искрена љубов, долг брак и верност. за роми некои велат, измама, некои викаат напорна работа ако сакаш да стигнеш до целта или материјални проблеми. да продолжување на животот а убиец велат, некој глас.
Сонив сум била бремена и сум плачела не смеам да сум трудна не сакам дете лелел што ќе рече татко ми па што ке речат лугето плачев се тегнев не сакав дете... некое толкување... Фала...
^^^^ Да се сонуваш себеси бремена, значи имаш некои грижи... а останатите пропратни елементи се психа )
леле што сум сонувала вчера...како ме киднапирале шиптари и ме однеле во планина али не сум била сама туку со група луѓе и после сите си отишле и јас сум останала заврзана внатре во една куќа.Имаше и еден што требаше да ме чува а другите луѓе незнам кај отидоа,а до планината водеше асвалтен пат а месtото беше пространо и се гледаше некој град.Знаете ли што значи ова?
Две вечери со ред се сонувам како си вежбам на Орбитрекот и наеднаш се наоѓам на улица ,се возам на него . На сонот изгледа многу повисок од вообичаено ,па така сите минувачи што ќе ги сретнам ги гледам од високо ... Ова значи бегање од реалноста или...???
Сонував дека со дечко ми имавме тешка сообраќајка, и некако посегнав по телефонот и викнав помош, но некако бев парализирана.. Што може да значи?
Уфф колку само гаден сон сонував....ми се повраќа кога ќе ми текне. Сонував како сум гризнала глави кромид а таа била полна во натре со црвииииии...едни долги,танки,гнаснии..и сум повраќала бљакк
Сонував мачки како ме гребаат беа бели со кафено каде и да бегав тие ме стигнуваа колку и да сакав да се одбранам тие стануваа посилни.Што значи тоа?
Сонував дека требало да правам веридба, и набрзина кај таа малската фризерка што не ја сакам одев да ми направи фризура. И се бендисав ептен убава ми ја направи со плетенка напред назад кок ми направи, и звезда бела на челото ми залепи. И одам дома фустанот го пробувам многу убав, ама си викам леле рацеве колку ми се дебели ептен грда невеста ке бидам. Па барав прслук, после ми текна дека не сум капена, па одново фризура никако да биде веридбава. Битно невеса се видов, и ми е страв дека сите викаат дека неубаво било
Сонувам веке втор пат како наоѓам златен накит,бурми алки,за кои знам дека се украдени и некој ги сокрил во земја.Јас си ги земам и пазам некој да не ме види,значи не ставив на мене од накитот ,туку така во кеса го сокрив и си отидов.Што значи овој сон,помош.