Што значи да сонуваш почината жена, но во сонот жива и да ти каже дека си се здебелила? Сега најдов, дебелина - чест значело.
Знае некој што значи да сонуваш како некој вози кола во круг а јас го гледам? И капење во вода,патување,список....Многу работи сонувам во последно време А да и неверство од страна на другарка Еве што најдов: Извини за преводот но некои зборови не ги знам На соновникот пишува војна-кавга. Загуба на некое драго лице ако се бањаш во матна вода а матна вода значи зло. Трудница-зло. Леле на сите напишав Сега на мене кој ќе ми напише?
Бебето е ембрион, односно ново нешто, нов почеток, нов пат. Не верувајте на соновниците врска немаат! Гледајте ги соновите во скриените значења, има многу поврзаност со вашиот живот(потсвесно), а не со бабини деветини пишани по сајтови.
Сум сонувала како дечкото со кој што се гледав извесен период стоел до мене ама никако да ми пријде да зборуваме само од страна ме посматрал и следел се што правам,а сме се наоѓале во двор на некоја многу убава куќа нова изградена со зелена фасада била.Што значи ова може некој да ми каже?
сака да ти пријде, но не знае како ќе реагираш ти на тоа,сака да ти објасни некои лаги,да ти се правда...а зелената фасада е среќна иднина мислам дека тоа ти е потсвесно...иначе војна значи кавга... опасност, прогонување матна вода зло,загуба на драго лице, а доколку победи во тепачката-победа на непријателите, а доколку изгуби- опасност извини што не ти пишав веднаш, сега го видов сонот, кинењето на маицата е кавга со некого, а чим не го знаеш дечкото или ќе го запознаеш и ќе се скарате или пак не е за тебе сонот некој од твоите блиски има проблеми го искористуваат, а тој неможе да се свести и цело време се врти во круг! неверството на сон е неверство на јаве, пази се од таа другарка!!!! ПОЗДРАВ ДЕВОЈКИ!!!!! GOOD LUCK!
Минатата ноќ сонував ептен чуден сон, поради кој цел ден сум замислена Сонував како мојата почината мајка држи во раце женско бебе (во сонот моја ќерка), а јас имам син
Веќе 3 пати сонувам дека треба да правам писмена математика не за друго, има веќе 2 години од кога дипломирав, па си викам шо не сонувам дека ќе полагам некој испит, туку писмени бе... сериозно, 3 пати истото го сонувам, дека имам писмена, а јас немам научено и немам време да се спремам за писмената... и така озбилно си се секирам во сонот. Е ај сеа де
Ми работи ли психата или не знам што ми е.. но впечатокот од сонот ме држи цел ден.. Мало девојче трча а јас го следам. од една голема улица се делат 4 помали улички а девојчето ја одбира последната и тргнува по неа. Јас ја следам. Снегови..огромни. Се наоколу снежно. Стасуваме до еден мост.. тука завршува уличката понатака шума. пред мостот од десна страна чопор волци, не не напаѓаат само стојат, а после мостот огромна кафена мечка, стои исправено на две нозе и гледа во нас. А девојчево што ме водеше се смее ли се смее... онака ѓаволски, лошо, иронично... ..Како и да е, не ми изгледа дека ке е на арно...поздрав
што значи да сонуваш да се прегарнуваш со личност со која во приватен живот си скарана и немаш муабет..?? што значи да сонуваш ЛАВ??
Лав сам по себе значи дека ке имаш огромен успех во некоја работа што допрва ке ја почнеш. НО има и подваријанти, како на пример лавица со млади..да убиеш лав, да слушаш како рика..и слично.. А тие си имаат друго значење
Сонувам многу. Ептен многу. Има ноќи кога по цела ноќ сонувам, се будам пак заспивам, пак сонувам и наредниот ден сум како утепана. И преку ден и преку ноќ на 5мин што ке склопам очи одма почнат да ми доаѓаат слики. Мн ме нервира таа особина. Сакам барем една ноќ да заспијам како човек да ми одмори и мозокот и телото и психата и се. Порано еден сон мн често ми се повторуваше како некои лоши луѓе ме бркаат и ја скокам преку тарасата и трчам од куќа во куќа, дури понекогаш летав од толку што ми беше да не ме фатат. (колку е грозно чуството кога „слетуваш“ целото тело ми згрчи) и на крајот секогаш кога требаше да ме фатат се будев. Е сега последниве месеци се измени сонот. Значи пак бегам, ама кога видам дека веќе нема каде, се вртам кон нив, како да се соочувам со нив и тие пукаат во мене ама куршумите ме избегнуваат и успевам да се спасам. Па дури на крајот поминувам покрај нив и си одам. Што значи тоа?? Исто така пред 5/6 месеци сонував како со дечко ми (кој е муслиман) одиме по паркингот, близу црквата, приквечерина беше и јас ја кревам главата и забележувам две месечини и му покажувам да ги види. Одеднаш едната почна да се движи и застана над камбаната. јас и дечко ми одиме натаму и гледам мн свет се собрале и гледааат нагоре. Приоѓаме и ние и одеднаш месечината се претвори во Исус Христос и тој лебди над камбаната и ме гледа во очи. (Колку бев возвудена од толку народ баш мене ме гледаше во очи) И ми рече „Ослободена си од гревовите за наредните 10 години“. Се разбудив и имав прекрасно чуство. Што би значело ова??
Што значи да се сонува бројот 8 ? Видов само слика пред мене како на facebook сум имала 8 понуди за пријателство и 8 нотификациии. Ниту еден соновник го нема значењето на бројот 8 во сон. Некој со некоја идеја, искуство ? Bube. Feminka, помагај
Не ги знам баш правилата..ако згрешам со постирањето на линкот однапред се извинувам, ненамерно е и со добра волја.. еве линк на кој пишува што значат сите броеви во сонот- вклучувајки го и бројот 8. http://www.astrolook.com/numerologija/brsnovi.shtml
девојчето е ново интересно познанство(а може и нешто повеќе од познанство),снегот претставува лажна љубов, несреќа, , ти претстои некоја ризична работа, ризичен настан, волците претставуваат твои пријатели кои те штитат и кои ке направат некоја работа да излезе на добро, мечката е некој непријател кој чека секој момент да ти наштети, а смеењето на девојчето кажува дека ќе доживееш непријатности, ќе бидеш предмет на некое исмејување!! осмицата значи среќа, дупла среќа и баланс меѓу лошото и доброто....најверојатно мила ќе умееш да го препознаеш лошото од доброто, и се ќе биде во ред ! позззз
nekoi rabotri ke ti se odvivaat i ponatamu ako ne smenis nesto kaj sebe simbolot na brojot 8 e beskonecnost no i strast. Se odnesuva na tvojot dosegasen i iden ljuboven zivot
Ах Бубе сите пофалби на светов за тебе малку се...Имав некое претчувство дека нешто добро и убаво значи сонот ...ноќта после тоа сонував како ги гледам очите на таткото на еден мој многу драг пријател. Воо ѓиво кога го видов прв пат мислев колку е строг ќовеков а во сонот имаше мирни очи како добро човече и тоа е нешто добро сигурно. Можеби уште една 8ка само сега хоризонтална за да го комплетира сето ова а може е нешто друго...Што мислиш ти? Фала Фала многу ти фала ! Небројано пати фала не знаш колку многу ми значи сето ова во овој период Love you my love ! Have a nice day and God bless you 4 everything you do on this Earth