Пред некој месец почина мој многу добар другар, дечко пријател итн итн....не е битно синока сонував како во сонот сум сонувала дека ми бара чоколадно млеко....треба да однесам, има врска нешо или психата ми забегала
Да не знае некој што значи да се онесвестиш? Ми беше лошо во сонот, трчав да излезам надвор, и се онесвестив по пат Само ве молам да не биде копирано од онлајн соновниците, за така знам и сама да си најдам
Сонував дека сум требала да одам на свадба па сме отишле со мајка ми по многу бутици и сум гледала мноогу фустани(ама маалце посвечени беа) . Што значи ова ?
ЈАс во последно време се нешто сонувам како имам односи нон стоп, и многу пати неможам да си мрднам телото сакам да викнам-а неможам сакам да ја мрдам главата-неможам и коа сум некогаш под ќебе со глава за да се загреам малку секогаш ми се случува ова и си мислам дека некој ден ке се загушам така.....ете ова ме многу мачи мене
здр сонував дека со маж ми сме седеле некаде и тој почнал да вика тргни ми го од лицето и како да го апнало некој пајак не видов што ама знам дека беше нешто такво и почнало лицето да му се дува и да му отрпнува па ајде нешто во колата на доктор ке сме одиле ептен сум се исплашила. а тој сонувал дека правил собракајка. Ке може ли да ми го истолкуваш сонот? благодарам
во последно време сонувам многу чудни сонови, сонив две месчини една до друга пим немам што значи, пред два три дена сонив како на една ливада лежи лавица и се приближувам и гледам има малечки и го видов и лавот се доближив до лавицата и ја галев го знае некој значењето на моите сонови?
леле луѓе сонов сум се возела во автобус, и си гледав низ прозор и видов едно кутре, само со 3 нозе, левата задна нога му ја немаше Aма како трчаше, стабилно, абре ко да не беше инвалидно трча трча, и да премине раскрсница, за малце кола ќе го удреше, падна и одма ни една секунда немаше, си продолжи и отиде кај една баба просјачка и си легна таму со уште 3 кучиња и јас тука сум се симнала сум отишла кај таа бабата и и викам твои ли се кучињата вика да да јас ги чувам, ама ако имаш да ми дадеш некој денар и јас го отворив новчаникот абе париии внатре што ви кажам 1000ки евра, што немав, мислиш милионерка сум и и дадов 1000 денари и си отидов и што значи сонов сега
интересен сон иначе,според мене мислам дека значи: буквално твојата хуманоста тука се изразува,а и љубопитноста. Мислам дека,околу тебе,дали од пријатели,или непознаници,фамилија,на некои луѓе или личност ќе му биде потребна помош(мислам дека непозната личност ќе биде,чисто ради тоа што не си ја знаела бабата а си и помогнала нели),таа помош ти нема да ја дознаеш од некој односно да ти каже дека има проблем и да ти побара помош,туку ќе ја заклучиш од разни ситуации што се случуваат околу тебе..И ти најверојатно ќе ја пружиш таа помош(Баш како што бабата ти побарала пари и ти си и дала без разлика каква е. Па мислам дека е ова,така некако (абе сон ко сон,не дека не значат ниедни сонови ништо-напротив,али немора да се задржуваш ептен на нив ) мислам ти помогнав нешто,и дека ќе си склопиш со некои работи твои
Луѓе само глупости сонувам, сонував дека сум купила 2 пари хулахопки ама едните не ги вратив а другите ги задржав за себе, што значи ова и дали воопшто нешто значи ?
сонував дека сум си ја скратила прилично многу косата,и сум се кајала,сум велела гледајки се во оглеадло :нема повеќе слатки плетенки, репчиња,и пунџи
Сонував како еден дечко ми го дал неговиот број т.е два броја.Бевме во манастир.Едниот број сум го регистрилала во телефон под име `манастир`,а другиот според неговото и име.Потоа кога си одевме за дома тој одеше прв со колата,а јас зад него исто така со кола.Кога ми звони на телефонот пишуваше `манастир`. Што би значело?
Сонував снег. Беше вечер, си бев дома. Погледнав преку прозорец. Имаше снег, бел. Го сонувам два вечери со ред. Што би можело да значи снегот? А сонував и кучиња. Кучето е пријател на човекот. Тоа би значело дека имам вистински пријатели?
Сонував како седиме со сестра ми на плажа, наеднаш таа влегува во морето и иде ајкула, после тоа ја снема, а јас цело време ја барав и пробував да ја спасам има ова некакво значење
Луѓе,ај помагајте за еден кошмар се работи мојата другарка сонувала како родила женско бебе и паднала во кома не можела да го види .Нема шанса да е бремена затоа што е невина ,и овој сон навистина незнам како да и го толкувам,инаку многу се разбирам во вакви работи.Ви благодарам
пораѓај е ослободување од некоја тегоба, онесвестување може да наговестува некој пад на имунитетот нешто ќе ја исцрпи, но ќе заврши убаво.