За сите оние кои имаат кошмари овие денови да не се секираат бидејќи овие денови се крстени денови и можно е некој мртов да ви дојде на сон или да сонувате нешто лошо и јас овие денови сонувам некои лоши сонови, затоа не се секирајте.
Е баш убаво, ме усреќи многу. Не сонував мртви, ама вечер може и ќе сонувам откако го прочитав ова. Иначе..Сонував како стојам со еден бивши, врнеше дожд. Јас држев чадор и почна да дува ветер и ме оддува од таму. Одлетав на друго место. Spoiler Не ми се смејте! Можеше да биде и метла наместо чадор, ќе беше поинтересно. Ама не. Некој?
Исус е роден на 7 а е крстен на 19 Јануари и овие 13 дена се сметаат за НЕ крстени, се верува дека духовите на мртвите можаат слободно да се движаат помеѓу живите, колку е точно ово верување незнам важно знам дека деновите се НЕ крстени, а никако крстени.
Има ли некакво значење ако се сонува како некој те киднапира или пак некој некого држи како заложници? Се нешто вакви работи сонувам, како ме киднапирал некој па сум бегала, па и такви како што споменав со заложници.Што не сонувам веќе филмови а ова со киднапирањево не е резултат од многу гледање филмови да напоменам Мртовец сум сонувала :geek: ама незнам кое е значењето, ми имаат речено дека ако се сонува, треба да се отиде во црква, незнам
Тоа со мртовецот,мене ми имаат кажано дека ако сонуваш мртовец тоа значи долг живот за тој што си го сонувала мртов.
Не, мислев на некој што веќе починал, значи личноста што починала, јас после долг период ја сонувам, не мислев за тоа да сонувам некој како умрел.
Јас сонував дека сум убила човек со пиштол, што значи тоа? И после кога дојде полиција, случајно го допрев за пулсот и видов дека се уште е жив, па го однесоа в болница после, и така јас се спасив. И друг сон, бев во едно езерце, ама многу беше валкано Само ве молам ако знае некој нека ми каже, не да ми копирате од соновниците по нетов
Информацииве од прва рака,блиски до изворот баба ми толкувач прва класа. Пиштолот е глас, а доколку сонуваш валкана вода или матна не е убаво за тебе,само тоа таа го кажува.
Сонував дека бегам од некојси што сакал да ме киднапира,па рипав низ прозорци,цело време трчав,за на крај да дознаам дека тој што сакал да ме киднапира уствари бил дечко ми,за да ги уценува моиве за да добие пари?
Сонував дека шетам низ град со една професорка. Влегуваме во една продавница за бижутерија, наводно таа да купи нешто. Јас разгледував нешто, и кога се свртив, гледам професорката ми купила шарпа, беше многу убава и скапа, убаво ја паметам, кафеава со златни синџирчина на неа, преубаво стоеше... знае ли некој што значи да добиеш ваков подарок?
Језиво е. Сонував како сум била со моите кај некој на гости(пријатели)..но не сме им се најавиле.И кога сме отишле пред зграда сме ги виделе луѓето како стојат пред влезот а пред нив мртовечка кола со сандак во неа(иначе они имале дете кое било болно)..и ние сме ги прашале што е работата и они ни кажале дека им починало детето и не викнале да се качиме горе во станот..кога сме влегле.значи имало долг а тесен ходник а право била дневната а немало врата..и фактички кога седиш на каучот гледаш во ходникот..ѕидовите во ходникот биле црни,а доле покрај џидовите имало пловки свеќи и го осветлувале ходникот..а светлата биле изгасени..и наенаш на црниот џид поминал бел душ и жената рекла,еве ни го синот..и се разбудив. иначе луѓето не ги познаваме..т.е во сонот сме ги познавале но во живо не. :/
моментално илмаш или ќе имаш некој грижи и тешкотии во врска со дечко ти ако на сонот не си успеала да избегаш т.е. те фатил, во големи сплетки ќе западнеш - биди внимателна