И јас сонував вчера прстен баш како што опиша Твити, со камче во кутија, а го протумачив вака ... дека ќе слушнете или добиете информации или ќе се најдете во ситуација со некој кој бил или е дел од вашиот емотивен живот. А за свадба нема врска.
Јас последниве неколку дена сонувам толку реални сонови, и толку многу ме збунуваат затоа што не знам дали работите навистина се случиле или само сум ги сонувала. И ова е моментот кога очајно посакувам соновите да се чудни, за да можам барем да ги разликувам од реалноста.
сакаш да се омажиш, но најверојатно сеуште се чувствуваш неспремна за мажење, бидејќи сеуште не си го нашла правиот човек.
Девојки ај ако знае некој нека ми каже што значи во сон да одам на штикли, влегов во една мала убава соба....
Сонував дека имало некој човек што одел во секоја куќа во градов , ги ограбувал семејствата и потоа убивал некои членови од фамилијата. И јас бев преплашена во сонот, постојано проверував да не се качува по сакли кај мојата куќа. И бев убедена дека ќе ја убие мајка ми. Но на крај ништо не случи. А мислам дека го сонував и човекот со фантомка на глава и со пушка во рака. Да не знае некој што значи ова?!
Да не гледаш многу филмови Веројатно некој глас или информации кои од трети луѓе ќе ги добиеш .... или некое озборување.
Самото слегувањето од планина е непостојаност и малодушност А падот претставува проблем со, т.е. болест о крвотокот, проблем со притисокот и исто така може да симболизира оштета.
Сонував чуден сон,требало да се качам на планина а таму се наоѓала Ајфеловата кула,и бидејќи другарка ми била бремена сме се откажале,па сме отишле на море,таму сме играле одбојка,а морето беше многу бучно незнам како да го толкувам овој сон?
нешто непријатно ке се осетиш,зашто си се откажала од качувањето,а бучното море претставува твојот нервен систем ,растревожена си и немаш мир за нешо
Девојки сонував дека јас правам свадба дури бев во невестински фустан ве молам ако некој знае нека ми каже што значи,цел ден мислам...