Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сонував дека сум си го скршила малото огледалце.Што би можело да значи?
     
  2. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Јас 2 дена по ред сонувам другар, кој пред неколку дена го засакав онака малце.. :wasntme:
    Што би можело да значи?
     
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Да сонуваш огледало е венчавање, а кршење на некој предмет е некоја изненаден настан.
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Прво сонував како на некое огромно поле копа багер и ги израмнува нерамнините ќе се градело нешто. :|

    После го сонував дедо ми. Иначе починат е пред неколку години. Нешто како од болница да сме го ваделе со таква носилка како што ги носат болните, ама местово не личеше ко на болница.
    Тој беше покриен со чаршав ама на местата што не му беа покриени имаше како рани. И беше целиот многу блед. И еден од тие двајцата што го носеа се тргна и морав да фатам јас за да го носиме. Тешко дишеше, а јас му викав: Дедо издржи. Не е уште време. И он ми рече: Важи.
    Како што излеговме низ вратата надвор беше ден и како да престана да дише и јас ја оставив носилката и се тргнав на страна и гледав и по некое време реков жив е уште дише и се разбудив :| .

    Ми падне јазиво некако од сонов. Некакво значење? :(
     
  5. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Сабајле ко го надоев Мартин во 6, заспав пак и сонував дека гори кандилцето во всекидневната пред иконите. А баш од неколку дена насам си мислам да го запалам и ај си велам после и заборавам. Но ко се разбудив го запалив, си се помолив и се почуствував некако убаво, смирена..
     
    На MarchelineAmaru и interesna им се допаѓа ова.
  6. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Леле луѓе колку језив сон!
    Во последно време многу често ми паѓа косата, и веројатно оптеретена со тоа, сонував дека сум загрижена во врска со мојата ретка коса, па другарка ми ми купила перика, демек јас сум и нарачала да ми купи, и кога ми ја дала ми кажала „Еевеее, не сум те заборавила“ . Мајка ми кога дошла сум ја криела периката да не ја види... Ништо не ми е јасно :С
     
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673

    како не ти е јасно? па сама си го одгатна сонот, преоптеретена си со косата, а сонот ти кажува дека нема потреба, најверојатно ќе го средиш проблемот.

    Офф топик, што се однесува до косата-период е. На фемина порталот пишуваше за тоа.



    епа убав сон, свеќа или кандило да гори е среќа, добра вест, икона според мене е некој благослов, заштита, инаку за икона ќе најдеш многу толкувања меѓу кои и дека претставува некоја тежина,, мака но и да е така сепак запаленото кандило ти носи среќа или просветлување.
     
    На J.Ivanoska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.346
    Точна претпоставка ,од аспект на потсвест.
    Да се навратиме на "вистинското" знаќење на соновите - твојот сон би можел да се протолкува како надоаѓање на некои непотребни грижи ,најверојатно за твојата другарка или пак таа со некое нејзино однесување да ти создаде проблем ,за кој ќе криеш но ќе те измачува.

    Се надевам дека значењето на сонот е твојата преокупираност со косата ,помалку е проблематично во споредба со другово. :*
     
  9. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    сонував како сум се омажила во некое село и веднаш после церемонијата почнав да се каам зошто го направив тоа. Дечкото со кого што се омажив прв пат го гледав во сонот, не знам кој е.Плачев и се каев но знаев дека нема назад, иако се помирував со тоа дека мора да го прифатам сеуште во себе чувствував тага и го барав мојот дечко ( дечкото со кого што сум сега ) да дојде и да ме извлече од тоа. Што значи ова?
     
  10. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Некоја болест
     
  11. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Треба да бидиш штедлива и размислуваш за многу празни работи
     
  12. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    соновите се секогаш некоја порака или работа што сме ја мислеле преку ден па навечер ја сонуваме,трае неколку секунди и толку
     
  13. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    сонував дека брат ми убил некој човек... беше навечер, неможев повеке да поднесам..
    надвор врнеше дожд охоооооооооо, не се излегуваше.. Но сепак решив да го пријавам во полиција...
    полицијата веднаш дојде кај мене дома да го фати..
    брат ми неспиел, дознал дека ке одам да го пријавувам и сакал да бега... околу куќа. околу маало трчаше се криеше од неа.. неможеа да го фатат
    и во еден миг, јас носев пиштол, му се скрив во нашиот подрум.. и од прозор гледав кога ке науде накај мене.. осекав дека ке дојде тука..
    и дојде.. тој не ме виде веднаш сакав да го убијам во тој миг и се скривв, го повлеков неколку пати чкрапалото.. Но.. немав муниција, НЕЗНАМ КАКО НО НЕМАВ во тој момент ме виде брат ми и ме праша што работам еј
    јас само плачев а и тој се растажи
    само отворив врата и му се фрлив во прегратка и плачевме заедно ми рече да нне се грижам останавме долго и во подрум и плачев заедно во неговата прегратка
    се осамна сеуште го бараат мајка ми и татко ми неѕнаеа што се случува, мислам дека не беа дома, си дојдоа но само во двор пошто таму работеа
    работеа мајка ми и имаше уште луѓе, незнам кои, неможам да ги распознаам
    и јас и брат ми се качивме во двор и и кажавме на мајма ми
    во тој миг дојде и полицијата
    јас и брат ми премногу плачевме, и неможевме да се оделевме од нашата прегратка
    ми рече ке биде се во ред....
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Значи убаво е речено дека во соновите ни е дадена можност бесплатно да ја вежбаме нашата способност за лудило. Бидејќи моите сонови се полуди и од филмови на Тарантино.

    Последниот беше некаков маратон на кој учествував. Ама стазава беше како во земјата на чудата се сеќавате како Алиса менуваше големина јадејќи колаче. Во еден момент трчаш онака на некоја прометна улица на која активно си тече сообраќај, во смисол автомобили, велосипедисти, за во наредниот момент сите да станеме минијатурни и стазава е вртоглаво стрмна плус некако подвижна и замалку ќе испаднев странично во некој амбис ама успеав некако да се одржам. На крај отидов во некое преноќевалиште да отспијам бидејќи тркава траела со денови и секој си земал право да се одмара каде и колку сака уз пат и знам дека си ветив пред да заспијам дека по секоја цена има да дојдам на целта, иако знаев дека има кондиционо поспремни натпреварувачи, ич не ми е гајле, јас си трчам за себе и има да ја видам целната линија и да ја прегазам. Во кратки црти тоа беше сонот.
     
  15. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Пред некоја вечер сонував дека ќе сум умирала за скоро време и како сум ги живеела последните денови од животот.Многу морбиден сон, многу тешко ми беше на душата додека го сонував ептен ми олесни кога се разбудив и сфатив дека било само сон.Немам до сега вакво нешто сонувано, што може да му е значењето на сонот?
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    нешто ќе ти олесни, нов почеток.
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Несреќа, страв, многу грижи и тешкотии а тоа што го прегрна братти на сите овие работи ке ти донесе среќа.
     
  18. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Што значи да сонат премногу мали кученца?
    сите биле низ мојата соба, и имало само една мајка и таа малечка била.
     
  19. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Добивка и совладување на пречките
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Многу добри пријатели
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.