Дечки ова сега само што го сонував, се исплашив и станав од спиење: Прво како на левата рака ми тетовирале пеперуга, и горе моето име на кинески, а после тоа ми паднала левта така, неколку дена сум спиела во болница, и некако после се залепила. Се разбудив, и раката ми беше здрвена. Знае некој што значи?
Сонував нешто како демек требало да одиме во болница да си ги земеме бебињата, па требало да спремаме за мекици и стрина ми ги тресеше чаршавите од трошки и местеше леб, а местото беше ко во хотел некако... Па после мајка ми пред мене носела во раце женско бебе, а јас позади неа машко. И така одејќи сум го покажувала на некои околу мене После пак сонував некое машко со се лик и се ама не знам таков човек и сум му рекла ти се викаш така и си од таму? А тој збунето ме гледал и ми рекол само да. И јас му се насмеав и толку Значење некое?
Што значи да сонуваш недоградена куќа?Беше голема ама онака само со темели и кров била не едно дете што ми е симпатично
Најморничавиот сон што досега сум го сонувала. Бев кај баба ми.Во собата имаше црна мачка,наеднаш мачката почна неконтролирано да скока од подот до плафонот неколку пати при што со секое скокање се удираше многу силно.По неколку удари падна и почина. На задната ногата беше заврзана со врвка и наеднаш таа врвка се најде во јадењето кое што го јадевме не се сеќавам точно како беше,но врвката таму беше по моја вина.По некое време мачката се освести,но една жена ја фати и ја задави. Можеби сонов звучи глупаво,но мене многу ме потресе,сеуште неможам да се соземам. Ве молам ако може да го протолкувате.
значи пак ме прогонува лезбејка во сон. не знам што е работава,почнав често да го сонувам тоа.во почетокот гледав да ја избегнам и да фатам штрафта,но ми дошло убаво..што треба да значи тоа ???
Значи сим го сонувала најдобриот сон до сега... Го сонував бившиот од пола нагоре гол нешо праевме муабети, после се најдовме негде на планина со друштво сите собрани таму .. и Лежевме бевме сите парови.. си се гушкавме .. Да не знае некој шо значи ??
Мислам дека си спиела незгодно и си почнала да ја запираш крвта во раката ( затоа ти била здрвена ) а сонот ти е само последица на трнењето шо ти се дешавало у реалноста. И јас обично кога сонувам дека раката ми е повредена или дека не ми е у функција, се будам и не ја осеќам, тоест ми трне.. Па после паничам додека не ми се врати крвта у раката..
Сношти сонував како една жена ми ја стрижеше косата и едно другарка ми рече не и давај пари демек се знајме со неа, ама јас сакав да испаднам културна и дадов пари ама многу скапо ме кошташе ама мислев дека се знаеме и дека ке ми речи не треба за пари али таа си побара дупло што означува?
Ајде кој ќе ми каже што значи ваков сон..... Сум седела со бившиот дечко во некоја дрвена куќа и тој се имал вратено од странство .... ми подарил лижалче (од оние како бастунчиња ) и сум ги заборавила чевлите кај него ова нема смисла ама така беше во сонот
девојки ај ви се моламда ми кажете што значи да сонуваш како имаш секс значи и интимни делови сум видела и негов и мој,значи толку бил реален сонот-страшно....а додека сме работеле на случајот цело време не гледало едно куче,а сме се плашеле да не не виде некој кој на крај пак не завариле...во сонот сум имала односи со мој бивши шеф (кој не е оженет)
Ако некој е расположен да протолкува: сонував дека сум добила писмо од еден момак и тоа прекрасно љубовно писмо. Го читав и не можев да прекинам да се смешкам, ама буквално цело време. Дури мислам и се разбудив оцерена цела
Сонував два сона со иста личност и како што не знам што значат ми се вртат во глава: бев на плажа со братучедка ми и мајка ми и покрај нас помина другата братучедка, со која не сум скарана, ама се налути нешто и немаме муабет. Таа помна со братучедка ми со која и не се знаат лично. Двете минуваат покрај нас како со криење. Мама ги гледа и станува и ги прашува зошто не правите муабет? Зошто бегате? И тие почнале да трчаат и цело време околу нас се врткале. А другиот сон е со истата братучедка со која немам муабет, ама во сонов се било океј. Бевме како порано, неразделни, заедно, се зезавме, шетавме, бевме скроз океј. Знам дека требаше да одиме кај некого и ние сме избегале од таму и сме седеле покрај дрим како порано навечер што седевме и сме се зезале. Значи се било океј. И кога се разбудив помислив дека навистина е се така океј... Ако може некој да ми каже што значат ќе бидам багодарна!
Сонував како сум се мувала со еден мој другар, кој патем е босанец и мноогу беше убаво ама вака кога се присеќавам на него не ми е баш убаво ама нема везе. Знае некој што значи?
Ај ако може некој да ми го протолкува сонов! Вечерва сонував како сум ја видела мојата добра другарка со едно девојче кое баш и не госакам и оделе заедно на училиште бидејќи заедно учеле а тие учат во 2 сосема разлишни училишта и добра јас си продолжувам по пат кај едно на Пелистер и поминувам покрај куќата на едни пријатели и гледам ѕирка некој од еден прозорец и гледам дека е XXXX и јас влегувам во двворот и се кашувам и го гледам човекот и се стрчувам и го гушкам и почнувам да плачам од среќа бидејќи тој човек е умрен веќе 6-7 години и потоа наеднаш се наоѓам во еден стан на моја другарка и јас татко ми и братму и го средуваме станот пред таа да се врати а наземја имало слика од Еминем! Бе молам кажете ми жто значи сонов!!!
јас пак сонував како се возиме во кола со дечко ми ама колата се движеше наназад во еден момент се свртов назад и видов дека ни доѓа друга кола која не удри и веднаш експлодира но на колата во која бевме ние не и беше ништо. знае некој нешо шо значи сонов?