Сонував куче кое ме касна за прст. Тоа би значело лажен пријател, да се чувам од некој пријател, или има некое друго значење?!
леле и јас ист сон сонував само што ме гризна за целата рака и се разбудив облиена со пот викајки на цел глас не знам што значи тоа ако знае некој нека каже инаку најпресен сон сабалето сонувам дека сум во грција во некој маркет и си барам сокче и чоколадно млеко затоа прегеска веднаш си ги купив хахах
Се извинувам што те промашив во минатиот пост Не најдов конкретно за поранешен дечко, ама ако сонуваш љубено лице значи возвратена љубов. Ако некому изјавуваш љубов - партнерот што го сакаш не ти е наклонет, а ако некој тебе ти изјавува љубов - разочарување.
Побарав и во соновник да видам но пред некое време си ја разгледував и оваа тема и забележав дека дека добри толкувања па мислев ако некој знае нека ми го протолкува сонот... Вака беше: Ги сонував моите родители, пијани се возат во автомобил кој не е наш во реалноста а во сонот беше наш. Се враќаа од некое прославување од кај чичко ми, застанаа покрај мене, ме пратија да им купам пиво и нешто за јадење и заминаа... Како заминуваа јас гледав како автомобилот вози лево-десно и некој покрај мене како да кажа:-Aко сега не направат сообраќајка, кога?! Тоа беше сонот... Мислам дека можеби има врска со тоа што вчера добив внука, од прв братучед ќеркичка па нешто од тоа да ми се извртел сонот или пак од тоа што знам дека викендов ќе одат на слава или гости нз точно ... Ве замолувам кој знае нека ми го протолкува сонов, би ми значело да знам нешто појќе во врска со ова... Благодарам...
Сонував како си вадам исончана кожа од лицето. Вадев буквално како да вадам маска, многу гадно.. Другата половина остана нормална, а откако извадив некој си мал исончан дел, на негово место имаше многу бела, бледа кожа.. Што би значело?
Феминки, дали мoже некоја да ми го протолкуа сонот: го сонував тој што го сакам како ми го сврте грбот и замина со друга, која е негова другарка, неа лицето не и го видов, ама ја одбра неа и замина од мене. јас го сакам ама не сме во врска, и незнам дали тој нешто чувствува за мене! Што може тоа да значи? и што значи да си го сонуваш сопствениот измет( друг сон)?
Девојки ве молам ако знаете да ми кажете што значи на сон видов како се качувам да наместам некоја завеса, ама местев безопасни игли една по една ги спојував а до мене имаше еден тип, како тој да ми ги даваше да ги спојувам, а типот не го познавам инаку? Пишете ако знаете, ве молам чекам. Фала.
Сабајле се изнасонвав Ама најважно сонвав дека го плаќам нетот,а то стварно требаше да го плаќам и каснев Ех,потсвест шо ти е
Ke имаш некој поволен знак во животот и може да ти е нанесена штета поради некој друг , не вервам да има врска со внукичката
Се чуствуваш многу осамена, немаш сила да продолжиш, и мислиш дека не си силна да издржиш некои работи. Вториот сон значи дека се чуствуваш валкано и неможеш да кажеш некои работи ама сепак треба да се искажиш.
Сонував дека сум сакала вената на левата рака да ја исечам. тргнав со жилетот и само што си направив рана ме здоболе реално и се разбудив. Уште ме боли местото. Што би можело да значи?