Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Мислам дека своја крв да сонуваш е добро, а туѓа лошо...
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    А што значи да си ги сонуваш прстите на рацете со мали посекотини , на врвот на прстите од внатрешна страна . Баш ми стана чудно, прв пат вакво нешто да сонувам. Инаку не верувам во сонови , а и не сакам да ми се остваруваат. :?:
     
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Во последно време, повеќе пати ми се случува да се сонувам невеста, еве баш и сношти, бев во бело значи, не се сеќавам на чинот мажење, и секогаш се каам во сонот после зошто сум се омажила. А пред некое време ист ваков сон, невеста бев и ме чекаа мене да се појавам таму, па пак во последен момент ми текнува да се покајам, дека рано е уште, нема потреба да се мажам уште сега...
    Можеби нема врска сонов, можеби е нешто потсвесно штом се појавува неколку пати, не знам ама сепак...:worried:
    Исто пред некој ден, сонував дека се пораѓам :worried:
     
  4. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Невеста е среќа во семејство а пораѓање ке се ослободиш од некој маки
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Веселба
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Kрв треба да се пазите на некои пријателства
    Hешто што те мачело е веке завршено
    да сонувате некој друг како крваври симболизира емоционален плач за помош,од некој ваш близок,или тоа сте вие

    Прсти да сонувате изгребани прсти или прсти со крв значи дека поминувате или ке поминувате многу невојли и тагување

    Hевеста ако сонувате дека сте невеста прикажува тајно во себе имате желба и страс за брак,а и може да знали дека си ги знаете вашите квалитети и сте горди со нив :)
    Kим и јас сличен сон долго време сонувам,озбилно што е работава? :D

    Cекс и голотија сонот ви ги прикажува потребите за емоционална и физичка лубов
    ,да сонувате дека сте голи-неочекувана веридба
    не сте спремни за нешто,нешто што лугето нон стоп го гледаат и зборат

    Aвтобус знали дека сте сложувате со сите или
    да се возите во автобус значи дека ве очекуваат некои тешкотии
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Волфче, не знам што е работава, ама знам дека сигурно немам потсвесно желба и страст за брак :tmi:
    Всушност, мислам дека знам до некаде од каде ми се ваквите сонови, ама се надевав дека е нешто друго :)
     
  8. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Веќе подолго време си го сонувам првиот дечко. Тоа беше многу одамна, го немам видено, не мислам на него, не го ни сакам. Детска љубов. Само го сонувам и тоа како се сакаме, секогаш исто, гушнати, ќе се бакнеме и се сакаме. Не го сфаќам значењто. Ако некој знае што значи, нека ми каже.
     
  9. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Сонував како мајка ми ни подарува по едно сребрено ланче на мене и на дечко ми.Што е тоа? :?:
     
  10. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Сонував многу пари,одев по еден пат и на секој чекор наоѓав по еден куп пари?!
     
  11. MiniMouse7391

    MiniMouse7391 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    30
    ако сонуваш како наидуваш на пари значи среќа,новости/многу пари -неочекувана добивка / ако се книжни значи лаги, а ако се ситни значи богатство.
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Му пожелува среќа во љубовта
     
  13. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Сонував дека дечко ми ми подарил турпија за нокти (иста каква што имам) и неколку лакови во разни бои.
    Што би значело? :?:
     
  14. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Цигари. Многу често сонувам како пушам цигари, а сега последниот пат сонував како ги барав низ цела куќа цел ден, на крајот ги најдов, но не се видов во сонот со цигара во рака, значи не сум запалила. Што значи ?
     
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Што значи оган да сонуваш?
    И чанта ама во др сон!
     
  16. bonbona92

    bonbona92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    128
    Да не знае некоја што значи да сонуваш врати? Сонував дека сум одклучувала, сум ги поправала, сум ги гледала..
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    A што значи да сонуваш како врне снег ?
     
  18. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    лажните надежи ќе ти донесат разочарување

    позицијата која ја сакаш нема да ја добиеш

    оган-ќе стекнеш љубов од некого
    чанта-поволни вести

    пријателство

    радост
     
    На bonbona92, Cacy, Look и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Турпија - Успех, но со голем труд. Ако нешто стружете со турпија - уште многу време ќе помине додека да си ја остварите целта.
    Лак - Лажните надежи ќе ви донесат разочарување.

    Цигара. Ако пушите цигара - позицијата која ја сакате нема да ја добиете. Нудење цигара - дарежливоста ќе ви се исплати. Ако добиете од некого цигара - имате верни пријатели. Пикавец - ќе добиете подарок.

    Оган. Ако палите оган - ќе стекнете нечија љубов. Оган без чад - здравје. Силен оган - непоматена радост и чест. Оган со многу чад - недоразбирање кое ќе ве погоди. Оган што паѓа од небо - ќе се случи некоја неправда. Акo огнот не се гледа од чад - ќе изгубите нешто, што најмалку сте го очекувале. Ако газите на оган - откажете се од смелите планови. Ако огнот ви наштети - непријатности. Ако трчате низ оган - ќе се ослободите од големи грижи. Ако гаснете оган - откажете се од работата што сте ја наумиле. Ако огнот фрла искри - добивка. Ако разгорувате оган - кавга, каење. Ако ложите оган во печка - успех на сите полиња.

    Врата - Пријателство.
    Отворена врата - добар глас. Ако со тешкотии ја отворате вратата - другите не ве сваќаат. Затворена врата - разочарување. Скршена врата - пазете се од крадци.

    Снег - Многу непријаности. Ако паѓа - радост. Снег на пат - жалост. Ако паднете во снег - разочарување во љубовта. Ако одите по снег - неизвесност. Ако чистите снег со лопата - болест. Длабок снег - непријатни спомени. Многу снег - лажна љубов. Ако се валкате по снег - препреки на патот до успехот. Грутка снег - жалост. Ако јадете снег - непотребни напори. Ако се топи снегот - доаѓаат подобри времиња. Снег во лето - бескорисни потфати. Снежна виулица - неволја.
     
    На bonbona92, Cacy и Look им се допаѓа ова.
  20. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    извинете за оф, а моето некој ќе ми каже? :(
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.