Пазар, те очекуваат возбудливи настани Сонување на непознато момче значи дека наскоро ќе се мажиш Гушкање - колку подолго, поискрено гусшкање толку поголема среќа Тоа и не е така лош сон, се вели колку повеќе ги има толку повеќе пари ти следат во следниов период.
Не зезај, па да играм лото тогаш, зашто ова беа ептен многу Кај го најде толкувањево, јас на ниедна страна со соновници не го најдов, ниту на г-гомно ниту на и-измет, ама не сум побарала на л-лајно
Незнам што е работата, ама 2 пати по ред, сонувам исти сона. Некои викаат, ако сонуваш ист сон 3 пати, ќе ти се исполни. Не беше баш ист сонот. Ама, индентични се. Сонував како цела моја населба, на секое метро, има поставено хаски, и персиски мачки, ама со огромни влакна. И како јас само бегам, неможам ни во еден влез да се скријам, и многу ми беше страв. Или таман ќе си помислам дека сум се скрила негде, ме обколуваат кучиња и мачки. Можеби звучи глупаво, но многу ми е страв, кога го сонувам тој сон..
кучињата ти симболизира дека имаш многу добри пријатели околу тебе а мачките ти симболизираат дека во скоро време ќе потрошиш многу пари (можеби на некој пријател за подарок)
Јас сонував како стојам кај мене во маало,од едната страна каде што стојам имало како океан-езеро,над мене летале јато од птици и јас се вртев во круг,така многу среќна и кога отворив очи кола помина покрај мене забрзана и можеше да ме згази,а од друга страна пак ако нагло ја избегнев ќе паднев во океанот и многу се исплашив.Онака се разбудив преплашена и срцено многу ми чукаше.. Ако знае некој што значи
Ноќеска сум сонувала како сме играле против Данска, и Данците победиле, ние сме биле ептен разочарани.. Да не се урочиме хахаха, ама ова значи.... Хм Хм..
Бев на пуст остров со дечко ми и група луѓе,кои организираа групи за истражување на островов,да не речам авантури. И почна олуја,и ние требаше да се искачиме на една карпа,демек горе најсигурно било. И се качувавме,се влечевме и кога стигнавме горе што да видам. Еден поглед - сон, мирно море,зајдисонце и дечко ми ме гушна и после се смени сонов,почна друго небитно. ?
А што значи ако сонувам еден куп железни пари сум имала многу во ташната за на училиште што ми е. И што значи,ако сонуваш како некој те прогонува за да те убие,такво нешто сонував,некоја си нова верзија на петок 13,оти таков страшен тип ме прогонуваше,ама на крај го победив А да,и реченицава на крајот од сонот што ми ја рече типов беше:Ајде,признај си дека и ти сакаш некого да убиеш,само признај Spoiler Понекогаш имам ептен откачени соништа
Што значи да сонуваш волци во домот? Така преполно волци да ти се шетаат и се како што се плашиш тие се поголеми и поголеми стануваат ?
Сонувам често...и некои сонови ми се имаат остварено а понекогаш сонувам дури и личности кои не ги познавам
Сонував како со мојата другарка сме некаде надвор, имаше многу снег, ама не врнеше и демек се мававме со топки, јас направив една топка ја фрлив ама не ја погодив, а позади мене едно момче ме следеше. Потоа сум влегла некаде внатре, и веднаш седнав до некој шпорет и видов од стаклото запален оган, така не беше многу голем, и само што седнав почувствував топлина. Само се вртам одеднаш и гледам влакна на нешто метално, и знаев дека се мои и почнав да ги тргам???? Исто сонував и како си купувам бурек.
Што значи, луѓе кои не се баш убави во сон да се разубават, со сини очи и слично? А што значи да сонуваш како пиеш црвено вино и леб? Не се работи за исти сон.
Ќе доживееш многу неизвесности со пријателката со која си шетала.Внимавај да не впаднете во некое искушение.По извесен време ќе имаш среќа во животот, и ќе стекнеш одредена безгрижност. разубавување на чуѓе - несреќа...по извесен период среќа сини очи- страсна љубов/некој тајно те сака црно вино-убава иднина леб-наскоро радост
Сонував како маж ми ми се исповедува и ми кажува дека ме изневерил со три жени почна да ми се фали јас неможев тоа да го истрпам почнавме да се караме во сонов ке се остававме него му беше гајле се однесуваше ко ниѓто да не се случило ја детето си го земав он никако не реагираше плачев неможев да се разбудам од сонов.. Знае е ли некој што значи.
ќе имаш одредена грижа во скора иднина, ќе доживееш одредено неверство(но не прељуба,туку губење на доверба), и тоа три пати 9може три случки,од три различни луѓе...) Разделбата е всушност неочекувана средба, а колку повеќе си плачела толку повеќе ќе бидеш среќна.