.... Ама со овој земјотресот се испотресов ноќеска,некако страшно ми беше.Кажете шо значи ова.
Се сонував со мојот бивши во некој непознат стан и тоа во џи-ха поза ме имаше кренато на раце ама облечени де, се лапаме и допираме кога одеднаш нешто ни паѓа на глава - едни мали, одвратни бубачки како семки од сончоглед со екстремитетчиња и ги тресеме од коса и тој ги нарече - сифонки, . Инаку јас бев фарбана црвена, а тој имал бемки по лице - ова го немаме на јаве. Ениван, за нападов од сифонки?
Што значи да сонуваш дека имаш модринки, и дека те брка некој а ти трчаш нели за да му избегаш ама не те фатил на крајот, па бело комбе и некои си коли што многу брзо возеа.. А таа па девојката што ме бркаше сакала демек да и се одмазди на државата зашто неќеле да и дадат работа она што сакала, и и дале да биде чистач на улици . Па, после го сонував татко ми, другарка ми и мајката на другарка ми како не пратила мене и другарка ми да и купиме водка и ние сме и купиле и после татко ми не фатил и рекол ааха, вие за вас сте си купиле водка да пиете и ние такви, неее. Ама не ни веруваше. Реков да и се јави на мајка и, и се јави и оваа вика не бре, не сум ги пратила јас по водка, нема шанси. Што значи ова баш се прашувам.