Сонуваф како требало да се мажам сум била невеста ама не ми се допагјал фустанот т.е горниот дел корсетот и на долнот дел имало златни цвет4инја ама јас сум сакала да бидат сребрени и се така неш околу подготовкиве сум отисла на флизер да ми ја скратат косата а после сум заказуеела за флизураа нз што мозе д биде овоа
Многу верувам во соновите, за жал се уверив кога моја блиска особа го изгуби животот неколку недели по сонот што ми го кажа кој предвидуваше нешто такво, а никој не го свати озбилно). Имам една таква стара книга дома, и многу мразам да ја отворам кога сонувам нешто чудно, од некој си глупав страв што ќе прочитам , но утешително ми е дека не секој сон што е со значење значи дека ќе се оствари. Ако нешто од тоа е точно, таму пишува во кои денови и во колку саат и според тоа дали некогаш воопшто ќе се оствари или е сон без никакво значење... А моја блиска пред некој ден ми кажа дека сонувала друга моја драга личност како лежи болен на кревет , па како бил маскиран , преврзан со нешто црно на лицето. Ако некој мисли дека ова има некакво значење нека ми пише досадно па сегде ми и де паметот
Сонував како комшивката моја се мажеше со сегашниот дечко што и‘ е. Девојчево нема ни 19 години. Ениуан?
Свадба: -ако присуствувате на свадба: за оние во брак - задоволство со децата, за другите - брак; ако играте на свадба - чувајте се од спротивниот пол; ако гледате свадба - пречки во животот; ако договарате свадба - семејни проблеми. Невеста: -ќе основате семејство, ако го имате, долго и среќно ќе живеете со него. Познаник (нема толкување за комшија ): -ако сонувате како среќавате некој познаник - ќе ви се исполнат тајните љубовни желби. (или) Пријател; - ако на сон сретнете некој пријател - неочекуван настан.
А јас вчера сонував дека ме брка еден убиец,го знаев,ама сега не знам кој беше,одвај му избегав,некаков отров имаше подготвено и за мене,ама јас го сликав и избегав и од кај комшиите сум излегла Потоа сум трчала кон полиција.Шо значи?
Сонував цела вечер и неубаво спиев,се будев на секој саат.Сонував кучиња,едно помало едно поголемо...сите беа убави...па јас како ке сум поминела до продавница да купам нешто со цел страв....Стигнувам до местото и вадам пари не се секавам што купив...знам дека сум немала доволно во мене..па пак сум требала да се вратам.Па пак истиот страв како ке поминам низ кучињава...И се така...И знам имав некој клуч во рака ама не знам за што ми беше.Ај ке ве молам ако некој може да ми отвори очи за сонот.Благодарааам.
Убиец: - ако видите убиец - долг живот. Бегање: - ако бегате - грижи и тешкотии. Познаник: -ако сонувате како среќавате некој познаник - ќе ви се исполнат тајните љубовни желби. Отров: - ако на сон земете отров, со неблагодарност ќе ви возвратат на вашите добрини; ако одбиете да испиете отров, ќе пропуштите некоја поволна прилика. Фотографија: - ќе сретнете некој што долго не сте го виделе. Полиција: - пазете се од нечесни и двосмислени работи. Куче: - добри пријатели; куче што лае- поволни вести. Спојлер според стариве куче на сон се толкува како светец Пат: -ве очекува среќа во туѓина;ако одите по рамен пат - ќе ви успее некој потфат. Дуќан: - Трошоци, ако влегувате во дуќан- ќе потрошите многу пари( така ми пишува во соновникот ) Пари: - ситни пари - богатство; книжнени пари - лаги; Страв: - на оној на кој сте му верувале, ви направил лошо. Клуч: среќа во љубовта, ако држите клуч во рака - тајна.
Феминки, две вечери по ред сонувам како си ја допирам косата и од нејзе ми паѓаат прамени. Што би значело тоа, не ми изгледа на арно?
Спојлер Фала ти feferona,се е точно! Значи има смисла...баш допрва можат и до негде очекувам такви работи да се случат....
Здраво на сите!Би сакала да ми протолкувате еден сон.Сонував како две змии ми беа во собата едната беше на таванот горе но падна и се бореше со другата змија ,а моето маче ја фати едната змија за вратот.Што би значело тоа Ви благодарам