Сонував сусам Не се сеќавам добро на сонов ама знам дека на подот имаше многу сусам,веројатно некој јадел кифли Бараф по нет ама неможев да најдам што значи...Кен ениwан тел ми ??
навистина не би знаела да ти одговорам на ова прашање...сусам? би го протолкувала како патување - важна работа полна со неизвесност или пак можеби претходниот ден си гледала некој филм со Аргентина,или ти е желба да отидеш таму,па затоа повторно во сон си ја преживувала Аргентина
Сонував како надвор паднало многу снег и целата куќа се затрупала, се гледало само десетина cm од прозорот горе, друго се било натрупано. И како дошол некој мој професор (што не го знам) ама знам ми бил демек професор, и тој дошол да го чисти снегот, а јас сум му помогнала и рекол: е за ова ќе ти ставам 5.
Сонував дека требало да одиме на кино и јас, дечко ми и една другарка сме ги собирале парите за картите. Сме собрале многу пари, киното се откажало а ние сме си ги поделиле парите, но на крајот не фатиле и ни ги земале парите. Што значи сонот? МОже некој да ми го протолкува?
тоа значи дека ке паднат зборови мегу тебе дечко ти и другарка ти ама зашо ви ги земале парите минлива мала кавга
Јас сонував како другарка ме замолила да и ги носам штиклите додека не дојде сестра и.И јас така цела вечер ги носев,и на крај кога ги извадив ми дојде како олеснување,гоооглемо олеснување. Мислам знам глупав сон,ама откаде да знам може и да значи нешто
Јас вчера вечер разгледував слики од Ајфеловата кула, а и од малечка сакам да одам во Париз и ноќеска сонував како една стара куќа во нашево маало,во која никој не живее ја направиле зграда на 3 спрата и на балконот од 2 спрат кога ќе си погледнел се гледало една фигура многуу слична на Ајфеловата кула,скоро иста само многу помала и понеубава...ова сигурно го сонував поради тоа сликите што ги гледав пред да си легнам
Дефинитивно е така, кога сме опседнати со нешто или нешто што премногу го посакуваме, или пак се плашиме...било како и што и да е - но да сме опседнати со тоа нешто, најчесто тоа го преживуваме и сонуваме тоа мене ми се случува последниве 2-3 дена знаејќи дека ме очекуваат натпревари во странство - нон стоп ги сонувам натпреварите (хехех дај боже како на сонот да бидат-победа) хахахха
Леле многу глупав сон сонував. Т.е. сон составен од повеќе сонови. Па да почнам: Првиот сон беше како сум била ромка Спојлер циганка и сум била многу сиромашна, нечиста, сум живеела во едно трошно куќиче, ладно било многу и собата празна само со еден кауч. И сум имала некоја нана - баба со мене што ми рекла едка имало некој богат ром што ме сакал да ме зема за жена, ама јас не сум сакала. И инаку сум имала седум деца кои не биле дома во моментот. Следниот сон веќе сум јас истата вака, и беше како со моите сум била на некоја свадба - кај луѓе што не ги знам. И моите им поклониле едни огромни златни прстени со црни и бели дијаманти на невестата и младоженецот, а ја додека сум ги гледала како ги пробуваат сум се прашувала од каде моите толку пари потрошиле. И потоа сме се сликале и кога ќе видам јас сум се облекла во едно сино фустанче спортско за на плажа и портокалови тренерки. Сум си викала: Лелее кај сум тргнала јас вака облечена на свадба? После тоа на свадбата не стаиле да седиме на маса во ходникот пред самата сала, ние сме биле сами а сите останати гости имале маса во салата, и сме се чуделе зашто нас вака не одвоиле од сите. И на свадбата сме јаделе пица. И на крајот: како после свадбата сум искочила со другарки во населба и сум се задржала до мноооогу касно што моите почнале да ми ѕвонат. И јас уз брзање накај дома покрај мене протрчале многу коњи, прво бели, а по нив црни што ги бркале. Јас уплашена сум влегла во некоја кинеска продавница и сум разгледувала седишта за точак, барав меки седишта затоа што на мојов точак седиштето е многу тврдо. Комедии соновиве. Знае некој да протумачи нешто?
На два пати веќе како сонувам ист сон. Ќерка ми трча бега, и јас по нејзе плачам и трчам, она пропаѓа во вода и се дави, рипам по нејзе ја фатив и се разбудив..