Тоа што си добила подарок, значи подобрување на моменталната ситуација.Сте влегле во бижутерница, бижутерија е симбол на нереалност, а тоа што ти купила, биди внимателна можно е да те наместат за некоја нечесна работа. П.С. неможев да сватам, дали навистина било златно или како боја златно.Ако мислш баш на златно, внимавај во некоја ситуација ќе бидеш осрамотена.
Сонував завчера како сум била со керка ми во една кука убаво уредена и имало мнооогу соби. Сум одела од една во друга соба со цел да излезам од куката но никаде немало врата за излез.. и сум се нервирала цело време леле ке ме чекаат дома многу се задржав итн кој знае дали има некое значење сонов
Јас секоја вечер го сонувам бифшиот како ме моли да се смириме..Аман од овај сон смачено ми е.Можи ќе речите мислам на него ами како не се отепав од мислење Што можи да значи?
Сонов цел го запамтив... Прво почнува како јас идам на автобуска, си чекам автобус и на автобускава сретнувам еден другар, (кој ми се свиѓаше на почетокот кога го запознав, но го немав видено едно 5 месеци, и пред некој ден се видовме на излагање и си попраивме муабет) и сеа во сонов си чекаме автобус, си праиме муабет, се смееме, се гушкаме, и така долго време, а и на двајцата ни поминале автобусите ама не се качуваме, и после редно време беше да се качам во автобус, и во автобусов си ги сретнувам најдобрите другарки и се симнуваме во центар.. бевме 4 другарки и бараме место за да седнеме на кафе, и идеме накај ГТЦ и таму негде кај портата се дешава некоја свадба и некако ние се најдовме таму сред свадбата и ги гледавме младоженците како минуваат низ портата и се сликаат, дури и некако не однесоа на местото каде што славеле у некоја кафана, ама брзо сме си отишле од таму... и уште бараме кафич за да седнеме... и сеа ова малце ќе нема смисла, нешо сме поминувале со другарки низ едно темно место каде што не смеело да се поминува и не фаќа полиција, па со пиштоли вперени накај нас, а ние со кренати раце... и незз што незз како полицијава не пушта и сеа идеме покрај кеј, ама наместо Вардар имало море и онака ептен разбранувано... многу високи бранови удирале и целите бевме мокри, дури и пливавме за да се спасиме... и после некое време се тргнавме од таму ама останавме само јас и уште една другарка, другите две ни се изгубиле, ама после ни се јавија по моб и се разбудив Што значење може да има сонов?
се само цитирав да ви кажам дека сонот ми излезе од то што најмногу се плашев имавме погреб по 1 недела одкако го сонував ... сестрами пред 2 год. сонува сон кај што и паѓа забот и умре еден од фамилијата и и мојот исто излезе ... :'(
Сонувањето на бебе, многумина го толкуваат како доаѓање на период на сиромаштија/грижи. Но во суштина зависи од контекстот на сонот, ако во лоша смисла си го сонувала, како терет или било што слично,може да значи за наговестување на таков период. Но доколку си го сонувала во радост,среќа...тогаш значи некоја новост во твојот живот,дали нова идеа,нова работа, нова вест која ќе го смени твојот тек на живот кон подобро....
Се верува дека секогаш кога го сонуваш бившиот, тој таа вечер мислел на тебе.Друго нешто да има некое посебно значење нема. Дури научницете велат дека е тоа некој вид на телепатија.
нонстоп еден ист сон сонувам,само скали по кои се качувам и симнувам и пак се качувам,во различни нови и стари куќи и згради. често ја сонувам баба м и која е веќе три години почината сигурно зошто ми недостиа,синоќа со неа во воз сме оделе за србија,словенија и германија смешки бевме што би можело ова да значи,или е само мојата потсвест?
Често сонувам, понекогаш соновите имаат значење понекогаш не... но секогаш кога сонувам некој језив така малку хорор сон секогаш тоа се случува на истото место ( во дворот на моја роднина која живее блиску до мене ) само дејствието и луѓето што се појавуваат се различни... како да си го објаснам ова ? Постојано се повторува ... јез да околината околу нејзината куќа е малку језива.. има 3 напуштени куќи наоколу ама сепак не знам зошто токму лошите сонови ( да не речам кошмари ) се поврзани со тој имот
ми требаше шише,и побарав од него(а бевме во училиште,а тој веќе не оди на училиште ) и тој ми даде,јас сакав да го бакнам во образ но тој се потргна и тап,во уста дај ве молам кажете ми што значи....
Епа вака овој сон ми се има случено да го сонувам неколку пати - сум била во викендица со мајка ми , и наеднаш ја снемало а се појавиле неколку врати и јас влегувам во непознатите врати и се како што влегувам , сум се појавила ВО езерото - како да паѓам од небо , ама езерото не било убаво туку било сето црно со крв и со исечени глави а немало излез тоа било како река те води некаде , и потоа идел водопад јас да се фатам за нешто сум се фатила за глава и премногу сум се исплашила , па сум паднала во водопадот и сум летнала некаде во облаците па пак сум дошла до вратите . - и станав , навистина нема логика сонов
Сум сонувала како сум требала да одам на некое патување и со куферите сум чекала на станица .. не сум видела убаво и наместо да се качам во автобус број 22 сум се качила во 2-ка. Каде што поминувал автобусот местото не ми било познато и сум почнала да плачам, палчам ..сум била многу исплашена и после сум сфатила дека сум се качила во погрешен автобус. Цело време сум плачела и сум и се јавила на мајка ми и сум и рекла дека сум изгубена. Пред да станам на седиштето до мене сум видела новчаник и сум сакала да го земам , но само сум го отворила и повторно сум го оставила на седиштето. Што би можело ова да значи?? Инаку кога станав од креветот целата бев испотена...најверојатно од страв
Сонував како сум била облечена во пижами и со другарки се биле на маскенбал(маскембал) али јас сум го заборавила мобилниот дома и сум се враќала да го земам..и кучето сум го земала и сум го носела во раце и кога конечно дојдов до центар видов дека сум му го заборавила каивчето за шетање и сум го носела во раце цело врееме...наишла една другарка на другарка ми(на здраво,здраво сме) и ме клоцнала без врска многу силно и стварно многу ме заболи..и на крај сме решила да си идеме дома али јас сум ја утнала автобуската.. :/ и конечно се вратив дома само не ми текнува дали кучето беше со мене :/ што значи ?
Скалилата се симпол на угорница,тешко остварување на нештата,но постојаното сонување на искачување, значи дека со сигурност ќе си ја оствариш целта. тоа што си ја сонувала баба ти,значи дека после некоја тага некој лош период набрзо ќе дојде подобар. п.с. ако си верник отиди во црква запали и свеќа