Сонував како некој кардец ја нападнал нашата куќа накај 5 часот наутро, полумрачно беше, веке почвува да се разденува и седнал кај гаражата и ги вади циглите полека и извадил само по еден ред цигли (а целиот зид беше од два реда ) значи непробил не направил дупка за да влезе до внатре а сепак на некој начин влегол и земал некои работи железа, алатки и слично. И во тој момент такто ми станал и седнал на земја до крадецот и смирено разговарал, не сакал да вика полиција (незнам нешто како страв му било) сакал со разговор да го решат проблемот..но крадецот нешто како да барал од него,и не прифаќал што и да каже татко ми, бил многу ладен и чуден човек но како да не беше од наша вера (сето тоа јас го следев од прозорец)...Потоа си отишол и кога се раздени одиме кај баба ми на ручек јас,брат ми и родителите.И мајка ми ми велела да не и кажувам на баба ми за крадецот, нешто како паника ке дигнала, сите комшии ке разберат, сакале да се реши проблемот без никој да разбере..И потоа се вракаме дома и дуваше ветер, полумрачно и на куќата сите прозорци отворени и главната врата. А внатре се беше преместено, се беше ставено по друг распоред скоро секој детал,но ништо немаше украдено, и некои нешта беа покриени со некој најлон..како да се иселуваме...јас цела преплашена почнав нешто да викам дека не сакам цел живот да живеам вака, во страв и некој друг да ми наредува и да управува со мене ..многу тешко чувство имав како да не очекува измачување од тој човек и мене и моето семејство, како да од него зависиме.. Какво значење би имало ова?
^ Крадец значи љубовна авантура а истиот да го фатите означува опасност. Тоа што си го сонувала татко ти значи среќа, е сега разговорот со него и крадецот незнам што значи но можеби татко ти во вистинскиот живот крие нешто, се плаши да не се дознае или се плаши општо од нешто. (не ме фаќај за збор, ова последново малку го нагаѓав. ) Цигла значи несреќа и грижи. А тоа што си се плашела на крајот од сонот значи дека некој човек на кого си му верувала направил нешто лошо што би можело да те разочара. Размисли, може сепак има некој таков човек во твојот живот.
Леле, што сум сонувала ноќеска. Спојлер Демек сум имала секс со едни двајца дечки од по 21 година (не ги знам), и сум им го пу*ела бе. И после ко да не сум можела да се откачам од нив, со кола дошле пред мојата куќа и се смееле нешто а мајка ми тогаш дошла од работа и мене ми било многу страв да не дознае и ме прашала кои се овие а тие тогаш се уплашиле од мајка ми како и си отишле, и јас сум и рекла немам поима, стварно ама она не ми верувала баш. Накрај испадна дека едниот од нив се заљубил во мене и ми кажал и тоа во кујната на баба ми а она имала и една гостинка, една глува баба (ја знам) Ме бутнал до ѕидот пробувајќи да ме бакне а јас од почетокот се противев но после седев таква здрвена и мртва ладна и овој знам ме бакна во уста, ама јас него не го бакнав само така си стоев а он пробуваше да ме смува де. Па му викав како ова не може да успее, и јас порано сум сакала некој од 21 година и овој рекол ааа, тој ли бе, па го знам него, остај го.. Па сум се плашела и ми било срам да и кажам на другарка ми што сум направила со нив, ама и кажав и тоа во супермаркет кога бевме. Нешто така беше, не ми текнува на друго. Бубее, те викам на помош да ми протолкуваш што можеш.
Леле луѓе сум ја сонувала својата свадба. И тоа како сум се мажила сега, на седумнаесет години. На почетокот сум била среќна, ама потоа веднаш сум сфатила каква грешка сум направила. Колку работи сум пропуштила... И тоа не сум се мажила со човекот што го сакам, туку со некој друг. И одма сум размислувала кога да се разведам. Кога станав бев среќна што се работи за сон. Знае ли некој што значи ова?
Незнам за бубашваби, ама што беше пајак да сонуваш? Во колата на зет ми, сме се возеле нели со сестра ми и пајак некој имал голем. И што значи метеори да сонуваш? Ги сонував онаа ноќ кога беше тој дожд од метеори, а не видов ниту еден.
ПАЈАК радосна вест, наследство. Ова го најдов на точка.сом.мк http://www.riznica.com.mk/Sonovnik/bukva/%D0%9F Види и овде, неможе да се копира, а има за пајак.
Пајак - кавга со пријателите кои ќе сплеткарат против вас. Добро е ако на сон го убиете пајакот, колку е поголем толку е поголема добивката. Матеор - ако на сон гледате како ви паѓаат метеори од небото - на јаве така ви "паѓаат" пари од небото
Последно сонував еден вознемирувачки сон.... Мојата сестра(која заврши средно медицинско училиште)ми правеше операција на кичма...а предходно имав направено една и од таму ми ваѓаа некакви топчиња...исто така имав и конци на предходната операција (сеуште не беа извадени)...Исто така се видов и во огледало кога на некого(не се сеќавам на кого)ги покажував конците од првата операција и истовремено чекав да почне дејството на инјекциите... Можеби не изгледа така...Но навистина беше морничаво Знае ли некој што значи?
Комедии ми се соновите. Секоја вечер сонувам и понекогаш има некој кошмар, ама јас пак си се смеам. Денес сонував дека сум била на одмор за Грција. И таму имало војна па сме се криеле. И потоа сме се сретнале со другарка и сме скокале по плажата, на полноќ. И потоа следниот ден требало да си одиме дома а јас и мајка ми сме отишле во Солун на шопинг. И мајка ми ме убедувала да пробам едно фустанче а јас упорно не! И на крај сум го пробала и многу ми се допаѓало, ама сум лажела дека е глупо, тврдоглава една. ( и во сон, јас сум си јас. )
Единствена Се разбира дека и во сон ти си ти Некого не го сакаш во реалноста, тоа значи твојот сон. Најверојатно некој дечко. Поздрав
Мене секогаш си ми ги погодила целосно Бубе. Дури во прво време не сум можела крај со крај да поврзам меѓутоа кога ќе размислам и го премотам филмот на ситуација некоја си викам ете го толкувањето на Бубе Феминка. Од голема помош си ни на сите. Прости ако некогаш ти досадуваме малку повеќе. Ќе бидеме тука да ги споделиме нашата љубов и разбирање со тебе секогаш кога ке ти затреба.
сонував како сме направиле веридба со дечко ми,меѓутоа се било набрзина и неиспланирано претходно. сме седеле кај него и почнале да доаѓаат негови роднини и почнале со некои чудни обичаи...од некаде се појавила тетка ми и ми рекла некој ќе се мажи.. )
Се надевам дека ќе има некој да ми го протолкува сонов мој глупав. Сум била на викендичка со моиве-татко ми,мајка ми,брат ми. Било навечер,сме се спремале за легнување. Јас сум станала да се напијам млеко,вода така нешто, кога сум видела еден огромен глушец.Стаорец бе! Сум се преплашила (инаку многу се плашам од глувци,жаби,гуштери такви работи) и сум почнала да го газам. И ми дошле се повеќе и повеќе, а јас сум ги газела ли газела, демек да ги убијам. По некое време некој немало да мрда-како мртов,и после пак ќе станел. Фактички,не сум можела никако да ги убијам тоа стаорците. Што би можело ова да значи? Фала однапред.
Можеби сонов е чиста глупост, ама секој ден ми се врти во главата и како помина времето се пореален ми изгледа... Значи вака: ја сонував мојата соба со стариот мебел. Во неа имало врата која водела во „тајна соба“, во која биле сите предмети од моето детство. За неа знаела само баба ми, која во сонот била жива , а тогаш сум дознала и јас. И толку беше. Ама како помина времето се повеќе и повеќе мисалм дека не било сон туку дека навистина некогаш се случило тоа.
Сонував како преминуваме река ( прво со едно девојче што ми е само познаничка, после од некаде со мојата најдобра другарка), ама реката била голема и не сме можеле... имало некој дрвен мост што не бил сигурен, пробавме на него но пукна на средината и се вративме назад... никако не се снајдовме, реката беше така широка, не ми текнува дали беше бистра или матна..
Сонував како сум стварно страшно болна и нема лек за болеста,мајка ми ме напушта,а татко ми ми вика да ги затворам очите и дека се ќе биде во ред, се разбудувам што значи тогаш умирам. Може некој да ми каже што значи ова?! Премногу беше болно најстрашниот сон кој сум го имала... Ве молам
Два пати сонувам како во уво ми влегува пчела-оса не знам што беше и во сонот ме фака паника се мачам ми брмчи во уво
Ај и јас да си го раскажам сонот-бев со неколку другарки во Рамстор и таму имаше некое мало штандче со гумени бонбони, сокови итн.Јас си седнав таму и си земав неколку гумени бонбончиња, а келнерката ми направи некој цеден сок што не го нарачав.Кога и ја побарав сметката ми кажа некоја луда цена-274 денари за неколку гумени бонбончиња, па претпоставив дека толку е сметката заради сокот.И објаснував дека не сум го нарачала сокот и дека заради тоа нема да го платам, но таа не попушташе.Ги преброив парите што ги имав во мене и немав доволно, па земав уште 80 денари од една другарка.Таман јас да се откажам од убедувањето и да платам, сфатив дека менаџерот не слушал цело време и само ми рече:Откако слушнав се, разбрав дека не треба да ви го наплатиме сокот.Нема проблем...И не ми ги наплати ни гумените бонбончиња.Јас со еден самозадоволен изглед на лицето ја погледнав келнерката и си отидов.И ги вратив парите на другарка ми и...толку беше сонот.Знам дека е многу чуден и не верувам дека значи, ама може Бубе или некој друг ќе успее да го протолкува?