Дијаманти значи дека имас празнина во себеси или се чуваш подалеку од другите бидејки си несигурна. Круна значи успех.
сонував како пржам стек и го посолувам и го јадам. исто сонував дека баба ми ми влегла во соба со тегет палто на дедоми а одозгора црна наметка и црна шамија јас кога ја прашав зошто така се облекла со наметката црна она ми рече затоа што било некој празник, потоа видов група машки (мои познаници) исто со наметки и марами црни после пак сонував како мојата мажена комшивка повторно се мажела
Уште сум потресена од синоќешните сонови. Прво, сонив едно врзано куче, кое го шеташе еден човек - непознат, а јас седев со мајка ми во нешто како парк. Кучето беше ептен чудно, злобно, никакво и нон стоп се с`скаше накај мене и одеднаш се отпушти од синџирот, тргна накај мене и го снема. Ужасии, одвај се разбудив. После, сонував друг сон, како демек баба ми била почината, а татко ми не ми кажал и сум отишла кај дедо ми, да му помогнам дека сега сам живее... Ужасии невидени, се прашувам зошто вакви глупости сонувам, толку се уплашив, што денеска бев дури да ги посетам баба ми и дедо ми - фала богу, добри се со здравје иначе жива ќе се изедев, мајке ми. Што можат да значат овие моиве сонови? Хм.
Леле луѓе а јас денес ја сонував мајка ми бремена со толкав стомак,аааааааааа,многу беше чудно! Шо значи некој да ми кажи???
Несекојдневна наша =) Се обидов да отворам соновник на интернет и да видам што би можел да значи твојот сон меѓутоа не ми се отвараше. Ќе мора да погледенеш ти во соновник ( ако не се јави некоја од нашите толкувачки овде ) и да си ја прочешлаш потсвеста =) Ќе го најдеш значењето самата најдобро и така ќе учиш како да си ги разбереш пораките. Помошта одовде секогаш ќе ја имаш. Јас без Bube.Feminka и некои други девојки овде не знам што ќе правев со моите соништа =) Изгуглај некој соновник додека да се јави некое толкување
јас цела ноќ нешто сум сонувала, но ништо не запамтив освен едно големо V побарав по ова соновниците нема.
Сонував бакнеж со мој близок другар? И изгледаше толку реално. Не ми се допаѓа и не ми се допаѓал никогаш.(се покајав што го сонив сонот ) Некој да ми го интерпретира сонот?
Мојот сон мислам дека никогаш нема да успеам да го објаснам како што беше. Сонував како имам змија на балкон во положба на прачка и една која се движи кон собата на сестра ми влезена до пола и спиеше мислам. Не беа месести туку како од камен, а сепак живи. После сонував дека мајка ми нарачала 1000 и не знам колку жаби и со воздушно летало ги фрлале преку прозор кај мене во соба (сум го затворила прозорот по кратко време), па после кај моите во соба (собите се една до друга) ама тој прозор не сум можела да го затворам бидејќи бил гумен. Знаев дека сонувам глупости во глобала ама ова..
сонував дека со другарками сме биле во некоја спортска сала каде што имаше некој си натпревари е сега ан последниов натпревар во пар бевме јас и таа и требаше да се фатиме за рака и да се вртиме само што проблемот беше што неа и се потеа ненормално рацете(и во стварност и се потат рацете)и таа ми вика грозно ти е и јас само и реков досега ти имам кажано 4213432 пати дека не ми е грозно и почнавме а и девте знаевме дека нема да победиме поради поттна на рацете 2 пати и се лизнаа и јас се потрудив да и ги фатам поцврсто и успеав но не и третиот пат и исто време заврши и времето...тоа е мојот сон... и што значи и anneyy сонот ти значи помирување (со некого или нешто)
Пред некоја вечер сонував еден страшен сон ама уште ми е пред очи па затоа сакам да прашам што значи. Беше ноќе и јас што и да сум отворила фиока,врата....се ми излегувало некоја страшна сенка.Паметам ја отворив надворшната врата бидејки сум чекала некого и на скалата ми се појави еден страшен машки лик, обликот на телото ми беше машки но цел беше како некоја страшна виолетова сенка
Имаш душманка која пробува да и попречи или на сестрати во животот. жаби значат нова љубов што мозе да дојде наеднаш во твојот живот или паки со големи чекори ке освоиш некој успех.
Имаш некој работи за себе што усште не си силна да ги покажиш, се криеш од некои работи бидејки ти е страв