Деца и бебиња не е убаво да се сонуваат - тоа значи грижи Прљава или матна вода - болест Гомца се пари Крв и плачење значат среќа Чиста вода - пат А исто така разбрав дека не е убаво да сонувате голи луѓе, трудници, невести. Другото се е потсвест која избива на површина. Ако не некој нека ми каже шо значи да сонуваш испраќање на вонземјани на бреговите на Охридско измеѓу Инекс Горица и Немо А да, и портокаловото душече да не го заборавам
Ќе бидете први известени, многу најнормално, веднаш штом соберам храброст да се соочам со Д РИЈАЛИТИ , ама пред да провериме морам да поработам на темата...уат иф... ауууууууу....
душек и езеро се богатство. плажа пријатни новости. хотел болести. а за ова вонземјаниве и портокалалова тешко да се најде објаснување.
Многу ретко ги паметам соновите и порано ги тумачев значењата ама со тек на време престанав зашто ми немаше логика, а и не можев да ги запамтам сите значења. Како и да е, ми текнува на утринскиот сон Сонував како сум се пријавила на некое талент шоу за пеење (во реалност имам талент само за гракање) и ме седнале на клупа со уште двајца натпреварувачи. Откако ни поделија листа со песни од кои треба да избереме кои ќе ги изведуваме, јас се покајав, ја увидов грешката и решив да не настапувам. Сонов е бескрајно глупав и нема смисла (ја на пример не можам да најдам), го раскажав само за да споделам дека еден од членовите на жирито беше Патрик Демпси Спојлер
А јас па знам дека матна вода е убаво, а чиста лошо. Крв дека е лоши вести, така нешто. Голи луѓе не е убаво, ама убаво е ако сум во пмс и го сонувам дечко ми гол А и не само гол, заедно одат и други работи Невеста е кавга, трудница тежина. Ова е од баба ми
Што значи да фрли некој по тебе со блузон, ако нешто значи црвен беше. Ептен ми остана во секавање сонот,а не можам на интернет да најдам некое значење...
леле... сонував како веќе сум родила бебе и сеа како го гледам сосем сама, а толку беше убаво бебето... никој друг не беше на сонот освен јас и бебето.. Имам време за деца не е подсвест што значи?
Бебе може да се толкува во повеќе конотации,ама најчесто значи дека сеуште во еден дел се чувствуваш како дете или во моментов се чувствуваш ранливо,безпомошно,зависно од некој друг.Бебето значи дека имаш дел од себе кој е толку нерасипан и чист,а може и прагматично да се земе,па и да означува некој конечен почеток на кој оддамна се надеваш. Можеби грешам,не знам.
не ги прочитав сите мислења, однапред се извинувам ако ми е веќе протолкуван сон Години има како веќе не одам со тој дечко, но веќе подолго време (два месеца) ми се повторува еден сон, во различни верзии, како состаноци, со неговиот добар другар. (немам апсолутно никакви симпатии кон него). Дури и кога ќе се разбудам се чувствувам виновно (дека такво нешто во јаве не би наприла иако не сум со дечкото, сеуште си го сакам )
давење ако видете како некој се дави и одете да ги спасите симболизират ке му помогнеш на пријателите за некој голем проблем,и заслужената срека ке си дојде кај тебе... уште неколку други објаснувања најдов.. губење на емоционалната контрола,имате ситуација што е надвор од контрола,и многу тешко ја поднесувате или ги поднесувате последиците од неа -да сонувате давење на сон симоблизира дека повеке не ги криете чуствата за одредена ситуација,тие соништа го мачат на сонувачот кога се чуствува истоштен во реалниот живот Бебе да сонувате светло,чисто бебе значи лубов и многу добри пријатели,ако жена сонува како негува бебе значи дека ке биде предадена од тие на кои најмногу им верува,лош знак е да сонувате дека имате бебе со температура... да сонувате бебе значи дека сонот е за некој што многу посакува бебе или за некој што е веке бремена да сонувате бебе што плачи преставува болест и разочарување, (бебе ) исто значи нови почетоци,лубовно цветање во иднина,исто така ке имате нови пријатели
Сонував како едно дете што си играло избега и јас почнав да трчам по него за да го вратам, но тоа почна брзо да ја преминува улицата неколку пати. Тоа не се повреди, но мене ме чукна кола и после тоа низ целиот сон ногата ми беше во гипс и ме болеше. Имаше подоцна сцена со сите роднини собрани дома кај мене, а јас со нога во гипс крената на столче. Толку се сеќавам. Дали некој има идеја за толкување?
жени ај објасенјте ми со значи сонот еден ден го сонувам бившиот ми маж,а после тоа два дена под ред како имам секс со дечко ми и голи видов дека сме и неговиот половен орган,а на страна ми стоела внукичката 7 месеци и ни се смеела
Jaс многуу неубав сон сонував...сонував како татко ми направил некои прекршоци во сообраќајот и требало да оди во затвор заради тоа...многу,ептен многу сум плачела ама некако без глас,одвај сум дишела,не сум зборувала само солзи ми течеле...и нешто татко ми спомнал како:еве конечно си отидов,толку време сакавте...оваа реченица знам зошто ја сонував,поради некои домашни проблеми,ама ова другово И на крајот од сонот,некако пуштив глас додека плачев и ја слушам мама од другата соба ми вика ЦИА шо ти е...и јас не и одговорив и ми вика еееј и само и реков ништо ништо и кога станав одвај дишев,некако целата се гушев.
Е па тоа те мачи, проблемите кои веројатно ги имаш со татко ти ... Плачење на сон е обратно, така да јас мислам ова значи дека ќе ги решите.
3ца колеги се возиме во автобус, тоест едниот возеше,јас и колегата го гледаме и наеднаш заспива на волан,го фаќа колегата и го трга тој да вози,и ми вика види задната врата е отворена,јас одам и кога се враќам нема никој автобусот сам бози јас седнав го соправ и си излегов! Што значи?
Мене сонов ме измачува некое време. Сонував како сум била во некое школо. Школово имаше два ката. Јас бев горе на вториот. Додека одев видов едно дете пред мене и ова дете како на зафрканција зграпчи едно помало и ко демек ми намигна дека ќе го префрли на другата страна. Јас останав сакав да викнам немој, ама немав глас. Ама далечината беше преголема. И детево само го фрли помалото. Јас ја свртев главата, ама морав да погледнам и таман кога го свртев погледот надоле помалото се плесна доле и се распарчи. Не можам да ви опишам колку беше гадно. Крвишта имаше насекаде. И стоев занемена, во шок. Мислам дека после се разбудив. Цело време ме прати некое ужасно чувство. И не знам што е ова, ниту што значи.
Крв да сонуваш значи. Туѓа крв добра зарабатувачка но може да значи и опасност. Школо значи: среќа, а ако одете на школо значи непредвидено задоволство.