http://www.360macedonia.com/macedonia/m ... ukva_ID=13 Коса: Фарбање на косата-повторување Обоена коса-ги лажете пријателите светла коса-веселба кафеава коса благосостојба
Сонував дека сум во Скопје и дека сме купувале нешто ама на отворено и татко ми платил и парите летнале од ветерот и потоа сум ги фатила ... Што значи ова ??
пари - зголемување на приходот ветер- голема кавга тоа што си ги фатила парите, надминување на тешкотиите
Во нашиот крај велат дека ако сонуваш пари, студено ти било вечерта А може да е и како што кажа Сноу-Куин
Па искрено студено ми беше. Се смрзнав А што значи да сонуваш дека ти дошло менструација. Спојлер до сега ми нема дојдено
Јас сакам да ве прашам за толкување на повеќе сонови сонував како јас на партнерот му подарувам торта а тој мене црно вино ,потоа сонував како сум носела пластични од оние кафени старски папучи кои ми биле неудобни на ногата и со нив не сум можела да трчам по партнерот па папучите ги заменив со нови чизми на една колешка од факултет и тие ми беа удобни и со нив можев да трчам ,и последниот сон што го сонував беа цреши ,мајка ми го подаде чиниче со цреши кога го земав во раката чиничето почнаа да ме полазуваат мравки,се исплашив и го испуштив чиничето .
Да сонуваш торта значи среќа во љубовта,а овошјето конкретно црешите задоволство.Папучите стари ја симболизираат твојата врска со партнерот,значи стара истрошена врска,во која ти не успеваш да се согласиш со партнерот.Новите чизми означуваат нова љубов,можеби се работи за некој кој ќе го запознаеш на факултет . Мравките значат некоја добивка.Се плашиш од нов почертокот во реалноста,затоа и си ја испуштила чинијата .Се надевам дека ти разјаснив нешто
jas sinoka sonuvav mnogu cuden son.Vo drzavata imalo nekoa vonredna sostoja pa zenite i decata ne nosele nekade ostanuvale po domovite samo mazjata i znam deka prvo dojdoa ja zemaa majka mi i ja bockaa so inekcii, potoa a snema sestra mi, i na kraj jas se kriev kaj decko mi pa vlegoa nasilno tamu probuvav da begam i da se krijam no ne uspeav me fatija i pamtam deka i mene mi stavia inekcija pocna da mi se vrti i se razbudiv. epten bev isplasena sto moze da znaci toa???
Дента да не си гледала некој филм II светска војна?Ако не си гледала,тогаш само за бегањето можам да ти кажам> грижи и тешкотии, а тоа што те фатиле на крај си западнала во големи сплетки.
сум сонувала како бившиот дошол кај мене и седеше со татко ми кажуваше дека не ме сака и не сака да биде со мене и после јас отидов во другата соба и се убив од плачење и он дојде и ме смируваше ко демек мора да се помирам со тоа..ај ве моламмммммммм кој знае да го протолкува нека ми пишее
Сонував два некако чудни сонови еден по друг Во првиот како во една голема куќа бевме јас мајка ми тетка ми и братучедка ми и јас бев облечена во венчаница ко демек сум требала свадба да праам и се шминкав и гледам надвор стои паркиран стар 101 украсен демек тоа била свадбената кола и нешо почнав да викам неможевте некоја поасална кола да најдете и одеднаш се појави еден дечко и почна да ме слика со мобилен и викав по мајка ми избркај го кој е овој зашто ме слика и се разбудив . Кога заспав сонував пак дека сум се спремала да идам на свадба кај некоја братучедка се облакав се средував правев фризура ама успаничена цела не ми излагаше нешто ко што трева и не успеав да стасам на време каснев и така во паника се разбудив ... Може ли некој ако знае да ми протолкува што значат соновиве ?
Бадемче Плачењето во сон е голема среќа Езелче НЕвеста значи дека ќе основаш семејство, или ако веќе го имаш ќе живееш долго и среќно со него Само толку знам http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/sonovnik.php
јас во последно време многу чудни работи сонувам пред некој ден сонував како братучетка ми е трудна и секој момент и било лошо а јас и баба ми качени на вториот спрат од куќата и незнам зошто не сме излегувале од вратата сме се симнувале по скала а ноќеска сонував 2 сона едниот е јас со 2 другарки на голем одмор сме се качиле на горниот спрат од школото и таму го сретнувам старата (преболена) љубов кака ми кажува дека ме сака потоа се разбудив (а мислам дека се разбудив на делот кога требаше да се бакнеме) а другиот сон е пак кај школото поточно во школскиот двор имало една проколната куќа ко демек таму живееле некои си девојки ако влезеш во куќата ќе те убијат ли незнам таму што и потоа испаѓа јас бремена од мојот другар (глупости сонувам) потоа влегуваме на час по историја ама тоа не бил баш час таму биле во училницата мајка му на другар ми и уште една жена и сега овој другар ми ја среќава наставничката по историја и и кажува дека сум бремена од него и сме отишле накај куќата (таа у школскиот двор ко демек проколната што е) и таму сме виделе (е сега незнам баш што сме виделе) и сме требале од задната врата на куќата да излеземе од предната врата на куќата и сме почнале да трчаме кон влезната врата и за малку ќе ме фателе тие да ме убијат во куќата додека сум трчала и после се разбудив знае ли некој што можат да значат овие три сона (ама стварно третиот сон е права глупост)
Минатата недела сонував огромен пајак, односно тарантула.. Го проверив значењето - кавга со пријателите кои ќе се сплеткарат против вас. И верувајте за 2 дена, се случи токму тоа! Пријателите кои мислев дека ми се блиски, почнаа да ме навредуваат, да се истураат на мене. Инаку кога сонувам дека со некого се карам, одма наредниот ден се разболувам. Незнам кај другите како е, ама ова го имам онака ептен забележано
Сонував како пешачам по стрмен асфалтиран пат по некоја планина и тоа во црвените ми високи штикли.. Се иискачувам по патот а околу мене жива душа немаше и од некаде се појави еден велосипедист и толку се разбудив Битно знам дека тешко ми беше во почетокот кога сфатив дека во штикли 16 цм. треба да пешачам на демек, долга релација по стрмен пат.
Значи синоќа сонував мислам дека едно 50 различни сона... ако знае некој значење на соновиве алал да ви е Прво сонував дека имам дечко, и тоа другарот на тој што го свиѓам моментално па сме се гушкале, сме оделе фатени за рака ова она... тоа па ич не можам да го сфатам како баш тој сонував дека ми е дечко. После нешо сонував како гледам од прозор кон небото кое беше полно со многу многу ѕвезди, ама на небото грееше и малку сонце и до него и полна месечина ... многу чудно Трето нешто сонував како сме славеле стара нова година ја и уште две мои најдобри другарки у кафана со едно друго друштво што бевме заедно на одмор во охрид, и од тогаш не сме искочиле заедно Сонував и нешо дека мајка ми имала фејсбук ама не ми кажува за тоа, ја случајно сум открила, била потпишана со друго име и имала многу слики ставано... после нешо сонував студентски дом, ама не ми текнува подетално што како беше забегав со соновиве дефинитивно
Бременост- болест/тежина Бакнежот, ако си се бакнала таа личност те лаже за нешто, а ако не си се бакнала-жалост Трчање- бегаш од проблеми
Пајак - точно,кавга со пријатели, но ако убиеш пајак тоа е добивка,колку поголем пајак толку поголема добивка Кавга (зависи со кого се караш,има различно значење)