Дечко - скоро ќе се мажиш (или ти или некој близок) Гушкање со личноста која ти се допаѓа/ја сакаш значи среќа Небо со ѕвезди-богато наследство Ѕвезди-ќе се вњубиш во некој постар од тебе Сонцето (малку греело)-караница со родителите Полна Месечина-неверство
ајде и јас да прашам што значи да сонуваш локум? т.е мажето мое имаше купено локум со кокос и кога го прашав зошто купил ми рече требало да почастиме некој?
Прстени-свадба, што повеќе прстени поголема среќа Алка-љубовен настан тоа што се златни-некој те смета за лоша
Сонвев некој неубав сон...Живеевме во сонот во некоја селска куќа на 2 спрата. Убава беше, но све старо и се гледаше, дека никој не е собирал прашина, пајажини... Во копатило на втор спрат одоздола на бојлерот имаше огромни пајаци со големи стомаци и дебели пајажини. Единиот пајак беше се усукал сам во своја пајажина и така си седеше. Се обидував да ги мавнам со метла, но ми бегаа. Вриштев од гадост и ужас (мразам пајаци, имам фобија). Кога слезнав на долниот кат видов през прозор, дека во селото (или градот, незнам што беше) има некоја ужасна епидемија-болест. Луѓето личеа и се движеа како зомбиња и болеста беше таква, што делови од телата им беа како изедени, изгорени, пример пола вилица се гледа, кожа и месо нема, или едното око исушено, или раката исушена цела, се гледаше само коска. Ја викаа по страшна болест од чума. Бевме заклучени во куќава,никој од фамилија да не се зарази. Куќата беше на такво место, што луѓето поминуваа од двете страни, како на средина на улицата беше. Наеднаш почнаа и низ куќата да поминуваат, но на нас не ни обрнуваа внимание. Просто си поминуваа болни луѓе, куцукајки или влечејки... Бев многу вознемирена и појдов во горнава куќа над нас. Таму имаше крава и кравар. Краварот беше здрав и ме прашаше што сакам во моментов. Јас кажав , дека сакам да избегам. Се качив на нешто, незнам што беше и како да полетев. Го гледав само небото и летав нагоре. Ме праша истиот глас на краварот што сакам сега, јас кажав, дека сакам да го видам Исус Христос. Тогава се појави еден триоголник на небото (а јас се уште одев нагоре, накај веќе појавениот триоголник) и во него се гледаше образот на Исус Христос. Беше млад, избричан (без брада) со коса долга до рамењата, леко виткана и се гледаше телото до лактите. Нешто зборуваше како во ехо, но ништо не можев да разберам...Одев накај него и така Мартин ме разбуди... Еве што најдов во интернет кое какво значи...: Пајак во пајажини-ќе се ослободам од лоши луѓе. Болест-долго здравје Крава-успех во работа или учение Летање во висина-колку по високо, толку по големи успеси. Триоголник-ќе бидеш лидер во својата работа Исус Христос-весела и лека старост Но некако не ги примам тие значанија посебни. Како поврзано, како што е сонот, имам чуството дека нешто ми подскажува ...Така посебните зборчиња едно можат да значат, а кога е целата историја во сонот ми гледа како друго да сака да ми каже. Незнам...се вознемирив кога се разбудив, не се чуствав расположена, како навистина да ми се е десило тоа, а не да е било сон... Што мислите вие? Можете ли да ми го протолкувате целиот сон, не посебно зборчињата?
Сонував еден сон, некако морничав.. додека го сонував не чувствував ништо, не ми беше воопшто страв ама сега се си мислам дека нешто ми претскажува. Значи требало да ми прават операција на очите и нормално не сум сакала да правам и сум викала еј кај баш сега, не сакам ама онака безволно, како да ми е досадно. После ми направиле и некоја девојка ми рекла ја направи ли операцијата и ме прашала зашто ти е крваво окото, и јас сум и рекла па од операцијата де. И после требало да ми прават уште една операција, на бубрези ли или незнам што ама не ми направија. Ве молам ако знае некој да ми го протолкува сонот, ама не од соновник на интернет, видов тоа и не ми изгледа нешто поврзано..
Ј.Ивановска,сонов кој што си го сонувала,има силна симболика за која мора да размислиш. Куќата те симболизира тебе и твојата позиција во моментот. Според сонот во моментов ти си на некое колебање околу некои аспекти од твојата личност во минатото,како и некои твои верувања од минатото. Како да ти се навраќаат и да се двоумиш околу нив дали се исправни,но најверојатно е тоа дека ти мораш нешто да промениш во својот концепт на дејствување и верување. Твоите насоки мора сериозно да се променат,како и твоите убедувања. Впрочем ти веќе и си почнала да ги менуваш природно,па сега како да се запрашуваш дали си верна на себе и твојата личност од минатото,но сепак ќе ти кажам дека не треба да се колебаш,промените кои ти се случиле всушност се должат на твоето созревање. Болните луѓе се надоврзуваат на претходното. Истото значење го имаат,со тоа што ти чувствуваш некој страв од нешто необјасниво и непотребно се самосожалуваш. На крајот (Исус и триаголникот) немој да бидеш престрога кон себе, никој не е совршен, но немој да запаѓаш во некои непотребни безизлезности,зошто имаш голем потенцијал ако веруваш повеќе во себе,ако ги престроиш твоите планови. Силен е сонов,има повеќе елементи,треба да го земеш предвид. Верувам дека си се исплашила,ама да знаеш дека ретко кој сон е предвидувачки,повеќе е одраз на нашите емоции и воопшто емотивна состојба и внатрешни аспирации.
лилит ми се допага твоето толкување на сонот на ј.ивановска ај те молам протолкувај го и мојот сон горе со прстените поздрав
Сонував дека се враќам од некаде со авион (мислам дека беше од Германија). Сме биле групно преку некоја организација и сум го дала пасошот на одговорната и таа ми го изгубила. И цела вечер го барав пасошот низ некои соби во авионот
Незнам што ми стана, ама почнав да сонувам како се руши сетов, и откако ќе станам не заспивам после! И сакам да прашам нешто, што значи ако некој ваш близок роднина што е жив го сонувате како умрел? Некои луѓе ми реакоа дека значело дека нешто добро ќе му се случи, а вие што мислите?
Сонував како пред врата дошле две кучиња.Едното било бело,едното црно.Белото сакало да влезе,но брат ми ја бутнал вратата и белото кученце го убил.(Белото куче ми е комшиско,нонстоп ме лае,мн. го мразам Што би можело да значи сонов ?
Јас сонував дека сум родила бебе, девојче. Заначи не сонував како дошла на свет едноставно ја имав дома и не бев нешто превозбудена, нормално ми беше како навикната да сум на ситуацијата
црно куче- лажно пријателство бело куче - пријатно познанство куче што лае - убави вести тоа што брат ти го убил кучето може да значи кавга со пријаели
ако си го сонувала чинот на пораѓање , ќе имаш некое болно искуство ако не си го сонувала, ќе маш олеснување од некоја мака,тежина,проблем бебе е новост,(девојче) е исто така убаво,веселба,радост,среќа
Сонував дека сум била да пробувам фустан за матура. Сакав кус да си купам, ама најдов еден црн долг со циркони на него и го пробав и убаво ми стоеше. Некој?
убав фустан што тебе ти се допаѓал - значи решавање на проблемот/ситуацијата во која моментално се наоѓаш купување на фустан - неочекувани гости или смирување со некој непријател нов фустан - нова љубов црн фустан - ќа тагуваш за нешто (недај боже смртен случај)
Луѓе помагајте. Јас сонував дека сум посвоена и мојата мајка се појавила ми рекла јас сум ти вистинска мајка . Што значи тоа ? Колку ми е страв ...
тоа значи дека не си посвоена и може да имаш некој мал проблем со непозната жена малку внимавај и нема никаква опасност