Многу гледаш цртани ,шала на страна не знам. А јас како да имам маратон на чудни сонови овие вечери. Сонував како треба да тргнам на факултет а како обично во соновите се е забавено и нејасно.И гледам дека веќе каснам но не можам и не можам да се спремам како што треба.Де мобилен ке забравам,де книга и така не успевам да стасам на прво предавање,велам ај ќе одам на второ.И после не сум отишла ни на второ предавање и шетам низ чаршија со едно девојче со кое како мала се дружев,немам појма одкаде таа во сонот .И одеднаш се појавува едно машко и го гледам од поблиску Марио Касас да ти бил и ме бакнува тој во образ а јас како да сум се изнервирала од тоа што ме бакнал бог да чува и да бране.И после кога јас сум пробала да му се приближам тој ме кулира и во тој момент се будам.Нееее,а баш бев три метри над небото Шала на страна ама Марио Касас сириасли,јес да ми е убав ама не сум се до толку замарала или лудувала по него па за да го сонувам .Штета што заборавив автограмче да му побарам.
Верувам дека соновите си носат со себе некое значење затоа што не ретко се случува тоа што го сонувам да се оствари. Можеби не потполно исто како што тоа било во сонот, но поголем дел од работите што сум ги видела во сонот биле такви.
Сонував како сум била во кола со моите и само кога сме застанале на некоја автобуска почнале да доаѓаат едни огромни бубачки, оси и муви и да ни чукаат по стаклото и влегла некако една огромна ѕиновска мува и баш кога ме мавна се разбудив. Другиот сон беше како доаѓам дома од некаде и гледам елката полунакитена и мајка ми ми викала: де бе ти кажав дека денес ја китиме, ти толку ме слушаш. И после сме земале сме ја кителе со татко ми со некои нови лампиони и машни.
оххх ф*к одувек сум имала сонови со некакво значање и порака некаква епа ноќеска фино лепо сонував дека сум пред мочуриште некое и сум сакала да се вратам назад по патот , а патот со магла, арно ама маглата се спуштила толку ниско што од половина надоле ништо не се гледало а ја па будала уште ке се наведнувам да видам како е во маглата свашта боже , и среќа наишол некој и сум си заминала, и така си глеам низ нет денес што значи и ете пак не сум далеку од вистината хах
Што значи кога сонуваш дека ти паѓа долниот преден заб? Спојлер Знам дека е нешто лошо Во сонот личев на Дарамраџ во забите
И дечко ми така ми кажа првите заби ги означувале, мајката и таткото, двојките, братот или сестрата а другите заби подалечните роднини.... Не дај боже
Во рок од еден месец два пати сонив како ми паѓаат заби, па фала богу не се случи такво нешто. Не се плаши
сум сонувала повеке пати како сум бремена но последен пат дури и се загразив, сонував дека сум била бремена и Чуството како детето мрда во стомак како клоца мн. и се загризив мн дали некој знае да ми казе сто е ??!! фала однапред!
Сите другари и роднини кои имаат миленичиња мене ми ги дале и цел двор ми бил полн со животни. Потоа сум отишла да се шетам со другарка во 2ипол навечер и на неа и текнало да оди да си ја вади протезата. И јас сум кажала ми ај кога веќе одиме натаму има ветеринар веднаш до заболекарот, да ја однесам на братучеда ми кучката на операција оти без неа ќе умре. Уште еден комедичен бесмислен сон.
Се сонив многу поубава од сега. Што по ѓаволите би можело да симболизира ова? Не можам да ја сфатам логиката на сонот, го тупам веќе 2 саати. Не патам од никаков комплекс, од каде сега вакви ниски ударци, башка у сон! Ајде де.
Многу сонови до сега ми се исполниле без разлика дали верувам или не верувам и премногу патам од кошмари дали некој знае што значат близнаци во сон?