Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Или поддршка од пријател или некое момче ќе бара твоја поддршка .
     
  2. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сонував еден, за мене, многу страшен сон :^) На нозете наместо влакненца имав коса :o :o долга коса и си ја тегнев :puke: ееееуууу. И велам страшен :!: оти косата мене ми е многу морбидна работа.
    :( Што би можело да значи чудово ?
     
  3. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Аман што ми се случува со сонов?
    Значи од мала од 6-7 години го сонувам. Не верувам дека пред некој ден ми се повтори. Од кога бев помала до сега може 8 или 9 пати го имам сонувано. Сонот е најобичен. Се наоѓам во овој град (Скопје), порано кога бев помала помалку места знаев и се наоѓав на некои места што не ги знаев ама тогаш знаев дека се наоѓаат во градов. Сама сум, предходно од сонот секогаш е различно така да не памтам што било порано и како што се шетам на тоа место со згради паркови (нели некоја населба од нашиве) и наеднаш се појавуваат толпа (огромна) од наркомани како ме бркаат. Значи со иглите во раце и ме бркаат. Споро трчам и од страните кога ќе застанувам и слично ми се појавуваат каде што ќе подзастанам од трчањето ми излегуваат од таму со насмеани со иглите. Порано во маалото (т.е. сеуште е жив како што знам) имаме еден наркоман да не му наведувам име можно е некој тука да живее или сл. и се плашевме сите од него, јас посебно, ми се имаат случувано разни работи со него, но тој не не плашеше воопшто он спрема нас беше океј настроен, ама нели ко деца страв ни беше ради поимот наркоман. Незнам дали заради него го сонувам сонов (бидејќи од кога бев помала кога ми се случуваа дешавки со него од тогаш го сонувам сонот). Ама океј тогаш што сонував, ама сега? Не го гледам човекот ни нишо, а потполно истиот сон ми се појави само различно место.

    Се извинувам што е малку подолго сакав да раскажам и да ми каже некој што се случува, што е со сонов, што значи?
     
  4. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Денес сонував како одам во кујна и гледам пред себе многу пити, и мислам дека и некои благи работи видов, и после како ја отварам рерната и вадам уште една испечена пита, и само се вртам го гледам брат ми како седнал да јаде, па му додавам и уште едно парче?????
     
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Што значи да му влезеш дома на комшијата,да не те види и да му го земеш чадорот? :D

    Ова го сонував.
     
  6. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    Мене ми се скрши огледало во сон.. Лошо е ?..
     
  7. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Сонував како ја најдов новагодишната елка цела искршена насекаде имаше искршени лампиони и незини делови :?: знае ли некој што значи ова?
     
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    По соновнициве барав Џуси ама има само дефинирање на огледало ,а тоа значи венчавање :)
     
  9. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Веќе два-три пати во рок од една недела некаде сонувам како носам штикли :D Што ќе му дојде тоа :) ?

    Еднаш, одам во високи штикли ама чизми и се шетам низ бутици :D, друг сон, го гледам бифшиот како се гушка со друга и автоматски се завртувам облечувам штиклите и си одам со нив :D
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.533
    Допаѓања:
    260.970
    Сонував нешто како не нападнале Албанциве, па за да се смират работите требало од Влада да вработат неколку луѓе македонци меѓу кои и јас. Другите сите били со книшка, а јас не, ме избрала асистентка, а платата била 400 евра :emo: .Ова не баш битно од сонот, ама при престелката сонував како на еден подалечен другар мајка му била убиена или грабната, сеуште не се знаело, и јас сум отишла кај него дома да го прашам како е, ама на другарот татко му е починат и имаа слика дома од него како за мртов човек, во рамка со црна трака, и сум му велела како е, на другарот мислам, а он не сакал да зборува за тоа. На татко ми сум му кажала жално, сега и мајка му ја нема.
    Инаку пред некој ден, ако не беше и вчера баш видов пост од него на фб и ми текна, и ете го во сон. Може и затоа да е сонот.
     
  11. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Што значи да сонуваш леб? Сонував како дедо ми и јас сме фрлиле леб, па после јас сум го земала едниот во раце и сум трчала со него :^)
     
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сите кажуваме кој што сонувал,ама објаснување никој не дава. :D

    Нема веза.

    Сонував како имало некоја вода, и јас и дечко ми сме газеле на парчиња некои, дрва, што знам што беа, за да поминеме,да не се удавиме. После тоа имало некоја ограда која требало да ја поминеме, и прво ја поминал тој,ми дал мене рака и сме ја поминале оградата...

    Па, ако има некој објаснување,нека пише...
     
  13. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Те гони некоја личност но на крај ке заврши со твој успех
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Ке слушнеш некоја радост
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Чуствуваш некоја опасност во твојот живот. Али сепак сом го сонуваш толку долго може да е и фобија
     
  16. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Маки
     
  17. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Благосостојба спрема братти
     
  18. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Ке имаш некоја помош
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Мои пријатели бегаа, само јас мирна стоев и ги гледав..
     
  20. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.195
    Сум задремала околу 1 часот, така непокриена, со пуштена ламба.
    Сега се штрекнав, пред 10тина минути и сонував нешто навистина чудно.
    Никогаш не сонувам, ретко, ретко, преретко!
    И никогаш не се случува да се разбудам од сон, барем мене не.

    Долг е сонов, ако некој се разбира нека ми пише лп.
    Благодарам.