Многу стаорци на соновник пишува дека се немаштија... Инаку јас искрено не верувам многу во сонови и не сум опседната со нив, бидејки ми се случки кои дента или пред извесен период ми се случиле, само во подруга форма ми се испреплетуваат во мозокот и како такви ги сонувам.Пример дента си играм со некое бебе и вечерта сонувам дека блиска моја особа е трудна или слично. Чуден сон кој исто ми беше од секојдневни случки, но језив кога станав ми беше еден пред извесен период каде што сонував дека сум била на свадба, видов бела невеста и после свадбата отидов на гробишта, на гробиштата имаше жена и дете како пеат над гробот на еден маж и кога искочив од гробиштата пред капијата имаше кукла со скината глава .Беше језиво кога станав и се сетив, но сите сонови па и овој ги земам здраво за готово и не им обрнувам некое си големо внимание.
Некако стојам неутрално со тоа дека треба да се верува или не. Јас ного ретко сонувам, а знам дека несто се десава после тоа (претезно несто не убаво)па си велам мозеби е до подсвест или кој знае .Едноставно те заинтригирува да прашаш,проверис итд.А за соновите сто погоре ги описувас и на мене ми се десавасе во монато,во сон се луге сто не ги познавам па муабет со нив па на поминуванје ми се смеат сто знам некако цудно .....фала на одговорот во секој случај
Синоќа сонував како од прстенот што ми го подари дечко ми паднале, всушност се скршиле 2 циркончиња и сум си рекла 'ништо страшно ќе го однесам да ги залепат'. Што може да значи тоа?
Сонував како сум била невеста.. ништо друго не памтам само памтаам дека сум била во многу убаав беев фустан облечена.. Ии вториот сон.. Сонуваав како сум била на свадба кај мој втор братучет ии како на врата требале да ни ставаат цветче и ја сум рекла на мајка му ме зафркнавте овој пат ја не сум деверуша ама за свадбата на Аце ( помалиот братучет) јас ке китам и ке бидам деверуша.. невестата нигде ја немаше и сите беа во црно облечени.. и двајцата братучеди се нлади едниот има 24 год. другиот 18.. што би можеле да значат соновивее ????
Сонував и јас вчера, како вистина да беше. Се разбудив и така уште во кревет поспана си запишав неколку факти. Потоа прочепкав по интернетов демек добри вести биле, и на него му кажав не ми веруваше. Ми вика ех Цецилиа злато многу забегуваш.... Во 9 вечерта ѕвони телефонот и кога вистина одлични вести. Одма на сонот ми текна, се наежив
за првиот сон, ако си се видела себеси во бел невестински фустан - свадба , тоа претставува основање на семејство,доколку веќе имаш свое семејство тогаш среќа со семејсвото. инаку за вториот сон навистина не би знаела да ти одговорам
Сонував дека сме требале да идеме кај некој другар на слава цело друштво, ама за време на мојот сон заради мене не ни успеавме да стигнеме на славата. Цело време се спремав, постојано ги менував чевлите, а сите мене ме чекаа.
Ве молам ако може некоја од вас да ми каже што значи сонов, се плашам бидејќи ваквите соништа навистина имаат значење (колку што имам слушано) Сонував дека седмиот заб од горе ми се ронеше. Многу ме болеше и само го допирав со јазикот да видам уште колку останало, заболекар немаше да ми помогне, веќе касно беше. Забот скоро да се одрона. Остана само еден мал дел, но паметам ме болеше силно. Ве молам ако знае некоја нека пише. АКо има некоја што повеќе се разбира, може и лп. Се плашам
да ти паѓаат заби значи смрт во семејството,а да те болат, блиски луѓе ќе ти нанесат штета...па сега...
давање пари е зголемување на приходот, зајмување пари - непријатности сега ако парите биле ситни - богатство, златни пари - беда, книжни пари - лаги, ковани пари - недостижни планови, ако сонуваш момче - скоро ќе се омажиш ако гледаш некој да плаче - некое ваше блиско лице ќе биде ожалостено
здраво на сите пред една ноќ мајка ми сонувала како сум била киднапирана и не можела да ме слушне, слушала само неразбирливи гласови а јас завчера сонував како има пред мена кутија со коцки шеќер и беше отворена и си велев многу има и пружив да земам. ке ве молам ако може некој да ми го објасни значењево на овие сонови. фала стварно сте ми срцки
првиов сон значи дека мајка ти ќе изгуби некој драг пријател, а овај што ти си го сонувала значи добар живот