Само што станав сега од спиење и ја отворив темава,ве молам пишете ми што значи јас,мајка ми и татко ми седиме на еден голем облек и се смееме.(лебдиме секако)
Многу работи ми се мешаат во главата.. Пред пола саат станав и сонував како сум и објаснувала на баба ми што ме асоцира на шума и сум и рекла И мајка ми се појавила и ме прашувала дали сум пиела такви глупости и јас сум и рекла не и ми се дерела нешто и се разбудив
Сонував дека комшивката имала портокалова коса, а еден познаник бил против нив (мислел дека се злобни). И сме седеле сите тројца во школскиот двор, а тој велел "Знаеш кој е ginger? Алах.", а јас сум се дерела "Знаеш дека најдобрите луѓе се gingers?'' LOLOLOLOLOL. Спојлер Целиот сон беше на англиски, а не знам како да го преведам зоброт ginger.
има да две три другарки со кои сум почесто, ама во сонот девојчето ми беше партнерка значи бев лезбејка Баш се зачудив што би значело
Јас и моите чудни сонови ...сонував како сестра ми ја отворила фемина ама не форумот туку таму во Новости...и упорно стискала за кај Новости да и отвори а тоа ја носело на форумот кај моите мислења...јас цела сум се испаничила да не ме дознаее дека сум јас оти имам тука едно мислење што никој,ама баш никој што ме познава не смее да го знае...можеби сонов го сонував бидејќи сум мн претпазлива сестра ми кога е дома одвај се уклучувам на фемина да не ми влезе наеднаш у соба. Спојлер И не ми се чудете,јас секогаш сонувам некои чудни сонови.
Сонував како ме бркала мечка и татко ми со пушка ја пукал и ја ранил ама незнам дали умре пошто се разбудив ако знае некој нека ми каже што значи тоа.
Сонував, како некоја светлина доаѓа на кај мене и само наеднаш ми се појавува некоја жена(ама од светлината не можев лицето да и го видам) и ми викаше денес да дојдиш кај мене јас да те измијам со водава... И кога се разбудив целата се тресев не знаев што ми се дешава, целата преплашена бев
Во последно време, се што сонувам се случува, на ваков или онаков начин Не целосно се разбира Понекогаш добро, некогаш нешто што не ми штима. Како и да е, се преоптеретувам некогаш за некои сонови, иако не верувам многу, јас одма морам да проверам во соновниците да видам што значи Тоа ми остана во навика одамна
ангел чувар ти е тоа бидејки не го виде лицето ништо страшно, аку случајно ја познаваш жената појди кај неа а аку не појди вцрква запали свејка.
Леле фала многу, не си свесна колку ми олесна, помислив дека е нешто страшно...Обавезно ќе одам вцрква свеќа да си запалам!
Мечка е непријател кои чека погоден момент да ти наштети.Тоа мше да значи дека татко ти знае од прилика кој ти се прави пријател и пробува или ќе проба да го оддели од тебе.Ако умрела тогаш че страда непријателот, е сеа има и објаснувања дали те нападнала , каква е мечката..сето тоа си е поврзано, во главно ова мошам да ти го протумачам.
Секогаш сум се прашувала што значи да сонуваш свое дете,бебе кое сеуште го немаш на јаве..Значи иам сонувано бебиња можи преку 10-12 пати на година и сите сонови ми се слични.Најчесто детето е мое, и премногу сум поврзана со него, но некој секогаш ми го зема, ми го кради, јас сама го давам ...неможам да најдам некое подобро објаснување за ова.
Малце глупо прашањето ама можи ќе ме утеши некој. Веќе 5 дена ми го нема мачорот, и 2 пати го сонував кај што се враќа, ама уште го нема
Не си единствена мојот мачор го нема веќе 3 месеци а јас многу често го сонувам како се враќа, но не само јас и сестра ми и мама го сонуваат како се враќа Но, сепак мислам дека од желба тој да се врати потсвесно сонуваме за нашите желби
Шо значи да сонваш слика?? ..на едно дете шо го бендисвав порано му сум ја украла од дома со се рамка
Од мала имам еден сон, буквално кошмар, кој го сонувам цел мој живот, али има години измеѓу сонувањето, значи, порано го сонував на неколку месеци, сега на година 2 пати дали, но секогаш е тоа едно исто, и ме преплашува самата помисла шо би можело да биде, и како може нонстоп да го сонувам, секој детаљ да биде ист, толку мрачно и језиво. Сонот е, како одам по улица накај дома, на пола пат одмојата куќа, гледам како иде комбе накај мене, улицата е темна, нема никој, јас сама, како да знам дека лошо ќе ми направи некој нешто од комбето, и се кријам во на една комшика дворот, блису од спроти мојата куќа. Легнувам во двор, во тревата кај нив, а таму се црно, темница, и комбето гледам застанува одма пред вратата во дворот, кај што сум скриена јас, бело е, со црни прозорци, ништо внатре не се гледа, и наеднаш се отвара вратата, и јас секој пат тука се разбудувам. Језиво ептен... Некој кој може бар приближно да ми објасне нешто во врска со овој сон, ве молам, повелете.
Сонов ти значи дека си многу несигурна за нешто и дека се плашиш да се соочиш со неки работи што ти се случуваат, имаш некој кој сака да те повреди но ти се криеш наместо да му се спротиставиш.