Ништо страшно Cupcake. Губењто на луѓето кои ги сакаме, смртта е наш најголем заеднички страв и одвреме навреме се појавува од поттсвеста во нашите соништа. Сите сме имале такви кошмари од кои едвај чекаме да се разбудиме ама кога ќе се разбудиш знаеш дека тоа нема врска со реланоста. Само стравот ти излегол во сон. Уживај во животот, според овој сон никому ништо нема да му се случи. Убав ден, девојче !
Сонував еден дечко и девојка (не сум сигурна дали беа заедно) и сеа како дечково имал рак и ќе умрел ама пред тоа сакал да има заедничка слика со девојката. И само што се сликале гушнати, оваа девојкава починала на неговото рамо. Напоменувам, не ги знам ни дечково ни девојкава. И сум си викала во сонот, ее си умре девојкава пред дечкото. А претходната вечер си го сонував професорот по математика , па како бил на некоја емисија со пензионери и ми дал железна паричка на која пишувало 100 денари и демек таа ми била потребна, била клучот за да извршам некоја мисија. Абе смешки. Знае некој што значи ова?
факт е дека соновите се само мисли т.е еден сон е една мисла која ја помислуваме во текот на нојќта и тој сон трае од 10 секунди до 2 минути но јас знам дека тоа е вистина но сепак верувам во соновите го толкувам онака како што јас сакам но мислам дека то што го пишува на соновник на една друга страна не е точно
Сонував дека сум во некоја куќа (не знам која) и имаше една зена која го бркаше мало дете, сакаше од мајка му да го земи и само што го зеде јас го тргнав детето и го криев од неа... после тоа во една мало собче ја најдов мајка му и и го дадов детето. Имаше две врати, на едната јас држев да не ожи да отвори а другата беше спроти мене и само што сакаше да влези таа лошата јас ја заклучив, а таа тропаше силно. Потоа детето ме викна со рацете накај него и ми подрече нешто само незнам точно што, а зад него имаше нешто како топка крвава и под него мало бебе ... ужас значење на сонов ?! ...
Devojki ako moze nekoja od vas da mi go protolkuva sonot.Sonuvav kako sum kaj tetka mi i taami kazuva deka tatko mi pocinal[inaku toj e pocinat veke 3 god.]Tolku mnogu placev sto i pernicata sabajleto mi bese mokra.
Има еден сон кој што го сонував пред неколку години, но до сега никој не знаеше да ми го каже целосното негово значење...... Сонував како се наоѓам во парк, а околу мене имаше само попови.....и тоа многу- како кога има некој концерт. Само јас бев “обичен човек“, сите останати беа попови. Сакав да си отидам од таа гужва и одеднаш здогледав двајца старци. Маж и жена. Беа грозни, цели никакви, со меури по лицето и главата. Јас си тргнав по права улица и тие почнаа да ме следат. Го забрзував чекорот и се вртев да видам што прават тие. Ме следеа, сеуште. Се свртев по трет пат и тие беа таму. Кога продолжив право пред мене се појави баба во црно, ме фати за рака и ми рече дека сум проколната. Мислам дека ми рече да отидам во црква. Кога ми ја пушти раката се претвори во баба со сина шамија на главата, а старците ги снема. Значи, не можам да ви објаснам колку беше морничав сонов. Па, би сакала некој да ми каже што би значел.
повеќе попови значи да се откажеш од твоите намери,старец е дека ти треба добар совет а старица носи несреќа и бес,улица е ново познанство,баба значи јад,грижи,љутина тоа е се што најдов
Многу ме интересира што значи сонов, ептен се осеќам носталгично некако кога се присеќавам на него. А инаку, ме интересира за уште мои два сонови само не ми се од сега, како мала ги имам сонувано. Ја сонував мојата сега веќе почината баба како доаѓа кај мене дома и јас сум и викала да одиме од влезот што е позади кај баба ми (другата) и да се качиме во лифтот што е пред вратата, да се возиме да сум и се пофалела каков бил.. И сме се качиле и јас сум била као среќна и сме се возеле горе долу А нормално, немаме лифт пред вратата. И тоа многу пати го сонував сонот, не беше само еднаш.. Друг сон дека јас одам по мојата улица и наеднаш наидува некоја кола или пак некој ме брка а јас сум со 1-2 девојчиња што не ги знам и наеднаш ќе паднам при крајот на улицата а треба да избегам или да се спасам од колата ама не можам да станам, едноставно немам сила а упорно се обидувам. А девојчињава само си стојат и ме гледаат. И овој го имам сонувано повеќе пати. Знам дека се многу одамна, ама многу сакам да знам што значат. Само уште овој сон, ветувам. Исто како помала го имам сонувано мојот починат дедо кој инаку починал уште кога јас сум имала една ипол година, значи не ни го памтам. Бил во некоја темна просторија и бил како свештеник, носел црна наметка со два крста на неа. (колку што паметам) Па после како јас сум го набљудувала од клучалката на вратата и сум го снимала и сум ја покажувала видео снимката на моите другари и сум им викала еве го мојот дедо, леле свештеник е. Еј, жими се Бубе ако успееш да ми ги протолкуваш соновиве ќе те частам.
Сонував како со моите две другарки сме биле на некоја манифестација каде што пееле познати пејачи, имало многу гужва и ние не сме можеле да се качиме на тие скалите да гледаме од блиску , па затоа сме стоеле скроз доле.Едната другарка почнала да вика по едно момче дека и јас сум дојдена и дека сум тука до неа, но тој не обратил многу внимание.Потоа јас сум се стрчнала на кај едни двајца луѓе кои оделе со 2 кучиња (од тие големите, страшните) бидејќи едниот човек ми заличел на братучетка ми,но кога сум се приближила кучињата иако биле врзани почнале да ме лаат и јас сум видела дека не е братучетка ми и сум почнала да трчам назад на кај другарките. Потоа сум забележала како тоа момче цело време ме барало со поглед , а и јас него и цело време сме се смешкале и двајцата. (сум не можела да стигнам до него тој бил качен горе на скалите) Инаку, постојано го сонувам дечково, се знаеме се поздравуваме , јас знам се за него али тој ништо за мене ...па дури не ни знае како се викам. Што би можело да значи ? Благодарам одднапред!
Јас не знам што ми се случува, сонувам неповрзани сонови. Неколку во една ноќ, и еден со друг блага веза си немаат. Соновиве ептен се настрани,а најчудно ми е што и ако имам некоја болка во сонот, навистина ја чуствувам, ако сум исплашена во сонот, таква и се будам и цел ден параноична сум, едноставно, како навистина да се случуваат, како реални да се. Еднаш сонував дека трчам силно и дека ме боли коленото, и ко станав чуствував ужасна болка, во истото колено, на истото место кај што ме болеше во сонот. Вчеравечер, прво сонував дека имам 2 расипани заби, еден од едната страна, друг од другата, ама онака баш расипани, кафеави целите и дури и здивот си го чуствував како ми мириса. После сонував дека во градот мој, кај што поминуваат шините имало зграда (а нема на тоа место што го сонував) и јас сум гледала низ прозорец во шините. На крај сонував дека јас баба ми и едно девојче (не го познавам) сме бегале од некого/нешто и баба ми одеднаш паднала во кал, се испреплетила целата и не сме можеле да ја извадиме. По некое време ни рече да ја оставиме тука, ние да одиме. И тогаш се разбудив. Единствено што знам да си протумачам од мојот сон е расипаните заби. А другото?
Јас сонував дека додека сум спиела мајка ми ми ги исекла ноктите, и после сум плачела кога сум се разбудила... а потоа сонувам дека е зимо и сум носела црн капут долг, па сум стасала со некоја ординација каде сум била медицинска сестра.
А што значи да се сонуваат семафори и таман ќе сум требала да ја преминам улицата зелено се појавувало и на мене сум носела бела марама?
Сум сонувала како ми паднале неколку заби од долната вилица и имало многу крв. Да не знае некој што значи тоа??
Епа вака јас ноќесва сонував дека ќе има крај на светот во 2012 , па сонував како поплавуваме па куќите летаат кон небото .. овој сон го сонувам неколку пати , дали тоа значи нешто?!?