сонував како една особа која не ми е многу блиска , била иронична со мене и ми се заканувала за издавање на некоја тајна хммммммм... утрово кога станав не се замилив за содржината на сонот воопшто , но се чудев од каде таа особа да ми дојде во сон, се знаеме онака на здраво и тоа тоа здраво го правиме еднаш до двапати годишно . Уште повеќе се замислив сега кога на фб видов дека денес му е роденден ..тинунину ...знае некој што би можело да значи вакво нешто ?? (да нагласам фб немав отворено цела недела , зошто не бев тука и немав појма дека денес му е роденден )
Литлбејби,сонот не можеш да го избегнеш ,тоа е нормална појава. Можеш само да го смениш својот став кон соништата ,да ги прифатиш и веќе ако навистина те мачат,пред легнување навивај си го мозокот дека сакаш ментално да се опуштиш додека спиеш,дека не сакаш да сонуваш напорни и заморувачки соништа туку убави и преполни со фантазија по твој вкус. Проверено помага
веќе двапати го сонувам истиот сон.. Kако повторно го спремаме,подготвуваме погребот на баба ми,како дедо ми се врака од лекар и јас му кажувам дека баба починала и се будам исплашена
Jaс сонував како на пола мое семејство му паднала косата...не скроз,ама имале да речам 3-4 влакна,(така е зборот нели)... Само не ни паднала на мене,мајка ми,и на едно братучедче мало... ???????
Леле девојки, неможев да се освестам Ве молам ако знае некоја нека ми го протолкува сонов. ВЕ МОЛАМ! Сонував дека си седам со баба ми и татко ми, и туку наеднаш гледам на небото авион кој паѓа и многу мноооогуу плачев за луѓето во него, ми беше жал. После него уште еден падна, па уште еден. Значи 3 авиони паднаа и не сте свесни колку плачев. Само викав "Леле бе зарем никој не ги виде авиониве, леле како паднаа загреота луѓето, гледајте, гледајте!!"буквално се дерев и плачев, ама плачев ненормално. После нешто снег сонував дека заврна ама многу беше убав снегот. И така ми се исплетка уште некој сон.. Отворав по соновниците но никаде немаше конкретно одговор за авион кој паѓа. Имаше само дека ако гледаш авион било нешто добро. Ве молам ако може некоја од вас да ми го протолкува сонот, многу се плашам. Ве молам женски.
Сонував како сум чувала некое жолто пиле, како оние малечките на кокошката, и тоа ми зборело дека некој сака да ми го земе, а јас многу сум го чувала и сум го криела страв ми било да не ми го украдат. И цело време сум мислела како да го скријам никој да не ми го земе.
Не би сакала да не сонуваш... тогаш нема ни да живееш... Секое живо суштество сонува, секогаш кога спие, дури и да не го памтиш сонот кога мислиш дека не си сонувала ништо - ти си сонувала. Не е возможно да не се сонува.
Овие денови само лоши сонови сонувам.Некни сонував како сум била невеста и сум избегала таман пред да се венчаме со некој сосем друг човек ( Мислам дека нее убаво да сонуваш невеста ) Вчера сонував како некој човек цело време ме брка и ме пука со пиштол и на крајот ме погоди и ме фрли од тараса А денес како некој ме киднапирал и цело време ме мачеше во сонот Што би можеле да значат овие сонови?
Невеста во сон значи некоја грижа или минлива болест, а може да значи долг живот и основање семејство. Пиштол во сон значи некоја непријатност или опасност пази се од некој пријател ќе сака нешто да те повреди. Киднапирање во сон значи некоја грижа. Пиле во сон значи успех или некој убав глас. Нешто необично ќе ти се случи на тебе или на некои твои блиски, не се секирај не е лош сонот! Паѓање на коса во сон значи некоја мака ќе ви падне или ќе ви олесни на цело твое семејство и на тебе. Пази некоја непријатност може да ти се случи.
Синоќа сонував како дедо ми умрел и оставил тестамент. (не дај боже ) И го читавме на кој што му оставил, и во него пишувало дека оставил нешто на жената на брат му зошто му било мн жал за неа, оти на млади години вдовица останала (не е вдовица инаку) па и дека немала нозе Знае некој што значи сонот?
Сонував прво како одам по некој пат и ме застануваат тројца мажи и едниот ми вперува пиштол, му реков па што, пукни и ќе одам кај татко ми Спојлер (кој е починат) , на што ми одговори "ама тој е во инвалидска количка сега." Потоа сонував како дома по втор пат не прогонувале лоши духови, пробувавме со пријателите и семејството да бегаме но тие беа насекаде и се претставуваа со се пострашни знаци, дури еден влезе во нечие тело и испушташе страшни крици. Потоа веќе не можев да се спасам и ме зел најстариот (сега веќе физички манифестиран), ме одвел со него и бев присилена на секс, барав помош од другите но само седеа зад мене и гледаа. Значење?
Што значи да сонуваш мачки?? Имав четири во сонот, сива, црна и две шарени. Не сакаа да се тргнат од еден агол од собата. Ги бркав од таму, ама цело време завршуваа во ќошот.
Мачката означува лицемерие, а бидејќи не си можела да ги избркаш тоа се некои закоравени лицемерки од твојата блиска околина. Сивата може да укажува на повозрасна личност.
Меги сонот е малку морничав па можам да замислам како ти било додека го сонуваш, сонот сака да те предупрди од некоја опасност некој ќе сака да ти наштети нешто, но тој некој може да биде од минатото внимавај на себе и подобро анализирај ги лицата кои се во твоја близина.