Сонував како ни било слава дома и со мајка ми сме палеле свеќи. Ама онака многу свеќи и сме ги ставале во чаши за да горат на маса. Што значи да сонуваш запалени свеќи?
Јас сонував како мајка ми оставила некоја бела шкорпија на масата...и јас многу сум плачела бидејќи ми е страв од такви чудовишта и сум ја молела да ја тргне...ама мајка ми ми се смеела и не ја тргнувала шкорпијата од масата...и кога се разбудив бев многу вознемирена и срцево ми лупаше многу силно...знае ли некој што би можел да значи сонов?
Мајка ми сонувала сон била облечена во црвен фустан, црвени чевли некој ја викнал и тргнала со него се чуствувала многу убаво преубава и едно време почнале да и течат црвени солзи.. ако може некоја да ми каже што означува црвената боја ... поздравче
Мислам дека црвената боја значи среќа во љубовта... Ако палиш свеќа ќе најдеш добри пријатели, а ако гори свеќата ќе добиеш покана за свеченост.
Голема моќ, сила, и нервоза. Исто така ако во сон се виде црвена боја значи дека сонот нема да се оствари.
Да ги видите скорпија претставува состојбата во вашиот живот што може да биде болна или штетна. Тоа исто така укажува многу деструктивни чувства, убод, забелешки, горчлив зборови или негативни мисли се изразени од страна или насочена против вас. Може да сте на самоуништувачки пат. шкорпија исто така е симбол на смртта и повторното раѓање. Вие треба да се ослободите од старите работи за да се направи простор за нешто ново.
Јас сонував бубачки. Бубачки расштркани низ целата соба, по ѕидовите, низ мебелот, но видливи само на запалена ламба. Беа црвени и не касаа, но знам дека некои ги убивав, некои не. Некое толкување?
бубачки значи дека ќе спечелиш многу пари(оди пушти лото), останатото незнам што значи. јас сонував баба ми (лека и прст) дека е жива, а таа е почината пред 12 години. разбрав дека е жива и каде живее и тргнав да ја барам на адресата и плачев ужасно многу,не успеав да ја најдам. Јас многу ја сакав...како сакам да ја видам пак. Ако не сум ја сонвела отдавна, понекогаш вечер пред да заспијам ја повикувам да ми дојде во сонот, за да ја видам. многу се грижеше за мене кога бев мала и многу ме сакаше...
Има периоди кога сонувам многу, по неколку сонови во една ноќ. А има и такви периоди кога ништо не сонувам, барем не се сеќавам дека нешто сум сонувала. Обично секогаш проверувам во соновник кои се значењата, и веќе повеќето ги научив. Некогаш ми се остваруваат, некогаш не, ама знаат многу да ми влијаат психички. Ако сум сонувала нешто што нема позитивно значење, цел ден ќе бидам исполнета со негативна енергија и ќе очекувам нешто лошо да ми се случи. Затоа во последно време се обидувам да не им придавам толку големо значење и да не се ни обидувам да се сетам што сум сонувала.
А дали некој знае што значи да сонуваш како од бившиот ми стигнала порака на мобилен,вака пишуваше "ух оваа Рената конечно си отиде".Дали некој го знае значењето на стигнување порака од некоја личност,а и воопшто некое друго име во сон да видиш.Фала Ви однапред девојки
Спојлер Обично сонувам кошмари, затоа и не барам толкување, не сакам да го знам.... Но завчера сонував убав сон. Чуден и необичен, но убаво ми беше кога се разбудив. Многу би ми помогнале кога би ми одговориле оние кои знаат како може ова да го толкувам, бидејќи од толку соновници и толку различни толкувања за исти симболи на ова интернетов, веќе не знам што да мислам и во што да верувам. Толкувањето ми е многу важно, бидејќи истата вечер, пред да заспијам, имав пријатни случувања чија завршница е сеуште енигма за мене ).. ОВА Е СОНОТ: Сонував дека сум во некоја бижутерија со скап накит. Продавачката беше арогантна и не многу учтива додека пробував разни видови на обетки.. Пробував едни, па други... на крај се одлучив за едни многу убави обетки, веројатно ги купив.. Разгледував и некакви прстени што би одговарале со обетките, но немав доволно пари, па затоа не ни пробував...
Јас сонував дека имало некој убиец и ги убил другарка ми,мајка ми и татко ми,а потоа и мене.Велат дека смртта на сон значи продолжување на животот ама не сум сигурна,вие што мислете?
Дечки здраво сонував ноќеска дека сопругот спиел кај некоја друга и кога досол (дури сабајлето) се знаело веќе - се разведуваме... Толкување?? Фала ви однапред
сонував како сум била некаде во америка на пет месеци и кога сум се вратила назад одвај сум чекала да го видам саканиот, многууу ми недостасувал
Сонував како требало да одам некаде, ама не сум се качила во мојот автобус - за мојата населба, туку во 23ка. И автобусот бил полн со роми (цигани), а јас сум седнала до еден ром со малечко девојче 1-2 годинки, а девојчето русо, со светол тен како да не е негово. И само човеков до мене станува и ми вика: ако сакаш земи го детево јас тука ќе го оставам, неможам да го чувам - и си искочил од автобус. И јас сум го земала детето во скут и сум мислела што да правам, сум почнала да си играм со него и во себе сум си викала: кога ќе излезам од автобус ќе и се јавам на мама да видам она дали ќе ме пушти дома да го донесам. Што значи сонов?